НАСА инвестира во „вселенски електрани“

  • Креатор на темата Креатор на темата Јаневски
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.949
Поени од реакции
1.510
http://kajgana.com/nasa-investira-vo-vselenski-elektrani“
СПС-АЛФА
НАСА инвестира во „вселенски електрани“
Текст: Б.И.
Наука | 12 април 2012

Поранешниот инженер на НАСА Џон Манкинс, кој моментално работи во компанијата Artemis Inovation Management Solutions, го претставил системот за собирање сончева енергија во вселената и нејзино праќање на Земјата во форма на микробранови, а НАСА неговиот проект го прифатила како прилично остварлив, односно му обезбедила пари за развој на прототип со кој би се докажал концептот.

nasa-investira-vo-vselenski-elektrani-81427.jpg


Системот кој еден ден би можел да влијае многу на енергетското снабдување на нашата планета се состои од голем број сателити со огледала споени во форма на ѕвоно кои ја насочуваат сончевата светлина кон ќелии за нејзино складирање, а енергијата која се создава се конвертира во нискофреквентни микробранови. Тие од подножјето на сателитот се праќаат на Земјата, каде рецептори во енергетските центри ги претвораат во струја и потоа ја вклучуваат во дистрибутивниот систем.

Проектот на Манкинс, наречен СПС-АЛФА (Solar Power Satellite via Arbitrarily Large Phased Array) предвидува цела мрежа на вакви сателити поставени во високата орбита на Земјата, а сета опрема е модуларна, за да може „збиено“ да се пренесе во товарниот простор на вселенските бродови и потоа да се склопува во вселената, пишува Digital Trends.

НАСА на неговиот проект му доделила средства за едногодишна студија, а Манкинс сега се надева дека за неколку години неговиот концепт ќе заживее во прв прототип кој ќе се лансира во вселената.
http://kajgana.com/nasa-investira-vo-vselenski-elektrani“

Интересен концепт, единствено верувам дека ќе има загуба во преносот на енергијата до земјата. Ако концептов работи доволно ефикасно претпоставувам дека ќе треба да се испита подобро влијанието на микробранови со голема моќност врз атмосферата и биосферата (локално и глобално), да не настане некое локално спржување.
 
Концептов е стар и добро познат. Не верувам дека ќе има фрки околу ова. Арно им текна :D
 
ова е уствари изумот на Никола Тесла - безжично пренесување на струја :)
 
Се убаво...само ме интересира како оволкаво здание со огледала ќе се справи со вселенскиот отпад кој се движи со огромна брзина кој може да го уништи за секунда.
 
Мене па на ум ми паѓа тоа што овие огледала ќе покриваат/ограничуваат дел од светлината која нормално би доаѓала на земјава.
 
Мене па на ум ми паѓа тоа што овие огледала ќе покриваат/ограничуваат дел од светлината која нормално би доаѓала на земјава.
Мислам дека не би било проблем тоа сателитите се движат со голема брзина така да мислам дека неможе да фрлат сенка , ако било така досега од толку сателити и вселенско ѓубре во мрак ќе живеевме :)
 
Сразмерно се мали.... но доколку стојат фиксно на една позиција., мислам ке има некакви компликации на местата кои ке бидат покриени
 
НАСА инвестира во „вселенски електрани“

Е тек сега ми стана јасно кај го снема Аgora звани Nebo666, тој да ти киднал во НАСА:D
Oва ќе да е неговата идеја, само што тој сакаше да реди огледалца на Месечината и со ласерски сноп да ја праќа енергијата овде доле, само никако не можеше да го реши проблемот со точното нишанење на крајната дестинација, касно му текна дека од подвижна подлога треба да континуирано во милиметар точно да гаѓа подвижна мета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom