Книга што не сте ја сфатиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Кама сутра.

И Малиот принц.
 
100 години самотија. На почеток сфаќав, ама потоа некако се ми се измеша. Новите ликови имаат исти имиња како старите ликови. Се е измешано, и се откажав. Мислам дека беше во трета средно, откако виде дека цел клас нема поим од неа, ни ја смени лектирата.
 
Крајот на 1984 од Џорџ Орвел.
Дали Винстон умира вистински или хипотетички?
Некој да ме просветли :) ?

Вистински умира. Но, и да е хипотетички е прилично застрашувачки, бидејќи човек кој нема слобода е само жив леш. Физички егзистира, но одвнатре е мртов. За мене лично нема полоша смрт од тоа.

Инаку, најконфузна ми е дефинитивно Процес од Кафка.
Сега се спремам пак да го одгледам филмот, може нешто тогаш сум превидела.

Хемингвеј ми беше едноставно најмонотон од сите. До толку не ми лежат неговите книги, што цел куп од дома ги испродадов, не можев органски да ги сварам:D
 
Хемингвеј не е толку неразбирлив. Со неговите кратки и новинарски реченици баш е добар за читајне и разбирајне.

Филмо е добар. Книгата оште подобра.
Процес, не мисли оти е апсурден, туку реален. Процес не е самото судејне, а целио контекст и развој околу Јозеф К. И ако си направеш паралела (не дај боже да си имаш работа со суд) до некоја случка од вистински живот, станува ти донекаде јасно шо сакал Кафка да каже. Сепак е мајстор да ги закаче реалното со нереалното, па да направе една каша и да имаш ваква фаца додека читаш :cautious::cautious:o_Oo_O:cautious::cautious:
 
Процес не е самото судејне, а целио контекст и развој околу Јозеф К. И ако си направеш паралела (не дај боже да си имаш работа со суд) до некоја случка од вистински живот, станува ти донекаде јасно шо сакал Кафка да каже. Сепак е мајстор да ги закаче реалното со нереалното, па да направе една каша и да имаш ваква фаца додека читаш :cautious::cautious:o_Oo_O:cautious::cautious:

Арно ме потсети Луки, имав еден банален судски спор, 13 години траеше со нашево ажурно судство и администрација, што да ти кажам:tapp: И да, на моменти помислував на книгава:cautious:

П.С. Ми даде инспирација еден ден да напишам "Процес на македонски начин";) Сигурна сум дека и Кафка би бил запрепастен кога би знаел што све има во нашава ни мила и драга земја:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom