Ричард I Лавовско Срце

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Локација
Erusalim
Ричард I​
Richard I of England
Richard I-er d'Angleterre
Владеење 6 јули 1189 – 6 април 1199
Крунисување 3 септември 1189​
Претходник Хенри II
Наследник Јован
Сопруг Беренгарија од Навара
Татко Хенри II
Раѓање 8 сптември 1157
Смрт 6 април 1199
Ричард I (8 септември 11576 април 1199)(англиски: Richard I of England; француски: Richard I-er d'Angleterre) бил крал на Англија во периодот од 1189 до 1199 година, од династијата Плантагенет. Тој бил син на Хенри II и Елеонора Аквитанска.
Во 1190 година, тргнал во Третата крстоносна војна, заедно со францускиот крал Филип II Август и германскиот император Фридрих Барбароса. Во Светата земја пристигнал во 1191 година, но не успеал да го врати Ерусалим во христијански раце[1][2]. По неговото враќање, австрискиот император Леополд V го заробил во близина на Виена. Од заробништво бил пуштен во 1194 година бидејќи платил сума од 100.000 нарки.
Во времето кога тој бил отсутен, неговиот брат се обидел да го зазеде престолот. По враќањето, Ричард му простил, прогласувајќи го за свој наследник. Во 1194 година тој започнал воен конфликт со Франција. Загинал во опсадата на Шелиз.
--- надополнето: 8 април 2012 во 15:05 ---
По оваа победа, во периодот од 1180 до 1183 година се појавиле повторно конфликти помеѓу Ричард и неговиот татко. Ричард одбивал да го признае принцот Хенри Младиот за престолонаследник на тронот. Во 1183 година, браќата на Ричард ја нападниле Аквитанија, чија цел била да го принудат Ричард кон послушност. Но Ричард, заедно со своите сили успеал да им се спротистави на своите браќа. Заробените во битката биле погубени од страна на Ричард. Принцот Хенри Малиот починал во 1183 година, па конфликтот накратко се ставил во мирување. Следниот поголем конфликт се случил во 1186 година, кога починал уште еден брат на Ричард, Готфрид. Така, Ричард станал најстар син и со тоа станал наследник на престолот. Сепак, сѐ уште бил во конфликт со својот татко.
Во 1188 година, Хенри имал намера Аквитанија да ја предаде на својот најмлад син Јован. Главно поради ова, Ричард бил принуден да создаде сојуз со францускиот крал Филип II Август. Како замена, Ричард му гарантирал на францускиот крал дека ќе му ја отстапи Нормандија и Анжу. Освен тоа, тој дал и заклетва дека ќе стане вазал на францускиот крал и дека доколку стапи на англискиот престол, ќе организира крстоносен поход. Така, тој успеал со помош на Франција да го победи Хенри II. По овој пораз, англискиот крал бил принуден да го назначи Ричард за наследник. На 6 јули 1189 година починал Хенри II, а Ричард на англискиот трон се качил на 3 септември 1789 година
Крстоносна војна

Со освојувањето на Ерусалим од страна на Саладин во 1187 година, Ричард започнал да собира финансиски средства за својата главна норманска војска. За да придобие поголеми финансии, тој ги покачил даноците, распродавал кралски имоти и земји. Тој за крстоносен поход се договори заедно со [Филип II Август]. За Светата земја се упатиле во 1180 година, а Фридрих Барбароса пак отишол од друга насока.
Сицилија

Во септември 1190 година тој пристигнал на Сицилија. Кралот Гулјиелмо II починал во 1189 година. Негов наследник требало да биде Констанца Сицилијанска, која била верена за германскиот император Хенрик VI. Но, Танкред I се побунил и станал крал на Сицилија. Тој имал голема подршка од папата и народот во земјата, но имал големи проблеми со своите роднини. Во целиот тој конфликт се вмешал и самиот Ричард. Неговата сестра, Јована, била сопруга на кралот Гулјиелмо II. Тој захтевал да Танкред го препушти сицилијанскиот трон на неговата сестра.
Така во Сицилија избиле нереди помеѓу локалното население. Во 1190 година, населението од Месина побарале крстоносците да ја напуштат Сицилија. На тоа Ричард одговорил со освојување на Месина на 4 октомври 1190 година. По освојувањето на Месина следувале големи грабежи над населението. Тој во Месина ја поставил својата база, каде се задржал до 1191 година кога дошол до договор со Танкред. Според договорот:
  • Јована била ослободена и добила наследство
  • Ричард и Филип го признале Танкред за крал на Сицилија
  • Ричард го прогласил Артур од Бретанија за свој наследник
  • Ричард му дал меч на Танкред, за кој сметал дека е Ескалибур, мечот на Артур
На ова најмногу се спротиставил неговиот брат Јован, кој сметал дека тој ќе биде идниот крал на земјата.

--- надополнето: 8 април 2012 во 15:06 ---
Акра

На Кипар, Ричард добил воена помош од страна на Ги Лизињан. Лизињан бил крал на Ерусалим, но Ерусалим бил под управа на муслиманите. Во јули 1191 година тој заедно со крстоносците ја Опсада на Акра|зазеле Акра. Тој овде дошол до конфликт со Леополд V од Австрија, па така Леополд го напуштил крстоносниот поход. многу бргу по ова тој влегол во конфликт и со Филип II Август, за прашањето околу Кипар. По ова, крстоносниот поход бил напуштен и од страна на Французите. Ричард останал сам.
Тој поседувал 2.600 заробени муслимани. Тој бил принуден Кипар да го предаде на Темпларите, а тие пак повторно го дале на Ги Лизињан. Ричард го прифатил Конрад Монфератски за крал на Ерусалим. Но многу бргу по ова, Конрад бил убиен од непознати причини. Ричард ја зазел Акра со одлична тактика, но заминувањето на францускиот крал му задало голем удар од кој крстоносците не можеле повторно да се воздигнат. Ричард бил принуден да се повлече, бидејќи знаел дека нема големи шанси за зазимање на Ерусалим. Од друга страна пак Филип и Јован започнале да ги зазимаат териториите на Ричард.
Во крајна сметка, тој со Саладин постигнал договор според кој ѕидините на Аскалон требало да бидат срушени, а на христијаните им било дозволено да влегуваат слободно во Ерусалим.
[уреди] Заробништво во Австрија

Лошото време го присилил на Ричард да се засолни Крф, кој бил под управа на Византија. Византискиот император му бил лут на Ричард поради неговата анексија на Кипар, па затоа тој морал многу бргу да го напушти островот. По патот, лошото невреме придонело да неговите бродови бидат уништени. Поради тоа тој бил принуден да се вратил во Англија по копнен пат, минувајќи низ централна Европа. Во 1192 година, тој во близина на Виена бил заробен од страна на австрискиот император Леополд V, кој го обвинувал поради убијството на Конард.
Леополд го предал на германскиот император Хенрик VI. Тој барал откуп од 150.000 марки, кои пари во тоа време претставувале двегодишен приход на англиската круна. Мајката на Ричард започнала да собира средства за откупот, конфлискувајќи злато, сребро, имоти, цркви и слично. Конечно, на 4 февруари 1194 година бил ослободен.
--- надополнето: 8 април 2012 во 15:07 ---
Во Светот станал Познат по Својата Голема Храброст и пожртвуваност во борбата против Неверниците !!!
 
Генијот со муда поголеми од лав , штета не му се исполни желбата да се проба со Саладин.
Пропуштена е епик борба во Ерусалим.
И самиот тој (саладин) му прати писмо на него дека е најдобриот борец од неговото време и штета што морал да се врати назад.
 
(y)
не само тоа туку во Храброста се уверил и Самиот Саладин видел дека со овој човек нема зезање и дека е решен да ги победи Неверниците !!!
 
Тое е разликата помеѓу овие воини , Ричард бил во првите редови , секогаш на ризик да биде лесно убиен,
Додека сето тоа го гледал Саладин , кој бил повеќе стратег отколку воин.
Откако изгубија неколку градови , целата сила саладин ја стационираше во Ерусалим , каде се очекуваше да пукне бурето барут.
Но претходно , можело и да има примирје , Саладин бил свесен за моќта на Ричард .. и сакал разумен компромис .. :DБрат му на Саладин бил преговарачот .., и не било лошо на почетокот , крстоносците го прифатиле како добар човек , но идејата да се зародат крстоносци со муслимани - не им се допаѓала ни на двете страни.
Така да додека Рич се спремал за последна офанзива ( се или ништо) , дома му го бодат ножот в грб...
 
Oва е "лавовското срце" што го тероризираше цел православен свет :D ? што ја ограбуваше византија ? тоа ќе да е а ?
 
Oва е "лавовското срце" што го тероризираше цел православен свет :D ? што ја ограбуваше византија ? тоа ќе да е а ?
Не знам дали баш ја тероризирал византија. Неговиот пат бил поморски. Фридрих бил тој другиот. Иначе да не лажам и мене ми е еден од омилените војсководци. Му завидувам за имањето муда, за разлика од неговиот брат Џон - безземјашот. Интересен факт е дека Ричард никад не стапнал во својата родна земја - Англија, истотака дека не го зборел јазикот на англискиот плебс туку благородничкиот - францускиот.
 
Oва е "лавовското срце" што го тероризираше цел православен свет :D ? што ја ограбуваше византија ? тоа ќе да е а ?

Ostanatite krstonosci za vreme na pohodide kon Svetiot Grad posbno 2 i tretiot direkno bile nasoceni kon Vizantija (koja od togas ne zakrepnala ) a i ubivale evrei pravoslavni i domorodnoto naselenie.
 
Ostanatite krstonosci za vreme na pohodide kon Svetiot Grad posbno 2 i tretiot direkno bile nasoceni kon Vizantija (koja od togas ne zakrepnala ) a i ubivale evrei pravoslavni i domorodnoto naselenie.

Не знам дали баш ја тероризирал византија. Неговиот пат бил поморски. Фридрих бил тој другиот. Иначе да не лажам и мене ми е еден од омилените војсководци. Му завидувам за имањето муда, за разлика од неговиот брат Џон - безземјашот. Интересен факт е дека Ричард никад не стапнал во својата родна земја - Англија, истотака дека не го зборел јазикот на англискиот плебс туку благородничкиот - францускиот.
Па не немам големо познавање на деталите од крстоносните војни само знам дека ја тероризирале визнтија во овој период 3тиот конкретно каде што бил вклучен лавов може он со неговата армија ете не....
 
Малку оф-топик, ама...
Од некого слушнав како во текот на походот на Црвенобрадиот (Барбароса) низ територијата на денешна Македонија, пелагониските благородници собрале војска која го пресретнала Барбароса кај преминот кој денес се вика Барбарас (меѓу Пелагонија и Поречие) и се судриле со неговата војска. Во оваа битка, наводно, Барбароса загинал, а најблиските команданти му го ставиле телото во буре со оцет и го носеле до Ерусалим не откривајќи дека веќе загинал за да не го урнат моралот на војската. Подоцна, пелагониските благородници, како возврат од Византија добиле разни привилегии, а пелагониската епископија била подигната на ранг на митрополија - од чија столица секогаш се прогласувал Охридскиот Архиепископ.
ЈАс мислев дека Барбарас е топоним кој потекнува од Филип Втори и македонското кралство, кога оваа точка била северна граница и премин кон „варварските“ земји.... ама ... би ценел ако некој знае да го објасни ова подобро, како и потеклото на топонимот.
Извинете за бегањето од темата уште еднаш.
 
Па не немам големо познавање на деталите од крстоносните војни само знам дека ја тероризирале визнтија во овој период 3тиот конкретно каде што бил вклучен лавов може он со неговата армија ете не....
Во 3тата крстоносна војна биле вклучени 3те најмоќни кралства во европа - Ангија, Франција и Светото Римско царство. Едино Ричард стигнал до Акра. Фридрих Барбароса и неговата армија поради својата бројност била пренесувана исклучиво по копнен пат, така да им останал само патот по теснецот кај Мраморното море - поточно Констатинопол. Подоцна Фредерик умира во бизарна смрт - се удавува во рекичка кај Бодрум што доведува до паѓање на моралот на целата негова војска.
--- надополнето: 8 април 2012 во 18:38 ---
Малку оф-топик, ама...
Од некого слушнав како во текот на походот на Црвенобрадиот (Барбароса) низ територијата на денешна Македонија, пелагониските благородници собрале војска која го пресретнала Барбароса кај преминот кој денес се вика Барбарас (меѓу Пелагонија и Поречие) и се судриле со неговата војска. Во оваа битка, наводно, Барбароса загинал, а најблиските команданти му го ставиле телото во буре со оцет и го носеле до Ерусалим не откривајќи дека веќе загинал за да не го урнат моралот на војската. Подоцна, пелагониските благородници, како возврат од Византија добиле разни привилегии, а пелагониската епископија била подигната на ранг на митрополија - од чија столица секогаш се прогласувал Охридскиот Архиепископ.
ЈАс мислев дека Барбарас е топоним кој потекнува од Филип Втори и македонското кралство, кога оваа точка била северна граница и премин кон „варварските“ земји.... ама ... би ценел ако некој знае да го објасни ова подобро, како и потеклото на топонимот.
Извинете за бегањето од темата уште еднаш.
Значи вакви ствари само светот може да ни се смее.
Фредерик како што реков погоре не умрел таму туку подоле, кај бодрум. Второ точно дека имал контакт со тукашниве велможи, но тие биле во негова соработка и давале војска.
 
ЗАтоа и си прашав и ставив „наводно“ насекаде каде што се сетив низ текстот што го напишав. Ова го слушнав еднаш и единствен пат и не успеав да најдам никаква референца што би потврдила вакво толкување, па затоа и прашав, кога сме веќе кај крстоносците низ Византија... е, сега, за топонимот...
Фала ти во секој случај.
 
Малку оф-топик, ама...
Од некого слушнав како во текот на походот на Црвенобрадиот (Барбароса) низ територијата на денешна Македонија, пелагониските благородници собрале војска која го пресретнала Барбароса кај преминот кој денес се вика Барбарас (меѓу Пелагонија и Поречие) и се судриле со неговата војска. Во оваа битка, наводно, Барбароса загинал, а најблиските команданти му го ставиле телото во буре со оцет и го носеле до Ерусалим не откривајќи дека веќе загинал за да не го урнат моралот на војската. Подоцна, пелагониските благородници, како возврат од Византија добиле разни привилегии, а пелагониската епископија била подигната на ранг на митрополија - од чија столица секогаш се прогласувал Охридскиот Архиепископ.
ЈАс мислев дека Барбарас е топоним кој потекнува од Филип Втори и македонското кралство, кога оваа точка била северна граница и премин кон „варварските“ земји.... ама ... би ценел ако некој знае да го објасни ова подобро, како и потеклото на топонимот.
Извинете за бегањето од темата уште еднаш.
Не поминувал воопшто низ територијата на денешна Македонија!
http://fr.wikipedia.org/wiki/Fichier:Troisième_croisade.JPG
 
^ Можно е, бидејќи сегашната територија покрива многу мал дел. Знам дека имале контакт со тукашниве кралства, низ балканот.
 
Б'лгарсијат цар им дал дозвола да поминат за да нападнат Константинопол, од територијата на денешна Македонија само добромир Хриз како федерат на бугарскиот цар може да е имал некакви контакти со нив .
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/62/Bulgaria_under_Kaloyan.png
 
Ричард Лавовото Срце е се само не добар Крал.
Неговиот Татко Хенри II никако не сакал тој да го наследи престолот. Ричард направил сојуз со Франција, ветувајќи им ја Нормандија и заедно со Франција го поразил сопствениот Татко, па така станал крал. Инаку роматичните прикаски за Робин Худ направија од него јунак.
1968 е снимен одличен филм Тhe Lion in winter, во кој е покажано какво мислење имал Хенри за своите синови.
Погледајте траилер кој трае три минути
http://www.youtube.com/watch?v=5cVwBjwRGgg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom