Жива ограда (садење, одгледување и сл.)

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Некој да ми каже се околу живата ограда,сакам да садам,па ме интересира што како,колку пари се садниците,како се сади..за колку време расте и сл.

Сакам на крај да излезе нешто вака

images

Ligustrum-(1).v.jpg
 
За олку да порасне и згусне, ќе и требаат најмалку 7-8 години. Се "шиша" секоја година во облик кој ти ќе го избереш. Се вади редовно. За пари незнам но би требало да не е поскапо од 200 денари по корен. Садењето е стандард, копаш дупка го ставаш коренот внатре, ја враќаш земјата назад, натапкуваш и полеваш со вода.

Јас правам некој експеримент во двор ама никако да најдам вистински украсни дрвца, денеска пола плантажа ја поминав во Холандската компанија во тетовско и ништо не ми се фати за око.
 
Пред година дена насадив, ене ја се разеленила годинаава се надевам ќе се згусне и ќе потпорасне бар половина метар нагоре.
Зимоска беше покриена со арско ѓубре, а пролетва и фрлив вештачко.
Кога ја купив, платив 300 ден за 300 корења.
 
демек банка парче.
јас колку што знам живата ограда се пресадува како коров.
кршиш гранче на есен и го боцкаш во земја. напролет фатено.
 
Демек :)
Инаку пробано е така со боцкање, ама секоаш на пролет остануваа само стапчиња суви. Не сакаше да успее никако, за разлика од годинава да не ги заречувам сите ми се фатија :)
 
а од кај ги купи толку евтино ?
 
немам пробано јас, ама еднаш еден комшија прашав и така ми рече.
ке ти дадам наесен кога се смирува вегетацијата или така нешто, напролет ке се фати.
или јас погрешно го сватив, можеби мислеше како капините.
од ластарче младо што пушта. кој го знај и нема логика да се замара човек за банка парче:)
 
Треба да бараш од она жива ограда со мали (ситни) ливчиња. Таа е густа само бара многу вода. Со тек на времето се погуста и погуста станува. Супер е и што собира многу прашина, ако си на фреквентно место каде има многу сообраќај. Лесна е за садење можеш да ја зафатиш и од сршено гранче. Кога ќе ги садиш, сади ги густо една до друга.
 
а од кај ги купи толку евтино ?

На пазар у Тетово.

немам пробано јас, ама еднаш еден комшија прашав и така ми рече.
ке ти дадам наесен кога се смирува вегетацијата или така нешто, напролет ке се фати.
или јас погрешно го сватив, можеби мислеше како капините.
од ластарче младо што пушта. кој го знај и нема логика да се замара човек за банка парче:)

Врска неам, може и ќе се фати.
Знам дека кај мене не успеваа, па ајде де на пролет, де на есен, де на лето посади ги, иста песна. Никако не ги биваше, дали земјата не им одговараше или што ти ја знам.
 
За олку да порасне и згусне, ќе и требаат најмалку 7-8 години. Се "шиша" секоја година во облик кој ти ќе го избереш. Се вади редовно. За пари незнам но би требало да не е поскапо од 200 денари по корен. Садењето е стандард, копаш дупка го ставаш коренот внатре, ја враќаш земјата назад, натапкуваш и полеваш со вода.

Јас правам некој експеримент во двор ама никако да најдам вистински украсни дрвца, денеска пола плантажа ја поминав во Холандската компанија во тетовско и ништо не ми се фати за око.

200 ден од корен. многу е тоа,а мене сигурно над 100 корени ќе ми требаат за 20 м.
 
Е добро де, јас знам дека се продаваат како китки, повеќе корени се на едно место. Затоа и пишав таква цена!
 
- и јас пробав пред зграда,од двете страни на патеката
посадив жива ограда, а внатре десетина добри дрвца
сабајле ги најдов на шовершајбна под брисачите
некои шопја од планинено ги откорнале ќе им сметало
ќе неможеле со кола (скапана) да се пикат до влезот
преживеа една вишна и цреша и да ти е милина дечињата
да ги гледаш напролет кога се истегаат да докачат од нив.
 
Треба да бараш од она жива ограда со мали (ситни) ливчиња. Таа е густа само бара многу вода. Со тек на времето се погуста и погуста станува. Супер е и што собира многу прашина, ако си на фреквентно место каде има многу сообраќај. Лесна е за садење можеш да ја зафатиш и од сршено гранче. Кога ќе ги садиш, сади ги густо една до друга.
Знаеш ли барем како се вика, да не е шимшир?
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=40A556A8E7411C4B9A94D2039A23FDC8
simsir.jpg

Јас имам во двор 3-4 кои имаат темно зелена боја со мали ливчиња, но мноооогу споро раснат.
Земав од роднини уште негде 20-тина за ограда да правам, но повеќето пожолтеа, дали од не толку често наводнување или кога ги наводнував ставав премногу вода, не знам. Кршев и гранчиња и садев, но пожолтуваа. А гледам само едно од тие кое сум го насадил а било претходно одвоено од здрав шимшир се прифатило.
И истотака ќе имам долга ограда која сакам целата да ја направам со нешто такво но кое ќе расне малку побрзо.:D
Вакви работи имаш во новиот Mr. Bricolage надвор, мислам дека шимширот беше околу 300ден корен.
 
И јас сакам жива ограда да зеам,шо пари е?
како се викаат тие што се како струганици од дрва за декор што ги ставаат околу дрвцата?
 
Последно уредено:
Дали треба да се ѓубри живата ограда, и со какво ѓубре знае ли некој?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom