Counter-Strike турнир вреден 7000 евра!

  • Креатор на темата Креатор на темата negisakamonnet
  • Време на започнување Време на започнување
Ај не збори на памет.
На WCG турнирот во Скопје имаше над 100 македонски екипи.
Да, но не се плаќаше учество. Сега треба по 15е од играч да се уплати. Макс 10 екипи од Македонија, не очекувајте повеќе... Нашиве „кланови“ мрчат кога Ентити ке се пријават на некој турнир тука, затоа што биле многу јаки и не било интересно, се уништувал натпреварувачкиот дух (јебига, деца)... Се надевам на повеќе екипи од соседите (Бугарија, Србија, Грција), затоа што им се платени патните трошоци до тука и назад. И риспект за На`Ви, се надевам дека после нив ќе потврдат учество уште неколку топ тимови во светот! (y)
 
Navistina bravo za Natus Vincere,a i konecno kaj nas nesto da se desi interesno.
 
Да, но не се плаќаше учество. Сега треба по 15е од играч да се уплати. Макс 10 екипи од Македонија, не очекувајте повеќе... Нашиве „кланови“ мрчат кога Ентити ке се пријават на некој турнир тука, затоа што биле многу јаки и не било интересно, се уништувал натпреварувачкиот дух (јебига, деца)... Се надевам на повеќе екипи од соседите (Бугарија, Србија, Грција), затоа што им се платени патните трошоци до тука и назад. И риспект за На`Ви, се надевам дека после нив ќе потврдат учество уште неколку топ тимови во светот! (y)

Многу е добро тоа што се организира ГОЛЕМ турнир во Македонија иако требаше и многу порано да се случи тоа . Подршка до организаторот и се надевам се ќе биде во ред и ќе се одржи турнирот.

Off-topic
@Closer
За да зборуваш за некоја тема треба да имаш факти за да ја докажеш истата ( конкретно за односите на другите тимови и Ентити ) . Подолго време сум во овој "филм" и ќе ти кажам дека моментално во Македонија има 4 екипи кои можат да го понесат епитетот "екипа" меѓу кои сите знаеме Ентити е најдобрата.
На турнирот може да се пријават било колку тимови од Македонија поради атрактивноста , но да не заборавиме 900 денари за 2 мапи да не се лажеме не би дал секој ,
односно неможе секој да си го дозволи тоа :)
 
Не знам колку ги пратиш случувањата, но знам дека, на пример, на инсомниа Ентити се растураат и прават два различни тима, бидејќи кога би отишле Ентити, би се знаело однапред дека тие ќе победат и немало да биде интересно :facepalm: . Од подобрите се учи, а всушност тоа децата ги демотивира (сакаат секогаш да излегуваат како победници). И се сложувам дека едвај на една рака можат да се избројат вистинските екипи во Македонија.
 
Турнирот е презакажан за порано,поради матурите.Сега ќе биде на
May 12-13
 
Многу е добро тоа што се организира ГОЛЕМ турнир во Македонија иако требаше и многу порано да се случи тоа . Подршка до организаторот и се надевам се ќе биде во ред и ќе се одржи турнирот.

Off-topic
Closer
За да зборуваш за некоја тема треба да имаш факти за да ја докажеш истата ( конкретно за односите на другите тимови и Ентити ) . Подолго време сум во овој "филм" и ќе ти кажам дека моментално во Македонија има 4 екипи кои можат да го понесат епитетот "екипа" меѓу кои сите знаеме Ентити е најдобрата.
На турнирот може да се пријават било колку тимови од Македонија поради атрактивноста , но да не заборавиме 900 денари за 2 мапи да не се лажеме не би дал секој ,
односно неможе секој да си го дозволи тоа :)

Кој се тие 4 екипи ако можеш да ги појасниш?
 
Кој се тие 4 екипи ако можеш да ги појасниш?
да , entity , kgt , chikara , bloody dignity . Другите (само на зборови "екипа" ) траат кратко и не оставаат ништо позади себе :)
 
да , entity , kgt , chikara , bloody dignity . Другите (само на зборови "екипа" ) траат кратко и не оставаат ништо позади себе :)
КГТ, не личат на тим, иако се трудат, не ги бива. БД, онака; имам играно со сите од нив, имаат потенцијал но не се уиграни. Ентити се класа за Македонија, па и за Балканот заедно со ХШБГ (Бугарија) и ајНејшн (Србија).
 
Би се сложил со горниот пост, Ентити се класа и немаат конкуренција на балканов !
--- надополнето: 23 април 2012 во 08:59 ---
Еве ги моменталните пријавени екипи, ова не се пробушта лиѓееее !
 
КГТ, не личат на тим, иако се трудат, не ги бива. БД, онака; имам играно со сите од нив, имаат потенцијал но не се уиграни. Ентити се класа за Македонија, па и за Балканот заедно со ХШБГ (Бугарија) и ајНејшн (Србија).
Нема нејасно тука , ентити се ногу подобри од сите други у Македонија , ја ти кажав кои се подобри и за кои знам дека разбираат нешто :) Додуша пошо кај нас само ентити се на некое семи-про ниво кај сите други редовно има измени у тимовите по играч-два мада и со тие промени они би збришале било која лоурејтед екипа од Македонија :) Како и да е местото за докажување се знае , таму да докажеме не тука на форум =)
 
Екипата на Digital Gang во соработка со Инсомниа ве поканува на евентот Skopje CS Masters кој ќе се одржи на 12-13 Мај, 2012 година во градот Скопје, Македонија – поточно во спортската сала Борис Трајковски. На евентот се планирани учесници од повеќе земји. Планираниот број на екипи се 112, од кои 70 места се резервирани за локалните тимови. Секој има право на учество на овој евент.
Форматот на играње е следниов:
Прв ден: Првиот ден low-seed екипите одредени од организацијата ќе играат во групи составени од по 3 екипи каде првопласираниот од групата иде во фазата на елиминација. Од останатите 32 екипи се прави ждреб на лице место и се одредуваат натпреварите кај кој победникот се пласира во вториот ден. Елиминациониот натпревар ќе се одвива во форматот B03.
Втор ден: Квалификуваните 16 екипи од првиот ден ќе им се придружат на носителите на евентот. Вториот ден се составуваат 8 групи од кои првите две екипи одат понатаму. Натамошниот дел се игра во форматот B03 се до големото финале.

Натпреварувачите ќе имаат огромна причина да учествуваат на овој настан со тоа што ќе можат да си ги наострат сетилата и рефлексите со едни од најдобрите играчи на Counter-Strike во светот, и да учествуваат во огромен настан досега невиден на овие простори. Натпреварот ке биде пропратен со забавна програма проследена со разновидни наградни игри со што организацијата ке ги задоволи апетитите на сите, безразлика дали учествуваат во натпревари или не. Натпреварите ке бидат проектирани во живо со што сите ке искусат како се игра играта на највисоко ниво. Ќе бидат поставени 100 маси и 400 столчиња со што сите присутни ке можат да го гледаат најатрактивниот меч кој ке се игра на бината, гостите ке можат да седнат на еден оброк или да се освежат, а играчите да се одморат и направат стратегија за нивните следни натпревари. Целта е да има голема посететеност пред се од Македонија, но и од цел Балкан како и најелитните играчи на играта, со што спонзорите ќе можат да се рекламираат пред голем спектар на посетители и да докажат дека Македонија е доследна на сите земји во ИТ сферата и сите останати полиња кои ги опфаќа овој меѓународен настан. Голема забава и спектакл за сите оние кој некогаш заиграле "counter-strike", настанот ке трае два дена, но доколку ги задоволи сите присутни и секој замине насмеан, ние креаторите на оваа цела идеја ке се потрудиме да прерасне во традиција. За да бидете дел од овој настан или да дознаете нешто повеќе посетете ја http://mightyit.mk/2012/04/skopje-cs-masters/ или контактирајте го организаторот на contact@mightyit.mк

http://insomnia.com.mk/index.php?option=com_kunena&func=view&catid=13&id=3103&Itemid=238
--- надополнето: 27 април 2012 во 10:44 ---
Организаторот се потруди настанот да добие поголема димензија посебно за македонските тимови и одлучи за предквалификацискиот натпревар да додели и награди а со тоа да го крене на повисоко ниво самиот евент.

Дали сте спремни за најголемиот натпревар во Counter-Strike на Балканот? Ве известуваме дека во финалето кое ќе се одржи вториот ден, ќе играат 40 од странските екипи и 15 од најдобрите Македонски екипи, директно, без квалификации. Тоа се 55 екипи вкупно кои ќе се натпреваруваат за големата награда. Во првиот ден ќе се одржат квалификации од кои првите девет ќе влезат во финалето во вториот ден. Но најдобрите од првиот ден не ги забораваме, првите три места од натпреварите од првиот ден ќе освојат парични награди >

1. 20 000 денари

12. 10 000 денари

3. 5 000 денари

НАПОМЕНА!!!

Новина е и тоа што Македонските тимови ќе може да уплаќаат и во клубовите Инсомниа 1 и Инсомниа2
во Железничка (070/410949) и Т.Ц Лептокарија (070/410959) каде што со уплата од 3000 ден добивате
5 списанија mightyIT кои воедно се и влез за самиот настан.
Во сабота на 12.мај Екипите кои ќе играат предквалификациски натпревари добиваат шанса да освојат и парични награди како и слот за учество со најсилните тимови од Европа и Балканот.За тоа кои тимови ќе имаат право директно да играат во Недела на 13 ти мај , а кои ќе играат предквалификации на 12 ти мај ќе одлучи организаторот во зависност од бројот на пријавени тимови.
 
Дали добро видов или Na Vi се украинците шо го земаа дота 2 турниот?
 
Прашувам дали е таа (вистинската) организација или некој фејк копи тим?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom