- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
Бугарските јавни архиви откриваат
"Америка ќе организира поткопувачка дејност во Југославија. За таа акција во американската сојузна државата Њу Џерси се подготвувале млади Срби, Хрвати, а можеби и Бугари. Планот бил, кога тие добро ќе се обучат со потребните воени вештини, преку Грција да се инфилтрираат во Југославија" - им пишувал митрополитот Симеон во 1974 година на своите налогодавачи во Софија
Соединетите Американски Држави во седумдесеттите години од минатиот век се подготвувале да извршат преврат во Југославија во случај да умре Јосип Броз Тито. Поточно, тие стравувале дека, кога Тито ќе замине од историската сцена, осоколениот СССР би можел да изврши инвазија на најзападната комунистичка земја, па Американците решиле тоа да го спречат. Наводниот план на САД, на чие чело тогаш бил Ричард Никсон и кој имал добри односи со Тито, излегол во јавноста кога се отворени тајните архиви на бугарската државна безбедност. Меѓу многубројните документи пронајдени се и извештаи на митрополитот на Бугарската православна црква Симеон Костадинов, кој бил и еден од најспособните агенти на бугарската тајна служба во САД, јави вчера Верската информативна агенција, која се повикува на пишувањето на бугарскиот печат.
Митрополитот Симеон во тоа време бил на служба во Америка, но редовно им испраќал извештаи на бугарските власти. По отворањето на бугарските тајни архиви на јавноста и станале достапни "повеќе тони" извештаи кои митрополитот ги испраќа во "централата" од Соединетите Американски Држави каде делувал цели четиринаесет години, од 1966 до 1980 година.
"Америка ќе организира поткопувачка дејност во Југославија. За таа акција во американската сојузна државата Њу Џерси се подготвувале млади Срби, Хрвати, а можеби и Бугари. Планот бил, кога тие добро ќе се обучат со потребните воени вештини, преку Грција да се инфилтрираат во Југославија" - им пишувал Симеон во 1974 година на своите налогодавачи во Софија. Митрополитот тврдел дека тајниот документ лично му го покажало едно американско официјално лице на армијата. Во тајниот документ, за Американците се користел терминот "мачор", за Советите "мачка", а за Југославија деминутивот "маченце"! Со тие планови биле запознати и Велика Британија и Франција.
Покрај тоа што се покажал како многу способен агент, Симеон, по се изгледа бил исклучителен аналитичар. Така, во еден свој допис овој шпион го изнел и своето мислење дека Југославија ќе се распадне по паѓањето на железната завеса. Пишувал и за дејствувањето на Хрватското ослободително движење, една од најголемите организации на усташката емиграција, која кон средината на педесеттите години од минатиот век во Аргентина ја основал Анте Павелиќ.
Секако, истите извештаи на Симеон биле проследени до Советскиот Сојуз, каде биле воодушевени од постигнувањето на бугарскиот агент, кој во САД работел под кодираните имиња "Христов" и "Тодоров". Бил познат и по тоа, што тајната служба редовно ја известувал за рутите по кои луѓето бегале од Бугарија, а кои воделе преку Турција и Грција. Работел во првото одделение на тајната служба каде дошол во чин мајор. За ажурноста на агентот Симеон доволно говори и тоа, што неговите "собрани дела" кои се откриени во архивите на бугарската тајна служба, имаат дури 27 томови. Митрополитот бил и исповедник на бугарското царско семејство Сакс-Кобург во егзил.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FBC9DDC51782F440A8885D784A0CD1AE