Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Во портфолио ставени 20-тина комада ТНБ, го отворив пазарниот ден денес. Благодарносто до @M.Marlon за листата.

Да си купам TNB? :rolleyes:

Дури се мислиш ќе помине дивидендниот пресек професоре. :свиркам:
 
Нов влог или "преструктуирање" ??
 
Koga e dividendniot presek za TNB?
 
Следниот петок,19-ти мај, е последен ден со право на дивиденда.
 
Убав влог е 20 акции.

За мои можности е добар влог, само ги купив малку скапичко, се надевам до утре нема да ме фати buyers remorse. Уште ги немам платено :D

Колку години активно тргуваш на берза

Не многу, 5-6 години, барем споредено со стварно искусни играчи што ги има на темава.
 
Fala Branchez,jas ke pocekam nekoj den da splasne malku euforijata okolu Q1, pa ke dopolnam uste nekoja acija,a nesto i posle dividenden presek ke kupam.
 
Некој го спомна Базел3 што треба да се доимплементира во 2018, за ТНБ нема ризик бидејќи се со 11.75% адекватост и теоретски можат целата добивка да ја исплатат како дивиденда (иако реално тоа ќе биде 50-60%). КМБ има 10.5% адекватност и е на граница, ама според регулативата и да падне нешто под прагот ќе може да подели 60% дивиденда од добивката, што горе-доле го правеа и до сега.

Ова е од НБРМ:
Банката којашто нема доволен износ на редовен основен капитал за покривање на вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот (односот помеѓу вишокот на редовниот основен капитал и вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот е помал од 100%), е ограничена во однос на максималниот износ на распределба на резултатот од работењето (добивката), и тоа:
- не смее да изврши распределба на резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е помал или еднаков на 25% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;
- може да распредели 20% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 25%, но помал или еднаков на 50% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;
- може да распредели 40% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 50%, но помал или еднаков на 75% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;
- може да распредели 60% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 75%, но помал од 100% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;
- нема ограничување на распределбата, доколку вишокот на редовниот основен капитал е еднаков или поголем од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот.
 
Што е со стартот на КМБ
 
Молба за M.Marlon ако не му е тешко за стб и пкб да пушти bid\ask . Може и пп
 
Молба за M.Marlon ако не му е тешко за стб и пкб да пушти bid\ask . Може и пп
STB:
Код:
Купување...       Продавање...
Количина Цена     Цена Количина
 65    927,00     949,00    250
 34    926,00     950,00    823
 80    921,00     960,00    250
500    911,00     968,00    300
700    901,00     970,00    987
PKB:
Код:
Купување...          Продавање...
Количина    Цена     Цена   Количина
                     13.500,00    33
                     15.000,00    44
 
Има ли некој информација дали е префрлена девиденда од Комерцијална?
Благодарам
 
Сеуште нема, барем нема кај мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom