Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Туку, што беше ова со КМБ денес?
 
НЛБ Банка АД Скопје известува дека неревидираниот неконсолидиран Биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 година, како и Образложението за промените во финансискиот резултат, ќе бидат објавени на СЕИ Нет на 08.05.2017 година.
----

Со оглед дека деновиве се подоправи цената очекувам послаб од лани, но пристоен извештај, околу 200-250 милиони денари тромесечна добивка.

Стопанска добива сериозна конкуренција, сега да видиме што ке извадат они.
 
Стопанска добива сериозна конкуренција, сега да видиме што ке извадат они.
Овој спектакуларен резултат е поради фантастичната корекција од над 170м денари кај исправката на вредност во однос на првиот квартал лани. Остатокот ако може да се каже 10% пораст од ланскиот резултат за мене е очекуван.
 
Овој спектакуларен резултат е поради фантастичната корекција од над 170м денари кај исправката на вредност во однос на првиот квартал лани. Остатокот ако може да се каже 10% пораст од ланскиот резултат за мене е очекуван.
Така е. Баш таа исправка косата ми ја исправа кај резултатите, зошто може да ја истопи целата добивка тукутака. Почнувајки од извештајот за 2016, ТНБ или ја промени пресметката, или веќе нема што, или неможе веќе да се исправа.
Исправка кај ТНБ:
2016 -349,432
2015 -984,447
2014 -901,424
2013 -543,997
2012 -619,308
Со кварталниов вели дека натаму е нормално да очекуваме исправката да биде мала.
Се радувам бидејки така директно и добивката е поголема, па и дивидендата. :)[DOUBLEPOST=1494283822][/DOUBLEPOST]Еве ја спомнавме и СТБ, исправки
2016 -490,974
2015 -510,231
2014 -631,950
2013 -891,181
2012 -1,039,086
очигледно и тука трендот е убав, да видиме кварталниот.[DOUBLEPOST=1494284174][/DOUBLEPOST]Чисто за споредба, како таа треба да изгледа кај една „стегната“ банка, OHB:
2016 -345,798
2015 -274,078
2014 -216,483
2013 -246,608
2012 -203,753
кикс во 2016, но сепак мал и предвидлив.

Сите 3 спомнати имаат cca 10% пораст на приходите од камати секоја година, кои се и одлични сами по себе, но со исправките кај првите 2 се истопуваше успехот.
 
Последно уредено:
Ако гледаме според големина,во апсолутни бројки,мене нај "лабаво" ми изгледа кај ОХБ,што е и логично кога се "брка" поагресивен раст.
 
Да објаснам „стегната“ и „киксот“.
Мене ми е OHB (а всушност мислев предвидлива) гледајки го односот на исправката и приходот од камати, како доминантна ставка во приходите:
Код:
       OHB   TNB   STB
2016  -30%  -13%  -13%
2015  -28%  -40%  -15%
2014  -25%  -45%  -20%
2013  -31%  -30%  -32%
2012  -28%  -31%  -40%
Според табелава OHB ми е најпредвидлива.
TNB или лета горе долу, или 2014 и 2015 знаеле и почнале да се спремаат за продажба отпишувајки се и сешто за 2016 и 2017 да бидат топ.
STB малку ја затанчија работата, па изгледа ќе исплива некоја поголема исправка понатаму.
Лично сметам дека до -30% однос исправка/камати е, ајде во ред, за банка која расте агресивно. Кај OHB мислев дека ќе биде -25% за 2016, оттаму и „киксот“.
 
Последно уредено:
Малку е заебано со ова отписиве, сѐ зависи од тоа кој какви обезбедувања има. Дел од овие отписи ќе се враќаат назад во билансите од кога ќе се продадат.
Ние не може да видиме кој какви обезбедувања има од извештаите.
 
Лани вака почна Уни и целата година си ја заврши со минимален отпис.
 
Последен ден дечки за дивиденда кај BESK и TEL, кој сака да се отресе или купи.
BESK 9% нето профит на 13.000, TEL 5% на 255.

На отварање TNB се почисти до 10.700, па сега до 10.900.
 
Последно уредено:
Има некој обазложение на што се должи зголемената добивка на РЕПЛЕК во Q1 за 76%?
 
Има некој обазложение на што се должи зголемената добивка на РЕПЛЕК во Q1 за 76%?
Добредојде професоре!
Вака од око 17 мил повеќе во „Приходи од вложувања, заеми и камати и курсни разлики“ кај Реплек.
Во консолидиран „Приходи од продажба на странски пазар“ некоја ќерка остварила +47 мил.
Пак од око, она што го работат ко фирма паднало, а ќерките фирми го изеле профитот.
Некој поупатен подобро ќе го објасни.
 
Последно уредено:
Ако може некој да постира ask/bid за TNB?:cuc:
 
Добредојде професоре!
Вака од око 17 мил повеќе во „Приходи од вложувања, заеми и камати и курсни разлики“ кај Реплек.
Во консолидиран „Приходи од продажба на странски пазар“ некоја ќерка остварила +47 мил.
Пак од око, она што го работат ко фирма паднало, а ќерките фирми го изеле профитот.
Некој поупатен подобро ќе го објасни.

Само за добро да е!

Мислев дека има некој на форумов кој е во тек со фирмите ќерки, како и да е, ми го потврди она што и јас го мислев. Фала

П.С. Да си купам TNB? :rolleyes:
 
Пелагонија беше доста заглавена во кредити нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom