Синус Пилонидалис | Sinus pilonidalis (внатрешни влакна)

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ја сум опериран од ова 2 пати! Првиот пат демек успешно,ама за 2 месеци почна да ми тече гној, крв што знам што. После тоа чекав едно 6 месеци, па отидов на операција пак. Лежев една недела во болница, ништо не јадев. Мене ме шиеја, и по една недела отидов на преврска. Мислам дека треба да одиш 2-3 пати отпочеток во болница или кај матичен да те преврзат. После тоа ке можеш и сам дома, ке биде подобро зараснато-колку толку.
 
Јас сум опериран од ова во воена болница пред 3 години и од тогаш сум супер.Ме оперираа со локална анестезија околу местото а не ме шиеа туку ме залепија.Воопшто не беше болно,дури на забар е пострашно.Да,тоа е некој лепак со медицинско име кој се изработува од сопствената плазма,значи ми земаа крв околу 300 грама и од тоа го направија лепакот,исекоа,исчистија,залепија уште одма ме легнаа на грб поручекта станав,шетав а другиот ден си отидов дома.Нема никаков ризик од инфекции бактерии и слично затоа што одма се затвора раната и не боли како кога е шиено и има конци а во самиот лепак има плус антибиотици кој делуваат директно врз раната.Ептен светска работа,само чини околу 350 еу комплет со се една ноќ лежење.Ова го прават само во воена болница
 
Toa е фибрински лепак. Може да кажеш кој доктор те оперираше и ако си во тек да пишеш дали е суште во воена болница?
 
Зафатот го прави др Галески абдоминален хирург а лепакот го изработува др Киро Георгиевски,тој е директор и трансфузиолог на трансфузиологија во воена болница.Е сега немам контакт со нив ама можеш да отидеш таму и да побараш некој од овие двајца па да се договориш.Барем јас кога бев не беше лудница како во државна,гужви нервози и сл. а и далеку е посредено и чисто со културни услови за лежење и сите тие работи.
 
Исто на комшиче едно кај мене Галески го оперираше и презадовлни ептен, сега девојчето после 1 година нема ни белег од резот ни ништо ептен супер ја сработи и им кажал дека фистулата скроз ја одстранил со се самиот корен, одете до Воена конуслтирајте се пред опреации не легнувајте под сечиј нож ебаго и незаборавајте дека ова е Македонија, оние хирурзи што се саглам на прсти се бројат.
Ај со лесно нека ви е!
 
Луѓето се ептен саглам и професионалци.Без разлика каде ќе се одлучите да направите операција не чекајте затоа што само ќе си направите полошо.Тоа можеби ви се гледа дека е смирено ама внатре си работи и прави процес кој се шири,лек нема мора да се извади,што поскоро тоа подобро.Сведок е еден мој комшија кој што го чуваше така скоро 20 години,едвај го оперираа дури му правеа снимки на дебелото црево се сомневаа дека е пробиено натаму,си заработи многу тешка и комплицирана операција па се оправаше повеќе од шест месеци
 
Ај ќе помине... Шо да праам, да кукам не може...
 
Мене ми е страв дека и јас имам синусно влакно пред околу еден месец од кај опашката ми течеше нешто како гној.. светло црвена крв и ме болеше чешаше не ми даваше мира, така два три дена има на вешот и констатно си течеше потоа снема и јас од срам не ни кажав на моите мислев се е ок и заборавив на тоа,Но пред 4-5 дена почна пак да ме чеша некаков притисок ми прави и долж средната линија задникот ми е црвен а немам гној или крв што и да е како порано, а во горниот дел кај опашката има нешто како топче и на него како „црнко„ како влакно незнам што е проблемот читав по интернет па според мене си мислам дека е синусно влакно ај ве молам помагајте .. :/
 
Подобро оди веднаш на лекар, пред да се инфицира.
Ние не можеме да ти помогнеме, а тоа не се лекува сам дома.
Што и да е, докторите најдобро ќе ти помогнат.
Инаку да, ,,звучи,, како влакно, но никој од нас не може да ти постави дијагноза.
 
здраво сеуште не сум отишол на доктор .. поминаа веќе дваесетина дена но сега некако е подобро не ми е толку црвено местото само по малку ме чеша кога седам подолго време но до сега не е имало гној или било каква течност како порано и се тешам дека не е ништо . Но дали може од ,влакното, да нема гној или што и да е ? или мора да тече гној постојано како што читам по нет :/
 
Не мора постојано да ти тече гној. Тоа собира цело време, па знае да пукне и некој период да тече гној.Оди на лекар и нека ти кажат дали е синусно влакно.
 
Има некој искуство со ова? Го правеле некој операција? Искуства ве молам. Задоволни, незадоволни од тој што ви интервенирал. Препорачајте доктор. Латински израз sinus pilonidalis.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom