Бесплатен превоз во ЈСП - Скопје за сите?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210






За бесплатен превоз нема ниту волја ниту пари


Причини што ги одвраќаат луѓето од градскиот превоз се малиот капацитет на автобусите, неповрзаноста на населбите и нередовноста на градските линии

jsp-banskoliev1.jpg

transparent.gif

Во одредени периоди од денот во автобусите има голем метеж
Скопје не може да биде Талин
Ниту евентуалниот бесплатен јавен превоз, ниту загадениот воздух, ниту скапиот бензин не може да ги натераат скопјани да ги остават возилата во гаражите и да се потпрат единствено на автобусите за извршување на секојдневните потреби. Властите на Талин, главниот град на Естонија, неодамна одлучија градскиот превоз да биде бесплатен за сите граѓани, што ќе придонесе за позелена и почиста околина. Шансите за ваква мерка кај нас се минимални, речиси непостојни, поради недостиг од пари, но и недоверба во градскиот превоз. Граѓаните сметаат дека уште најмалку десетина години возилата ќе бидат главно превозно средство и поради малиот капацитет на автобусите, неповрзаноста на населбите и нередовноста на градските линии.

Цената на билетот не е пресудна

Патниците велат дека 35 денари што ги даваат за карта не им се важни многу ако доцнат на работа или, пак, на друго закажано место.

- Јас се возам со автобус, но само кога имам повеќе време на располагање. Ако треба некаде да стигнам брзо, не можам да се потпрам на автобусите, затоа што тие најчесто доцнат. Мислам дека многу луѓе го делат моето мислење за автобусите. Еве пример, за јас од дома да стигнам во центар треба да сменам два автобуса, тоа веќе не е 35, туку дупло пари, а ако го земам предвид и времето додека ги чекам автобусите, не ми се исплати да се возам. Кога превозот би бил бесплатен, метежите и хаосот уште повеќе ќе се зголемат - вели Марко Јовановски.

Други, пак, тврдат дека не би се возеле во автобус за на работа затоа што од нив ќе излезат како од машина за перење алишта. Во времето кога граѓаните оделе и се враќале од работа, училиште и од факултет, во возилата имало голем метеж.

- Едно утро возилото ми се расипа и морав да одам со автобус на работа. Кога излегов од автобусот се чувствував како да сум била вакуумирана. Целата облека ми беше истуткана, а моето работно место бара секогаш да сум средена и да изгледам пристојно. Убаво е сега што имаме нови автобуси, но мислам дека ако цел град ги остави сопствените возила, ќе ни требаат уште најмалку толку автобуси колку што имаме сега. За да го достигнеме нивото на Талин, ќе ни требаат десетици години работа - вели Мирјана Симоновска.

Ивана Андоновска, пак, вели дека откако поскапеле цените на горивата, возилото го оставила во гаража и се движи со автобус и со велосипед.

- На факултет одам со автобус, кога беше времето убаво возев и велосипед. Возењето со автобус не е ниту страшно ниту пак понижувачко, според мене би било убаво сите да се возиме со автобус. Нема да трошиме пари за гориво, а нема ни да дишеме загаден воздух- објасни Андоновска.

Сериозен трошок

Според Мишо Николов, директор на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, за да се направи целиот јавен градски превоз бесплатен е сериозен трошок и тој се сомнева дека кај нас би успеало такво нешто.
- Наместо бесплатен превоз, можеме да се обидеме на патниците да им овозможиме поудобно и поевтино возење со нашите автобуси. Бесплатниот превоз може да има и добри и лоши страни. Според мене, позитивно би било тоа што автобусите ќе бидат подостапни, ќе има помала емисија на штетни гасови, на граѓаните ќе им се намалат трошоците за бензин. Но исто така постои и можност да се направи голем метеж во возилата, а со тоа да се намали достапноста на возилата, затоа што никој нема да се вози со сопствено возило или пак со такси, сите ќе бидат во автобуси - појаснува директорот Николов.
Од градот велат дека целосно субвенционирање на јавниот превоз не е можно затоа што со тоа би се надминал вкупниот буџет на градот.

- Со максимални напори ги обезбедуваме и сегашните субвенции, со кои ќе им се олесни на определени социјални категории бенефицирано користење на јавниот превоз. Од буџет на име на субвенциониран превоз се издвојуваат 2,5 милиони евра годишно. Значи, покрај субвенцијата за превозот на пензионери, субвенционирани се и сите ранливи категории, ученици и студенти со посебни потреби - објаснуваат од градот.

Приходите на јавното претпријатие мината година изнесуваа една милијарда и сто милиони денари, што значи дека ако автобусите почнат да возат бесплатно, градот ќе треба овие пари да ги одвои од својот буџет.


Автор: Александра Денковска Фотографија: Игор Бансколиев
 
Нека воведат почесто автобуси, посебно во шпицот на гужвата кога сите работат од 8 и се враќаат во 16h. И нека престанат да качуваат патници повеќе од предвиденото, го прават автобусот како индиски воз. Добро би било за студентите да бидат бесплатни.
 
И сега автобустите се преполни посебно во Вторник и Петок. Ако воведат и бесплатно тоа е ќе биде и бетер од Индиски воз посебно во новите автобуси кој се некако помали.
Бесплатни автобуси не се лоша идеја ама треба прво да се воведат повеќе автобуси за време на шпицот.
 
Реално на студентите им се 3 пати побитни автобусите отколку на пензионерите. Барем 2 дена можат да се одвојат за студенти бесплатно да биде.
 
И сега автобустите се преполни посебно во Вторник и Петок. Ако воведат и бесплатно тоа е ќе биде и бетер од Индиски воз посебно во новите автобуси кој се некако помали.
Бесплатни автобуси не се лоша идеја ама треба прво да се воведат повеќе автобуси за време на шпицот.


Без метро или брз воз покрај вардар или средината на јане сандански булеварот па и по партизанска ( ако се прошири за по една лента од двете страни улицата јавниот превоз ќе остане очаен.

Трамвајот по последна лента ќе биде катастрофално нешто зошто сите забораваат во каква држава живееме,кога градскиет "фаци" ќе го остават на улица мерцедесот за да можат да го гледаат додека пијат кафе баш сакам да видам како ќе функционира трамвајот.
 
За средношколците има бесплатни билети.
 
Ај ако не и присилно да пикаат патници у автобусиве што се нашле на автобуска.
 
Кога ќе направат да бидат автобусите на 5 минути да бидат поредовни и да стават повеќе автобуски линији, а не од Маџари до Ѓорче или од Кисела Вода до Бутел два автобуса треба да смени за да стигнеш.
 
за сите не би требало - а е и превише, ама за студентите и те како е потребно беспалтен превоз плус и беспалтен оброк на факултетите-
стварно се греои-од утра до вечер се излезени - по предавања ,вежби , висења по ходници чекајќи ги дотичните, чекање прием за консултации.......
се чудам колку неорганизирана младина има во МК-
ништо не бараат, на ништо не се жалат - со се’ се задоволни:eek: ама едно забораваат дека НАЈубавите години ги пропуштаатo_O
 
Јавниот превоз е слаба точка на Градот. Тој е ужасно скап и не ефикасен. Со децении се одржува овака организиран, огромни трошоци, субвенции и незадоволство од граѓаните...
Ниедна градска управа досега не се нафати да го реорганизира. Да се направи научна студија, да се најде најповолен режим за јавен сообраќај, Ништо нема од тоа... Како да не постои наука...
 
Бесплатни автобуси не се лоша идеја ама треба прво да се воведат повеќе автобуси за време на шпицот.

Идеја од социјалистички манир не е лоша идеја? Како то бе побратиме капиталистички? :icon_mrgr:
 
Идеја од социјалистички манир не е лоша идеја? Како то бе побратиме капиталистички? :icon_mrgr:
Се возам со автобус така да ми одговара. Тоа е социјализам секој се труди што повеќе да украде од другиот. И јас не сум глуп...Сега ќе барам и субвенци за форумџии. :P 10 денари од коментар 15 денари од лајк.
 
Сакате да бидете корисен за општеството?
Сакате девојките да трчаат по вас?
Сакате да ве чекаат со нетрпение?

ЈСП бара шофери на автобуси!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom