Преработки кои се попопуларни од оригиналите

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
1

Сите овие кои преработиле имаат уште минимум 3,4 преработки кои се донекаде попопуларни/послушани од оригиналите.
И не е секогаш во прашање немањето идеја и креативност. Често пати со преработка се оддава почит кон оригиналниот изведувач , фаворизирање кон авторот или трибјут во негова чест.

Јасно, ама сепак види во последниве години, растур се направи со преработкиве, има одредени изведувачи што мислам дека една своја песна не направија, се се кавери на некои други, а тоа сепак мислам дека поттекнува од недостиг на креативност и одење по веќе познат шаблон.

Но, сепак се согласувам со тоа што ти го болдираше, ама мислам дека сепак во вакви ситуации многу е битен и кредибилитетот на изведувачот што ја преработува песната или не. Имаше една типка Стефани ли беше, не знам, веза немам како беше, не е ни битно, ја обработи Unforgiven од Металика, да биде уште полошо, беше поп преработка и мене ми звучеше лошо, а и на повеќето што ја слушнаа... Сепак мислам дека за да правиш преработки посебно на силни и јаки групи или пејачи или пејачки (без разлика на кој жанр) треба да имаш кредибилитет изградено . :)
 
Точно, да. Но тие се само група на вжештени глави со помешани хормони кои ги користат ушите само за рамнотежа. Тотални дибидуси во музиката кои мислат дека со правењето кавер/преработка на одредена , некогаш и култна песна ќе го постигнат врвот на славата преку ноќ.

Жалосно е само тоа што со упропастување на добра песна повлекуваат и голем број на фанови кои ги охрабруваат да го прават истото одново и одново. Резултат на сето тоа: Eден куп уништувачи на добра музика кои се шират како вирус , навлекувајќи еден куп генерации на нивното сра*е.

Тоа што јас го болдирав и го споменавме предходно не постои повеќе , а за ова сега што правиме муабет, постои и ќе трае уште долго време. За жал!

Простете ни за офф топик :)
 
Ке заборавев

Оригинал
Преработка
[/quote]

ова не е преработка, и двете песни се од Laura Pausini,само што едната е во англиска верзија,Sweet November не е група туку филм со Киану Ривс и Шарлиз Терон
 
Па не е баш оф-топик, горе-доле пак се вклопува во муабетот... Има оф-топици и благи оф-топици, ова пак влегува во муабетот.

Како и да е, во темава може да видиме и доста квалитетни обработки кои ќе постојат и ќе бидат слушани уште многу многу време...

Еве уште еден пример, интересно... Со години мислев дека на Арета е оригиналот и случајно ја слушав песната и од страна ми се појави оваа верзија и кога со малце чачкање открив дека всушност на Отис е оригиналот...

VS.

1.
ова е оригиналот

2.
а ова е акустик верзијата

ЗНАЧИ ваков глас не сум слушнал у животот СЕКОЈА ЧЕСТ !
 
1. Hallelujah. Оригинал на Леонард Коен, препев на Џеф Бакли. Мал милион пејачи ја имаат преработено песнава, а да не зборам колку е популарна по оние музички шоуа од типот на Идол. И добар дел од луѓето абер немаат дека е на Леонард Коен, дури сум среќавала добар дел на мислења дека оваа песна на Бакли е најубава. А не е ни негова. Како и да е, човекот и даде невиден шмек на песната. И тоа не ни планирал да ја стави на албумот Grace. Некој пријател му сугерирал да ја препее и постави чисто за песната да не се изгуби.

2. Whiskey in the jar. Оригиналот е на Тин Лизи, препевот на Металика. Исто и за оваа песна, многумина мислат дека е авторска песна на Металика. Ова е една од најдобрите преработки. Предобро. И повеќе ми се допаѓа од верзијата на Тин Лизи.

Whiskey in the jar е стара ирска народна песна и ја имаат преработено многу други бендови пред Тин Лизи.Тоа ти е исто ко да пишеш дека „Јовано, Јованке“ е од Леб и Сол.
 
Whiskey in the jar е стара ирска народна песна и ја имаат преработено многу други бендови пред Тин Лизи.Тоа ти е исто ко да пишеш дека „Јовано, Јованке“ е од Леб и Сол.

Фала на корекција.
 
Oригинал

Преработка

Фузија <3

Oргазам.

RandyMarsh.jpg
 
Personal Jesus подобра ми е од оригиналот од Депеш Мод, а Sweet Dreams подобра е оригиналот од Јуритмикс али добар е и каверов
 
Па не е баш оф-топик, горе-доле пак се вклопува во муабетот... Има оф-топици и благи оф-топици, ова пак влегува во муабетот.

Како и да е, во темава може да видиме и доста квалитетни обработки кои ќе постојат и ќе бидат слушани уште многу многу време...

Еве уште еден пример, интересно... Со години мислев дека на Арета е оригиналот и случајно ја слушав песната и од страна ми се појави оваа верзија и кога со малце чачкање открив дека всушност на Отис е оригиналот...

VS.

И нормално ланскиот летен хит на Barbara Tucker
 
Оригинал

Преработка
Песнава звучи ебено добро во изведба на Вајт Страјпс.Плус, текстот е тажен па повеќе и одговара побавно темпо :)
 
Не знам дали е баш за во темава поради спојот од неколку песни, по е некако a cappella mash up, aма ај мислам дека е вредно претворање синтетички звук во природен :) Дечкиве работат доста вакви преработки од познати соло - артисти и групи.

1.Оригиналите од Prodigy
Out of space
No good
Smack my bitch up
Omen
Breathe
Firestarter
И спојот од сите 6 - Viva Vox Choir верзија

2.
Rammstein - Du Hast
Viva Vox Choir - Du Hast
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom