Скептик сум веќе кон секоја ваква нова технологија за која никој со сигурност не знае што е и како ќе влијае врз човекот и околината, ниту е испитана, ниту е докажана дека е ок.
Се што е ново не значи дека е добро. Многупати сме се увериле дека е обратно.
Конкретно најдов за радиумот каде се се користел (пасти за заби, пудри, го ставале во во вино дури, буквално во се), веројатно и тогаш ако некој земал со резерва неговото користење или се плашел од истото, го исмевале. Веројатно (читам во економските теми за енергија) и нуклеарките биле врв на енергетското производство со т.н. чиста енергија, а се изненадив колку инциденти се пријавени низ сите земји каде се користи таа енергија. И тоа сигурно не безопасни.
Веројатно истото било и со користење на благодетите од кокаинот, а и со шмркање бурмут. Не, ти ништо не знаеш, овие новини се лековити, здрави и полезни за луѓето. И шпрц.
На 6:50 координаторката за нејонизирачко зрачење објаснува дека еден од првите принципи на нејонизирачко зрачење во Законот е излагање на најмало можно зрачење. На 13:15, дали ќе бидат потребни многу повеќе, милиони антени, одговорот на шефот на катедра за телекомуникации на Електрофакултет е -да. Онкологот е највоздржан со тоа што индиректно објаснува дека од мобилните има веќе експерименти за одредени штетни поседици, а за 5г сеуште нема така да не знам од каде форумџиите убедени дека се е под контрола.
Знам дека ние, нашите процеси, клетки, атоми, делови од атоми...имаат и работат на одредена фреквенција. Е сега, како тоа форумџиите се убедени (знаат) дека нема да му е ништо на човек, не знам. Стотици научници и доктори се против. Можеби форумџиите знаат нешто што тие не знаат
На 6:10, човекот е прво за испитување, потоа за евентуално воведување. Ама тој ништо не знае