♛ Монте Карло 2012 (Rolex Masters) ♛

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
10:30 --- Melzer - Kubot
Надвор од форма е Мелцер, доживеа катастрофа за Австрија од Алмагро, премногу лесно изгуби. А Кубот,хммм непредвидлив играч, лани на Вимблдон мислам дека стигна далеку,а и на секоја подлога е добар.

Другиве мечеви се доста изедначени, ќе има многу што ќе се решаваат во трет сет ,како на пример :
Mathieu - Young
Chela - Dolgopolov
Tomic - Istomin
Raonic - Montanes
Stepanek - Nieminen
 
Chela - Dolgopolov? Ова е чиста победа за Долг. во два сета.Мада Чела е поискусен и му одговара земја повеќе, нема шо да бара против Долгополов.Барем овој меч репов би требало да го добие лесно, за натаму ке видиме шо ке праи
 
Chela - Dolgopolov? Ова е чиста победа за Долг. во два сета

Ако си сигурен ајде да ставиме по 1000 евра на Долгополов, се исплаќа доколку си сигурен. :D

Он : Мелцер го тепаше Кубот (6-2 7-5). Мислам го победи, далеку од тепање, во секој случај :P

Вердаско иако 1,15 во кладилница, губи од Рохус 0-3 со два брејка. Катастрофа игра Вердаско, јас пак го пишав 1, повторно паѓам на вакви смешки....
 
Ако си сигурен ајде да ставиме по 1000 евра на Долгополов, се исплаќа доколку си сигурен. :D

Он : Мелцер го тепаше Кубот (6-2 7-5). Мислам го победи, далеку од тепање, во секој случај :P

Вердаско иако 1,15 во кладилница, губи од Рохус 0-3 со два брејка. Катастрофа игра Вердаско, јас пак го пишав 1, повторно паѓам на вакви смешки....
Ќе тепа Нандо, крцкај си.. ;)
 
Секоја чест за Долгополов, каков меч игра против Чела. Засега има над 20 винери, а Чела сеуште ниту еден. Како се брани секоја чест .. очекувам да стигне подалеку на турниров ако го служи првиот сервис и ако игра добро како денес.
 
Дефинитивно Грањољерс и Шарапова може да ги позајмат своите гласови во некој порно филм. Шарапова оти и да не ја видиме, целата нека се позајми.:D
Такво стенкање од страна на Грањољерс на мечот против Бенето одамна не сум слушнал..
 
Како што реков чиста победа во два сета за Долгополов :)
 
Aма ќе го лапне Раониќ од Монтањес(трет сет, губи со 5-2..), џабе му сервис, кога земјената подлога го амортизира сервисот, па и над 200км/ч се враќа без проблеми.
Серверите тешко да поминат добро на овој турнир, а и на турнирите кои следуваат..
_________________________________________________________________________
За утре, би требало интересен меч да гледаме помеѓу Мареј и Троицки, другото и не е нешто посебно, а може и Вердаско со Иван Додиг да е доста интересен меч.
 
Мареј и Троицки секогаш играат интересни мечеви ако ви текнува лани не знам точно на кој турнир(знам беше ГС), Мареј кога спаси меч топка па со 3-2 победи.
 
Мареј и Троицки секогаш играат интересни мечеви ако ви текнува лани не знам точно на кој турнир(знам беше ГС), Мареј кога спаси меч топка па со 3-2 победи.
Ролан Гарос.
 
Мило ми е што Монтанес го победил на Раонич, до минатата година Монтанес беше многу добар на земја ,добро е што се враќа во форма , одличен еднорачeн бекхенд има . Vamos Albert ! :)
 
многу лошо што почнуваат од 10.30 насабајле , додатокот излегува од 10.40 до 11 часот , не може да ги уплатиме раните :pos:

денес погледав демолирањето на јанг од матју , едноставно немаше што да бара на земја против французинот.
и рошу - вердаско имаше доста добар тенис , ама вердаско некако се провлече.

Многу лошо што Монако го ставиле утре да игра, а човекот вечерта во Недела играше финале во Америка . Се надевам дека успеал до поспие во авионот и ќе го победи Хасе кој и не е во некоја форма.

Очекувам Вердаско пак да има проблеми утре , посебно што Додиќ е доста тврд тенисер , а и го победи Љубичиќ 2-0 во неделата .

Исто Берлок мислам дека го поминува Стараче , едини проблем може да му биде повредата на ногата заради која се повлече в полуфиналето во Хјустон .
 
Едвај го познав :icon_mrgr:

article-0-129B767B000005DC-791_468x713.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom