6 начини да спречите дијабетес пред тој да се појави

Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Козметичка е, на панкреасот му е исто дали е бел или жолт шеќер и двата се сахароза, едниот има нешто минерали другиот ги нема ама во суштина и двата исто штетно делуваат.
Па може да се рече дека е козметичка и точно е тоа што кажа дека на Панкреасот ми е сеедно,но проблемот е што со внесување на Кафеав Шеќер му помагаш на организмот од причина што го храниш со биолошки активни компоненти како што се Витамини и Минерали кои се еценцијално потребни за организмот,не сите оти може да ги синтетизира некои од Витамините преку Про Витамини,но му даваш Минерали кои се многу важни.
Корисноста од Кафеав Шеќер е што при долгогодишно консумирање го храниш организмот,му помагаш да биде повитален со помош на Витаминскиот и Минерален дел од Меласата,додека од Бел Шеќер имаш само енергетска корист и никакви бенефиции од типот да биолошки вредни компоненти внесуваш во органзимот.Користењето на Кафеав Шеќер според мене е многу важно од причина што вршиш некој баланс на штетно со корисно при негова употреба,додека со Белиот Шеќер немаш корист,само штета.
Чаре за дијабетичарите е само Фруктозата или Овошниот шеќер,го има и е малку поскап,но кога ќе се земе количински колку троши еден нормален потрошувач не е ептен скапо,во просек 5-6 кг а може и помалку се троши шеќер годишно по човек,за чист шеќер ова,така да се трпи некако.

Единствен спас за заболени од Дијабетис покрај примањето на Инсулин и конзумирањето на минимум Шеќер е враќање на функцијата на Панкреасот,нема друго.Колку е успешно тоа е друго прашање.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Нема никаква корист од бел или жолт шеќер туку само штета со тоа што здрав панкреас до одреден степен толерира такво ѓубре додека слаб панкреас или тие со латентен шеќер брзо ќе си осетат последици. Да не зборам дека зголемен шеќер во крв (што секогаш се случува после консумирање на таков шеќер) го заслабнува имунитетот. Дека и Кандида Албиканс еднакво „ужива“ на двата шеќера е исто познат факт.

Секој што се бави со профи спорт знае дека треба да го избегава најмногу што може.

Тоа за минералите не е точно, кои минерали ќе ги добијам што не ги добивам без штета од свежи салати од зеленчук, морков, цвекло, пашканат, целер, патлиџан, краставица и ајде да не редам понатаму, листата е предолга.

Ајде да земеме аспартам ќе му додадеме минерали и ќе го прогласиме за корисен, се чудам како досега не им текнало, ќе има некои ќе се прелажат и ќе почнат да го купуваат.

Не ми беше муабет за дијабетичари туку да објаснам дека помеѓу жолтиот и белиот значајна разлика нема. И фруктозата си има нуспојави исто како и другите засладувачи.

И јас користам бел или жолт шеќер во мала количина ама не се занесувам дека ми користи ;).
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Нема слаб и јак Панкреас,туку само слаб и јак организам.
Тоа делење на организмот на органи и еден куп гранки во медицината ја донесе до ова дереџе кога се уште со сигурност никој не може да најде некои основни причини за еден куп болести при потрошени милијарди долари за истражување.

Организмот е како ланец и под притисок пука на неговиот најслаб дел,ако притисокот продолжи ќе се искине сиот ланец,исто ти е кај организмот,од многу пукање настанува смрт.

Зошто ја спомуваш Кандида Албиканс не знам.

За минералите и витамините тоа што пиша е ок,јас само спомнав што е разликата и дека од едниот имаш само енергетска врдност а од другиот и нешто друго.

Треба да се лечи цел организам не по делови,не е доволно да ако те боли глава се напиеш апче,со то си отстранил и си спречил болка и ништо друго.
Истото е со секоја болест.Луѓево се навикнати со Инсулинот и тераат,но тие не го лечат организмот,и со самиот тек на години покрај Дијабетис ќе се залепи и што ли уште не.И лекарите не го земаат организмот како целина туку го цепкаат по делови и ако те боли ова еве апче,ако те боли она еве уште едно,но никој не оди кон тоа да се дознае како дошло до таа болест.Пример за Дијабетичари одма му даваат образложение наследен фактор,а дијабетисот како болест е појавен во последниве 60-70 години,предходно од него не заболувал никој и сега генетски фактор било.Па да им се плукнам во генетскиот фактор,како може да биде тоа кога никој од поблиска фамилија не бил болен никогаш од ништо,најтешка болест била прелада :pos:

Според она што го знам за Дијабетис и што сум читал денес на фармако-мафија не и одговара да се пронајде лек за Дијабетис од причина што тука се вртат огромни суми на пари,а и доколку се најде ќе го саботираат тоа милион посто.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Нема слаб и јак Панкреас,туку само слаб и јак организам.
А организмот се состои од органи, коски, крв итн итн.

Како што има слабо срце или слаб црн дроб, стави ги на нормален напор ќе откажат а на ист напор здрав орган нема гајле. Исто е и со панкреасот.

Немам намера да се убедувам поготово што во глобала слично мислиме и другиот дел од постот ти е ок.

Погрешната исхрана е главен фактор за дијабетес поддржано со стрес а на фарма индустријата секако не и одговора да губи профит ама затоа родителите имаат нет па нека се информираат на време као да си ги хранат децата а не од мали ги трујат со шеќер, брашно, млеко и соја и се чудат зашто им се нон стоп болни.
 
Шуќур некако се сложивме,факторите се знае кои се со години но не се оди да се минимизираат или пак да се лечи болеста,се оди кон тоа тој што заболел од Дијабетис да биде редовен потрошувач на Инсулин и редовно да троши дукати за купување на истиот.

Сега ако Инсулинот е корисен за Дијабетис Тип 1 не е корисен за Дијабетис Тип 2 но упорно им се трупа на заболените.
Што е финтата за болеста за оние што не знаат?

Дијабетис Тип 1 се јавува поради недоволно производство на Инсулин од страна на Панкреасот,што автоматски значи зголемено количесто на Глукоза во крвта.

Дијабетис Тип 2 настанува поради неделувањето на Инсулинот кој го има во нормални количества во крвта.

Иво двата случаи нивото на Глукоза во крвта е повисоко одколку што треба.
Во првиот случај имаме недостаток на Инсулин додека во вториот случај хронично високо ниво на Инсулин во крвта како и сериозни еднокрини пореметувања.
Ако во првиот случај внесувањето на Инсулин по пат на инекции е корисно во вториот не е.

Кај Дијабетис Тип 2 неделотворноста на Инсулинот не е поради негов биохемиски дефект туку поради тоа што клетките на организмот не реагираат на него,од тука призлегува дека се работи за болес која делува скоро на сите од 70 и нешто трилиони клетки колку што има еден организам одприлика,возрасен секако.Сите овие клетки зависат од храната која ја јадеме,односно од хранливите материи кои им требаат за растење,одржување и работа.
Дијабетисот е класифициран како Пореметување на Метаболизам на Јагленхидрати и таа класификација постои скоро 130 години,т.е. од крај на 19 век кога за болеста се знае ептен малку,но!!!
Денеска кога многу се знае за ова,многу повеќе одговара да Дијабетис Тип 2 се класифицира како Пореметување во Метаболизам на Масти и Масла.Ова пореметување се манифестира со неделување на Инсулинот и последици во Метаболизмот на Јагленхидрати.
Така ако се земе ова во обзир Дијабетис Тип 2 е тотално пореметување на Организмот кое за последица има неспособност на клетките да извршат Метаболизам на Глукоза.Секоја клетка тогаш се наоѓа во ситуација да повеќе или помалку е неспособна да презема Глукоза од крвта и да ја внесува во себе,т.е. да се храни како што треба.Поради тоа Глукозата останува во крвта и бидејќи има вишок,се складира во Масти во организмот и Гликоген во Црниот Дроб,или се исфрла со мочта од организмот.

Како делува сега малку Инсулинот.

-Значи кога Инсулин ќе се врзе за клеточната мембрана на една клетка покренува серија биохемиски процеси.Со врзувањето за мембраната на една клетка Инсулинот праќа сигнал до молекулот транспортер на Глукоза кој е наречен ГЛУТ4 да излезе од внатрешноста на клетката до надворешна површина од клетката и тука да земе Глукоза која ја носи со себе во внатрешноста,процесов се нарекува Ендоцитоза.Од како Глукозата ќе се најде во внатрешноста на една клетка преставува гориво за Митохондриите каде по пат на Кребсов циклус на Лимонска киселина се добива АТП(аденозин три фосфат) што значи дека на овај начин Глукозата се троши и дека молекулот наречен ГЛУТ 4 е ептен важен за процесов.
Во овај процес многу молекули кои учествуваат се Липиди т.е. масти или подобро Слободни Масни Киселини.Кај здрав организам овие Слободни Масни Киселини вршат просто кажано едно подмачкување или ја прават мембраната лизгава.
Кои се тие Слободни Масни Киселини??????
-Тука веќе некој што нема некои познавања од биохемија ќе му светне какви се дрндањата по статии за Слободните Масни Киселини.

Овие Слободни Масни Киселини кои просто кажано го подмачкуваат процесот се толку виканите Омега 3 масни киселини или поточно cis-Полинезаситена Масни Киселини или Линоленска Киселина,е оваа масна киселина врши "подмачкување" на мембраната од една клетка.

Арно ама,кога овие Полинезаситени Масни Киселини ќе станат хронично недостапни во организмот поради ѓубрето од храна што го јаде некој,мембраната станува цврста и леплива,или просто кажано цел процес на транспорт на Глукоза што се одвива низ неа се прекинува и тогаш Глукозата останува во крвта и имаме заебанции триста.
Така во недостаток на cis-Полинезаситена Масна Киселина како Линоленската во исхраната се оневозможува подвижноста на ГЛУТ4,се менува тотално биохемиската структура на една клетка и се прави вишок на Глукоза во крвта.
Тогаш Панкреасот низ органзмот лачи зголемено ново на Инсулин,Црниот Дроб од вишокот шеќер прави масти во вид на Гликоген,масните клетки почнуваат да го складираат вишокот маст,се прави мочка во огромни количини и човек моча како коњ,количеството на енергија на клетките е сведено на минимум или намалено многу и автоматски човек има ненормална телесна активност, и доаѓа до пореметување на целокупниот ендокрин систем,со еден збор настанува ХАОС во организмот.
На крај од ова откажува Панкреасот,се добива зголемена телесна тежина и состојба на Дијабетичка Криза.
И сега еден организам има Дијабетис и станува златно теле на Фармако-Мафија и му се вели од лекар дека има дијабетис и дека дијабетис не се лечи и дека треба да почне да се кешира за "лекови " т.е. медикаменти од типот на Бигваниди,Инхибитоти на Гликозидаза,Меглитиниди,Сулфонилуреази,Тиазолидиндиоли од кои Резулинот е докажан предизвикувач на рак на Црн Дроб,ама на никому не му е гајле,важно тој крева вредност на акции на фармако-мафија и носи пари,големо маде ако имреле стотина луѓе и еден куп имаат страшни последици.За информација докторо од FDA во САД одговорен за ова има одбиено да го подпише Резулинот,сетне од како е сменет Резулинот е одобрен.
Се ова се хипогликемични медикаменти кои им се даваат на болните од Дијабетис.

Користењето на Инсулин или било кој од овие Хипогликемични медикаменти во ниеден случај не го лечи организмот,туку само му наштетува од причина што со тек на време организмот почнува да страда од Кардио васкуларни болести или откажување на Бубрезите и кој знае што ли уште не.Исто така ако Инсулинот е користен за Дијабетис Тип 1 за да не скинат конци,многу е дискутабилно негово користење за Дијабетис Тип 2 .
Од Дијабетис Тип 1 денеска боледуваат околу 5%,додека од Дијабетис Тип 2 95% од вкупните заболени.

За првиот тип на дијабетис и негово лечење е потребно враќање на функцијата на Панкреасот,т.е. неговите бета клетки и Панкреасот да почне лачи Инсулин,ова е постигнато тамо кај што нема антигени кои имаат доведено до Автоимуно уништување на бета клетките.
Доколку има Антигени кои довеле до Автоимуно уништување тешко дека нешто ќе се постигне.

За Дијабетис тип 2 лечење треба да се исфрлат сите срања од масти и маснотиии кои ги користел човек до тогаш.Тоа значи мастите и маслата да се заменат со здрави и корисни,а корисни се на почеток Ленено масло,Рибино масло,масло од Бакалар и тоа се додека не почне да се стабилизира Глукозата во крвта.Одкако ќе се помине таа прва фаза од лечењето се почнува во исхраната да се внесуваат Путер и тоа кравји Жолт Путер,Кокосово масло,Маслиново Масло и чисти масти од анимално потекло.

Уште една важна работа тука да пишам.
Во предходните постови спомнав за Минералната и Витаминска вредност на Меласата.
Дијабетичарите хронично имаат недостаток од Минерали,така да мора да ги надохнадат за да лечењето тече.

На крај му иде дека за Дијабетис е виновен нездравиот начин на живот,јадење ѓубре храна од типот на :Пица,Хамбургер,Сувомеснати ѓубриња,ГМ храна(генетски модифицирана),хидрогенизирани растителни масла Маргарин.
Се ова не содржи или пак има под минимум cis -Полинезасите масни киселини кои се есенцијални за организмот за да се спречи Дијабетис Тип 2.
И прекинете големо консумирање на Шеќер во организмот.

Толку од мене за сега,се изморив од пишување упм :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Пица,Хамбургер,Сувомеснати ѓубриња,ГМ храна(генетски модифицирана),хидрогенизирани растителни масла Маргарин.
Другиве ги јадам ама не толку често, чат-пат, ама без сувомеснати ѓубриња и без маргарин не можам да си ја замислам исхраната! Изгледа ќе треба да заменам...
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Исфрли го Маргаинот и Сувомеснатите од типот на салами,колбаси,паштети и слично,не ти требаат ама ич,покрај тоа што изобилуваат со trans-незаситени масни киселини кои 100 % не се корисни и кои како такви не се наоѓаат во природата имаш и висок процент на додатоци за конзервирање и засилувачи на вкус од типот на Натриум Глутамат,Бензопирен и Калиум Нитрат,се ова се канцерогени соединенија и многу успешно си ја вршат работата и се предизвикувачи и на дијабетис.
Место Маргарин си имаш Чист Кравји Жолт Путер .
Ако пат сакаш месо барај од производители кои не користат вакви конзерванси и срања,имаш и такви секако.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 13:11 ---
Друга многу битна работа е што сите овие срања од типот на Натриум Глутамат не се наведени во декларација на производител со тоа име,туку се наведени со бројки.Сега не ми текнува за даругите ама Натриум Глутамат е напишан како Е621,и некој што не знае ко ќе прочита само бројка и буква не реагира или сеедно му е и само лапа ко ненормален.Гоима секаде,од детска храна па до до виршли и слично,бомбони и сите индустриски слатки.

Абе што да ти речам,Дијабетис и Рак во секоја трафика и продавница :facepalm:
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Абе што да ти речам,Дијабетис и Рак во секоја трафика и продавница :facepalm:
Баш така, а за Е621 сум свесен, проблемот е што баш како што кажа дијабетес и рак во секоја продавница, ако сакаш да се храниш здраво треба екстра напор да направиш, поготово што дома јас не сум тој што пазари, па треба да ги убедам сите други малце да ги отворат очите. Еве на татко ми неодамна му беше дијагностициран дијабетес, ќе треба да ги прочитаат корисните постови во темава!
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Баш така, а за Е621 сум свесен, проблемот е што баш како што кажа дијабетес и рак во секоја продавница, ако сакаш да се храниш здраво треба екстра напор да направиш, поготово што дома јас не сум тој што пазари, па треба да ги убедам сите други малце да ги отворат очите. Еве на татко ми неодамна му беше дијагностициран дијабетес, ќе треба да ги прочитаат корисните постови во темава!
Не читав погоре што има напишано (покасно ќе читам) ама не е толку тешко како ти се чини.

Базата треба да бидат свежи салати, компир, јаткасти плодови, семенки, нешто житарици (леб) и махунарки. Додатно некој ќе јаде или не јаде месо и млечни производи. Јас јадам месо а избегавам млечни а некој прави сосема обратно. Користам само ладно цедени масла а кокосово за готвење а соја не користам никогаш.

Пржено јадам ретко, маргарин никогаш (освен во слаткарница во колач што е ретко), сувомеснати ретко а паштети никогаш. Газирани ептен ретко а исто важи и за колачи и торти.

Така да и ако повремено си дозволам да расипам режим со пица, колачи, торти немам никакви последици.

Живот без бел и жолт шеќер, скроб од житарки (треба да се намали). конзерванси од сувомеснати, хидрогенизирани масла, соја како и варено млеко дава здравје на долг рок. Ако тоа се пази ќе имаш одлично здравје и додека се другите болни ќе си тераш живот наместо да купуваш фервекси, антибиотици и аспирини.
 
Да, знам дека не е тешко, но под екстра напор мислев на тоа дека треба малку повеќе одколку да одиш во супермаркет и да купиш тоа што е сервирано на полиците. Ние можеби се информираме, ама 90 посто од луѓето појма немаат за овие работи, почнувам од моите најблиски.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Не читав погоре што има напишано (покасно ќе читам) ама не е толку тешко како ти се чини.

Базата треба да бидат свежи салати, компир, јаткасти плодови, семенки, нешто житарици (леб) и махунарки. Додатно некој ќе јаде или не јаде месо и млечни производи. Јас јадам месо а избегавам млечни а некој прави сосема обратно. Користам само ладно цедени масла а кокосово за готвење а соја не користам никогаш.

Пржено јадам ретко, маргарин никогаш (освен во слаткарница во колач што е ретко), сувомеснати ретко а паштети никогаш. Газирани ептен ретко а исто важи и за колачи и торти.

Така да и ако повремено си дозволам да расипам режим со пица, колачи, торти немам никакви последици.

Живот без бел и жолт шеќер, скроб од житарки (треба да се намали). конзерванси од сувомеснати, хидрогенизирани масла, соја како и варено млеко дава здравје на долг рок. Ако тоа се пази ќе имаш одлично здравје и додека се другите болни ќе си тераш живот наместо да купуваш фервекси, антибиотици и аспирини.
Точно до зборче и се слагам со ова,и многу добро што не јадеш Соја и препорачувам никој да не ја ни проба.
Сојата е ужасно мешунче,од причина што црпи Алуминиум од земјата и полна е со Фитоестрогени,имам текстови за тоа дома,ме мрзи да пишувам сега,ќе ги ставам денес или друг ден тука или на кратко ќе пишам
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Вегетаријанство или уште подобро веганство, лесна математика.
Општо подобрување на здравствена состојба, многу понизок ризик во однос на секакви заболувања, од дијабетес до срцеви болести итн. Цела наука укажува на предностите на растителната исхрана. Нема да цитирам студии пошто quick google search и еден тон ги има :D Бидете ми здрави и живи.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ги правев овие работи и пак се активираше... ген си е ген.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Ги правев овие работи и пак се активираше... ген си е ген.
Изгледа многу се нервираш ти брат. Пробај малку позитивно размишљај, храни се во склад со некои морални норми како погоре свештеничката што опиша и вежбај редовно, движи се у природа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom