Фудбалски турнир на фан клубови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Веќе подолго време во фан клубот Ливерпул Македонија се крчка една идеја за организација на турнирче во фудбал на сите постоечки фан клубови во Македонија. Засега се е само идеја без никаков конкретен план. Идејата е заедничко дружење, фудбал, пиво, жени и сите пропратни работи што идат со фудбалот:)))
Крај на мај почеток на јуни би бил идеален термин. Форматот накнадно ќе се определи.
Што мислите за идејава, ако има заинтересираност можеме да се организираме..
 
I'm in

Ќе пробам да организирам луѓе од Арсенал фан клуб и така имаме состанок за некој ден ќе го ставам на дневен ред ова.
 
^ Исто ко Топче, и јас ќе ги известам ѓаволите. Може и по двајца претставници од секој фан клуб во Сагер средба :D
 
Наредниве 10 дена нека биде се на дискусија. Колку фан клубови би се собрале, дали по еден или по два тима да има секој фан клуб, многу битно на кој терен ќе се игра, дали ке се плаќа за влез во турниорот. трошоци да се пресметаат коишто би биле само за терен и евентуално некое пехарче за победникот.
Мислам дека би било многу интересно ривалството од дискусии да го пренесеме на терен.
 
Интересна работа, добра ви е идејава. Само немојте да ги ставате фан клуб Реал против фан клуб Барса бидејќи ќе се исколат. xD
За фудбал играње сум ко со две леви ама можам Калу да изигравам. :P
 
Имаше ваква идеја пред некое време да се организира нешто како турнир меѓу фан клубо.
Но мислам дека ништо не бидна од тоа,се надевам ова ќе успее.(y)
 
Ќе се испотепаме бе кое играње кои бакрачи :icon_lol: поарно на пиво да седнеме да се начукаме ко луѓе па кој преживее ќе збори :icon_mrgr: во секој случај топ идеја, ја подржувам со двеве...раце.
 
Зашто баш би било интересно да има дуел фанови на Манчестер против Ливерпул или на Рњеал против Барса:))))
А за тепање секој ке си ги контролира лудаците во свој тим, и ние ги иаме:)
 
Ние навивачите на Рома неможеме една екипа да направиме :place:
 
Веќе имаше една таква тема. Нормално не доживеа успех
 
Веќе имаше една таква тема. Нормално не доживеа успех

Розо моја како да доживее успех, кога ти си се пријавил, досега за Ливерпул се што си се пријавил не си дошол:)
Овојпат гарантирам дека ке доживее успех, малце организација и сериозност треба, се што не е сериозно у старт ке биде избацено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom