Бесплатен аранжман за 500 лица за квалификацискиот турнир во Гетеборг!

  • Креатор на темата Креатор на темата Шеј Лонг
  • Време на започнување Време на започнување

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Почитувани,

Информираме дека Агенцијата за млади и спорт и компании спонзори- пријатели на ракометот, организираат бесплатен аранжман за проследување на натпреварите на македонската ракометна репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, кој ќе се одржи во Гетеборг, Шведска од 6 до 8 април 2012 година.

Предвиден е организиран аранжман за 500 лица, од кои 400 лица ќе бидат избрани по пат на лотарија, а 100 лица ќе бидат претставници на навивачките групи од Република Македонија.

Лицата кои сакаат да конкурираат за избор преку методологијата на лотарија, треба да поднесат електронски пријави на web страната www.ovaemakedonija.mk каде постои унифициранa апликација за конкурирање.

Во рамките на апликацијата на пријавата, заинтересираните лица треба да ги поднесат следните податоци:
-име и презиме
-број на патна исправа-пасош(задолжително е поседување на биометриска патна исправа)
-контакт телефонски број
-email адреса

Процесот на конкурирање започнува денес(понеделник, 2 април 2012 година) од 23:00 часот и ќе трае до утре(вторник, 3 април 2012 година) до 18:00 часот. Извлекувањето на лицата кои конкурираат за добивање на аранжманот и учество во навивачката експедиција ќе се изврши во рамките на специјално организирана емисија на Македонската радио-телевизија која ќе се емитува утре(среда, 3 април 2012 година), на првиот програмски сервис со почеток во 20:00 часот.

Аранжманот вклучува:

-бесплатна карта за организиран автобуски превоз на релација Скопје - Гетеборг. Автобусите тргнуваат од автобуската станица во Скопје во среда на 4 април 2012 година рано наутро. Навивачите кои ќе бидат избрани, треба да бидат присутни на автобуската станица најдоцна до 7:00 часот во среда на 4 април 2012 година од каде организирано ќе се упатат кон Гетеборг. Враќањето од Гетеборг кон Скопје е предвидено за недела 8 април 2012 година, по завршувањето на натпреварот помеѓу Македонија и Бразил.

-бесплатен претстој во сместувачки капацитети во Гетеборг, Шведска, кое вклучува две ноќевања(петок 6 април кон сабота 7 април, и сабота 7 април 2012 кон недела 8 април 2012) со појадок.

-бесплатни влезници за натпреварите кои македонската ракометна репрезентација ќе ги одигра со Унгарија(петок, 6 април 2012 година), Шведска(сабота, 7 април 2012 година) и Бразил(недела 8 април 2012 година).

Информираме дека утре(вторник, 3 април 2012 година), со почеток во 10:00 часот, директорот на Агенцијата за спорт и млади, г-дин Лазар Поповски, во просториите на Агенцијата, ќе одржи прес конференција на која ќе соопшти и останати детаљи од интерес на јавноста.





Со почит,
Одделение за односи со јавност



Извор: ФБ страната на Агенцијата за млади и спорт.
 
Ќе биде исто како со овоа наградите за Белград.
70% неизвлечени луѓе ќе идат ќе идат а 30% од оние кои навистина добиле аранжман. ;)
 
Сепак дадени се 100 карти за навивачките групи,ние како група(Комити)се изјаснивме дека нема повеќе да прифаќаме билети за вакви настани,значи останува Пирати и Чкембари да си ги поделат картите(како што беше и во Ниш)! Иначе супер бројка е ова од 500 луѓе,јас можно е да пратам на лотарија иако 90 посто се знае дека нивни луѓе ке одат,како и дае добар потег на владава:)
 
Убаво, ќе има солидна бројка у Гетеборг, 3000 души според проценките. Not bad! Уште ракометарите да си ја одработат задачата и славје. :)
 
Па добро бе мајкуму, 500 души со автобус !? Поевтино ќе ги фатеше два чартера... Али ајде, ќе си ја пробам среќата... :)
Ќе изгледаме помоќно 10 автобуси бе :D........
Како и да е........немам обврски,ми се патува,обожавам ракомет...............why not :)
 
Ќе изгледаме помоќно 10 автобуси бе :D........
Како и да е........немам обврски,ми се патува,обожавам ракомет...............why not :)
Уште да имаш среќа..... :D
 
И јас ќе си ја пробам среќата, ме извлекоа за Белград оти да не навиваме сега и во Шведска :cool:
 
Па добро бе мајкуму, 500 души со автобус !? Поевтино ќе ги фатеше два чартера... Али ајде, ќе си ја пробам среќата... :)
Бегај бе какви чартери,ризично е :)
 
За во Белград не пополнив поради фактот што ни на крај памет не ни помислував да се качам во „наш“ воз. А нели да патувам до Белград половина ден.

Сега... уел, ќе си ја пробаме среќата. :D
 
Се пријави некој ја отворија страната? Мене не ми ја дава сеуште.
 
Jas prvpat ke se prijavam , no kolku sto gledam uste ne e dostapna aplikacijata
 
Со самиот факт што уште не работи апликацијата посочува кон другите недостатоци кој секако ќе постојат... каснење на автобусите, тепачки, дивеење низ културен град... пирати со нивни маички, ФА истотака... the show goes on xD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom