Програм - аудио/видео записи

  • Креатор на темата Креатор на темата Ale16
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Возраст
32
Барам програм кој што ке може од аудио/видео записи (говорот) да го претвара во текст. (на англиски:D ). Однапред благодарам!
 
Барам програм кој што ке може од аудио/видео записи (говорот) да го претвара во текст. (на англиски:D ). Однапред благодарам!

6 мислења и тема одма :tapp: само прима потреба отвараш теми а? камо никој да не ти одговори (n)
 
Па нема што да се одговори. Едноставно не постои таква програма....youtube прави нешто такво и епик преводи излегуваат :D
 
У виндоус 7 има опција да диктираш со глас и то да се запишуе у ворд. Ама циркуси излегува...
 
Барам програм кој што ке може од аудио/видео записи (говорот) да го претвара во текст. (на англиски:D ). Однапред благодарам!

Dragon dictate, крај на приказната.
 
абе имаше некој програм од говор во текст ама ќе треба да опрчиш 500-600$ мин за да го купиш, јас пробав демо верзија ама беше голем фаил само сврзници ми запишуваше
 
Па нема што да се одговори. Едноставно не постои таква програма....youtube прави нешто такво и епик преводи излегуваат :D
Хаха, поготово на македонски ко че го пуштиш да ти преведува... :D
BTW, не знам таква програма :P
 
Може ќе најдеш некоја ама нема да ти пишува убаво сигурно како што кажаа и другите. Околу 2020 ке има сигурно :):):)
 
Користењето на speech to text е долг и макотрпен процес, по што дава одлични резултати. Но не е за некој кој очекува веднаш по инсталирањето да добие 100% точен напишан текст. Патем има одлични програми кои со децении се развиваат на ова поле, а прашање е и воопшто дали се равиваат повеќе алгоритмите за распознавање или само дополнителни опции, затоа што самото распознавање е на прилично високо ниво.
 
Грешка си, распознавањето не е на толку високо ниво. Впрочем, јадни се перформансите за јазици како Македонскиот. Луѓето уште имаат далеку подобри перформанси од компјутерите на ова поле и веројатно ке остане така уште долго време.
 
Перформансите за јазиците како македонскиот се јадни затоа што никој не работел на него, освен индивидуалци кои за кратко време креваат раце. Зборувам за самите алгоритми дека се прилично напредни, а базата на локални јазици секако дека мора да се полни и тоа не е проект кој треба да го работи еден човек сам, туку координиран тим. Како и да е, во право си дека се далеку од употребливи за македонски јазик, посбно па веднаш по инсталација како што најчесто очекуваме, но барањето пред се беше за англиски, така да може да заврши одлична работа.
Да напоменам, покрај тоа што софтверот треба да се тренира, секако треба да се тренира и оној кој ќе диктира. Исправна нарација, стабилно темпо на говорење, околина без многу шумови и сл. се предуслови за користење на ваков софтвер
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom