Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може ова да го објасниш? Што требало порано? Што е магијата?
Право да ти кажам ни јас не разбрав многу кога ми го објаснуваа ова.
Во годишните ја правам таа точка 12 иста, па ми е работењево на банкиве полесно за споредба.
 
Право да ти кажам ни јас не разбрав многу кога ми го објаснуваа ова.
Во годишните ја правам таа точка 12 иста, па ми е работењево на банкиве полесно за споредба.
Ако нешто не си разбрал не би било во ред да го споделуваш како мислење кај што некој одлучува што со своите пари.
 
Ако нешто не си разбрал не би било во ред да го споделуваш како мислење кај што некој одлучува што со своите пари.
Мислам дека забелешката ти е на место.
Мое мислење, кое што го споделив, е тоа.
Тој што одлучува со своите пари, според мене, добро треба да ја погледне таа исправка и да си одлучи сам.
 
Како тргнала работата телеком ќе стане пени сток :)
 
Како тргнала работата телеком ќе стане пени сток :)

Тоа значи ситна боранија ?

Ако значи тоа, не би било никакво изненадување, услугите им се тапа и покрај новата оптичка телекомуникациска мрежа со која можат да нудат 10 пати подобри услуги од сегашните, а кога ќе имаат посовремена опрема преку истата оптичка телекомуникациска мрежа ќе можат да нудат и 100 пати подобри услуги од сегашните.

Но претходно мора да се направат нови чистки, секоја година редовно испраќаат понуди за вработени кои би прифатиле да си заминат од работните места во замена за отпремнина. Во октомври 2016/ноември 2016 понудата беше нешто над 20.000 евра за секој кој е на возраст од 50 години или повеќе, кој би прифатил да си замине заклучно со 31 декември 2016. Малкумина ја прифатија понудата, па направија исклучок и дозволија и вработени кои се блиску до 50 години - 47, 48, 49 годишни, да си заминат, со малку пониска отпремнина.

Телевизиската понуда им е тапа наспроти телевизиската понуда на кабелските и дигиталните оператори, но сигурно ќе проработат на подобрување на телевизиската понуда оваа 2017 година, не бидејќи така сакаат, туку бидејќи така мораат, не сме сите навлечени на Арена Спорт каналите за да одлучиме да користиме MaxTV, некои како мене на пример, повеќе ме интересираат музичките и филмските канали.
 
Мал проблем е тоа со телевизијата, големиот проблем е што Телеком години наназад е партиско дувло за швалерки и пријатели на властодршците. Ако не се лажам стигнаа пак и до 2000 вработени. А и давањето на баслосумни пари за „реклама“ на Филип Втори Т мобиле арена.
 
Таа реклама си ја има стокмено Дојче телеком, за да се изрекламира во цел свет со наши пари!
 
Ништо од горенаведеното нема да се оправи додека државата има огромен удел во компанијата.
 
Ништо од горенаведеното нема да се оправи додека државата има огромен удел во компанијата.

На мене не ми е јасно што чекаат швабите за да го продадат својот мнозински дел, после 17 години сигурно веќе им станало јасно како функционираат работите во Македонија, а државата најверојатно никогаш нема да го продаде својот дел бидејќи со тој дел од дивидендата го полни буџетот.

Ако после 17 години со мнозински дел од компанијата сеуште не успеале да ја трансформираат во современа приватна компанија, тогаш нека си го продадат својот дел.

Барем идните вработени ќе знаат дека си имаат работа со партиска компанија наместо да негуваат надеж дека ќе бидат вработени поради своето образование и своите професионални квалификации.
 
Pa pozitivno ako gledame, najubavo e da se kupuva ddeka e penny ... i taman koga kje odlucat da se prodava da se kjari, negledam nisto loso vo toa.
:)

На мене не ми е јасно што чекаат швабите за да го продадат својот мнозински дел, после 17 години сигурно веќе им станало јасно како функционираат работите во Македонија, а државата најверојатно никогаш нема да го продаде својот дел бидејќи со тој дел од дивидендата го полни буџетот.

Ако после 17 години со мнозински дел од компанијата сеуште не успеале да ја трансформираат во современа приватна компанија, тогаш нека си го продадат својот дел.

Барем идните вработени ќе знаат дека си имаат работа со партиска компанија наместо да негуваат надеж дека ќе бидат вработени поради своето образование и своите професионални квалификации.
 
и тоа ако разбрав добро од добивката до 2008ма година :aplauz:

Тоа е точно, ама како што разбравме подоцна во денот од новата добивка се почастиле Минчо и компанија со 20% како надоместок за успешната работа.
 
Ме интересира дали сметате дека овој период цените се поволни за купување или подобро би било да се почека мај
 
Ме интересира дали сметате дека овој период цените се поволни за купување или подобро би било да се почека мај
Зависи за кои акции, некои имаат пресек април, некои мај, некои се ОК, некои тапа.
За нови неуки инвеститори, мислам прв влез на берза, не е баш добар периодов за купување.
Ако баш мора да се купи, препорачувам првин муабет со финансиски советник, не е скапо, а помага. (има во повеќето брокерски куќи)

Додека за постоечките инвеститори, пролет е период на чистење, продаваш лошите, купуваш добрите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom