Преработки кои се попопуларни од оригиналите

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Има песни кои се преработки а се подобри од оригиналот и обратно.
Оригинал
Преработка
Оригиналот овде, да не звучам просто ама ми делува пацерски. Нити звукот ми се допаднал ниту текот на песната .Ја имам неколку пати слушнато на радио и често пати сум ја имал реакцијата Угххх и сум сменувал кон нешто друго. Додека кај преработкава, земено е се од оригиналот и добро и лошо и е направена маестрална песна. И поготово стиховиве на Ци Ло најубаво му лежат.

Оригинал
Преработка
Се потсетив на оваа од членот погоре што ја спомна. Според мое мислење подобар е оригиналот. Се осеќа преку песната гневот на младите луѓе кои живееле со страв во Студената војна, страв да не бидат збришани од нуклеарен напад, страв да се искочи надвор, страв сите случувања и секавања од животот што ги имале да не се залудни. Затоа и Mad World се вика. Додека пак преработката од Гери Џулс иако е добра, ми создава само тага и депресија кога гледам реклами за филмови од Халмарк.
 
Во принцип сум “за“ преработки на песни кои порано не биле многу познати или пак не го добиле потребното внимание.
Со тоа ќе им се даде свежина и нова димензија.
Ама кога ќе видам кавер/преработка на ултра-популарна песна од минатото, си викам “Е добро бе од милион музички парчиња тие се фатија за тоа!“
 
Необично интересна тема.
Погледнете го големиот хит Proud Mary, автор е John Fogerty, а снимена e оргинално 1969 од Creedens Clearwater Revival.
Подоцна се снимени многу преработки на истата песна меѓу кои има и одлична верзија на Elvis Presley. Овде ја ставам верзијата на Тina Turner од1993.
Погледајте и споредете:
http://www.youtube.com/watch?v=7052IDTFuFQ
http://www.youtube.com/watch?v=GVLK6fBaAQI
 
Еве една ретка преработка на песна вредна за слушање.

Оригинал.


Преработка.


И еве ја истата песна, масакрирана и претворена во ѓубре. Зошто постои ова срање воопшто?

 
Креативност? нема веќе креативност ако слушнеш нечија идеа веднаш гледаш да ја украдеш ова народов незнае сам да си измисли нешто или пак да му дојде идеа се се чека од другите.
 
Креативност? нема веќе креативност ако слушнеш нечија идеа веднаш гледаш да ја украдеш ова народов незнае сам да си измисли нешто или пак да му дојде идеа се се чека од другите.

Ја прочита ли ти темата воопшто? :)
 
1

2


1

2

1

2

1 оригинал
2 преработка

Сите овие кои преработиле имаат уште минимум 3,4 преработки кои се донекаде попопуларни/послушани од оригиналите.
И не е секогаш во прашање немањето идеја и креативност. Често пати со преработка се оддава почит кон оригиналниот изведувач , фаворизирање кон авторот или трибјут во негова чест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom