Со автобус од Гевгелија до Скопје на една нога!

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
АКО Е ОВА БИЗНИС КЛАСА, КАКВИ ЛИ СЕ ДРУГИТЕ?!
На бизнис-линијата од Гевгелија до Скопје сообраќа само еден автобус, којшто веднаш се полни со дозволениот број патници, а потоа и се преполнува со уште толку патници. Карта за седење и за три часа стоење има иста цена

A022E922B1DCC0448D8612D6804B170A.jpg
Ако си доволно брз и умешен, а имаш и среќа, ќе најдеш место во автобусот и како човек ќе се возиш до Скопје. Ако не, ќе си стоиш два-три часа иако имаш автобуска карта". Вака изреволтираните граѓани реагираат на секојдневните турканици со кои се соочуваат при патувањето од Гевгелија до Скопје.
Всушност, на бизнис-линијата од Гевгелија до Скопје сообраќа само еден автобус, којшто веднаш се полни со дозволениот број патници, а потоа и се преполнува со уште толку патници. Карта за седење и за три часа стоење има иста цена. Бизнис-автобусот од Гевгелија до Скопје тргнува во шест часот наутро и вози директно до главниот град без запирање во Демир Капија, Неготино и Велес. Оваа линија обично ја користат најголемиот број гевгеличани, бидејќи им е битно навреме да стигнат до Скопје на работа, факултет или да завршат некоја деловна обврска. И никој од нив не сака цели два часа да стои на нозе. Еден од возачите за Вечер изјави дека иако знае дека превезувањето поголем број патници од дозволеното е строго забрането, немал друг избор, бидејќи секој што дошол дента да се качи во автобус, морал да стигне навреме во Скопје. А на прашањето зашто автобускиот превозник не пушти уште еден автобус кога заинтересираноста на граѓаните е голема, тој изјави дека тоа засега не е можно поради кризата во која се наоѓаат веќе подолг период, додавајќи дека се надева дека ситуацијата набрзо ќе се реши.
Од Министерство за транспорт и врски велат дека се запознаени со овие случаи и дека преземаат мерки за нивно санкционирање.
- Во согласност со Законот за безбедност на патиштата со моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број што е означен во сообраќајната дозвола, односно во потврдата за регистрација. За правното лице кое ќе нареди или дозволи да се превезуваат лица спротивно на овие одредби е предвидена глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност, глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност е предвидена за одговорното лице во правното лице и глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност е предвидена за возачот кој постапува спротивно овие одредби, велат од Министерството за транспорт и врски.
Освен со превозот граѓаните на Општина Гевгелија се соочуваат со уште еден сериозен проблем - немаат автобуска станица, па жителите буквално немаат каде да се информираат дали, кога и каде има автобус. Освен што не можат да дојдат до потребните информации жителите не можат да си купат ни билети, па тоа е решено така што билети се издаваат во автобус и без фискална сметка. Од Општината во Гевгелија велат дека се свесни за проблемот со којшто се соочува градот и жителите, меѓутоа засега се уште се бара соодветна локација.
- Постојат две опции за новата автобуска станица. Едната локација е местото каде што беше старото училиште Владо Кантарџиев", а другата е транспортниот центар на железничката станица. Мора да напоменам дека Општината нема да ја гради и нема да инвестира во самата автобуска, туку инвеститорот кој ќе биде заинтересиран и ќе се јави на распишаниот јавен повик, вели Виктор Гавровски, советник во Советот на Општина Гевгелија. ( И.Р.)

Билетот од Гевгелија до Скопје, што се добива во автобусот во еден правец чини 290 денари, а повратен е 480. Ваков проблем немаат само оние кои патуваат од Гевгелија до Скопје. За илустрација, некои од превозниците кои возат на релација Крушево - Скопје наместо 27, колку што има седишта во минибус, превезуваат и до 40 патници. Цените за повратен билет купен од автобуска станица на оваа релација чини 630 денари, за неколку километри помалку, купен билет во автобус, од Кривогаштани до Скопје чини 500 денари, но без место за седење. Прилепчани пак, стоечки да стигнат до Крушево плаќаат 100 денари.

Извор http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D54D7D1D9FE8F344BE698F64D79439E2
 
Да ги казнат ќе видиш како ќе пуштат одма 2 автобуси, и до толку ли нема други што ќе конкурираат на овие ? чим има скоро дупло народ нека пушти друг превозник автобус и сигурно нема да купуваат карти во првиот ако знаат дека нема место.
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Нека кажат Гевгеличани, ама мислам дека само Млаз - Богданци возат на таа линија.Барем според страната на АС Скопје.Трансбалкан се со малку возила за конкуренција, а Амиго Компани бараа линии од Министерство, им беа одбиени поради возниот ред (со електронскиот начин на добивање линии ако 2 или + линии се поклопени со станиците, морат да се на минимум различно тргнување според километражата, шо не било случај до пред воведувањето на новиот начин на распределба, па имало случаи 2 превозници да одат во исто време.На помалите линии минимумот е 20 - 60 мин.,на подолгите (обично меѓународни) и до 120 - 240 минути).
 
- така ќе е, кога за се се мора во Скопје,
некои да го видат Ацета од под портата
некои за да бидат видени во Веро и Рамстор
а некои за на Факултет-катедра за Смокви и Калинки
ај сега бери им памет, џоа не можело таму да има
Факултет за зелени краставици,оние долгине што
ни ги носат цело зимо од таму. А возо оди ли таму.
 
А бе кој превозник кои црни автобуси... ова е најверојатно некој човек фирма кој ете некако допол до пари да купи неој автобус на старо од некоја пропадната авто-компанија е врши превоз. Непишано правило е да секој патник мора да се качи ако сака да се качи. Бидете и вие тргнати за некаде и нека не ве качат во автобус па ќе правиме маубет. Така овај некој од гевгелија така и скорпион крушево бидеќи за него се прави муабет верувам. Чоекот тргнува од скопје во 6-6.30 вечерта. Биди и “ти“ некој кој мора да си појди за крушево вечерта и нека не те качат... И да идиш со друг автобус или воз за прилеп кој ќе те однеси до крушево во 8.30-9 вечерта (кога поминува тоа автобувче тука) или офарда си некој па ќе дадеш 700 за такси прилеп-крушево или 50Е скопје - крушево ... Текстот е безврска и тотално тролување над маките над оние кои мораат да се шлаат по автобусите. Тој што го пишувал дал се има качено во градски а не пак вака на поголеми релации.
 
Никој не рече дека не се качиле ама седеле многу луѓе простум.Добро си беше напишано, проблемот не е дека не ги качувале туку дека во еден автобус одат по 70,80 души за да не пуштат и друго возило.Не е в ред двајца да платат иста цена, едниот да е седнат, а другиот простум.
 
седеле простум, ептен јака работа:)
 
Никој не рече дека не се качиле ама седеле многу луѓе простум.Добро си беше напишано, проблемот не е дека не ги качувале туку дека во еден автобус одат по 70,80 души за да не пуштат и друго возило.Не е в ред двајца да платат иста цена, едниот да е седнат, а другиот простум.
Е па баш тука е проблемот. За да не стојат некој треба да им рече стоп не влегувајте. Пишал тој горе дека нема автобуска. Размисли малку и стави се на местото на човекот што вози/наплаќа. Имаш 70 души и 50 седишта. Кој ќе влезе а кој не (?). не смееш да му наплатиш помалку зошто ти не си регистриран за превоз на луѓе стоеќи туку си имаш ценовник колку ти е карта. До човекот е дал ќе се качи или не а тој ете мора да појди Ск оти има потреба или тој од крушево да си појди дома. Ако си легален превозник имаш фискална или во најмала рака имаш парагони (а и картите се своевиден парагон зошто едниот примерок останува на блокот а другито ти го дава тебе) Ако правиме маубет за диви таксисти е друго но ова не е така сигурно. За гевгеличанецот не знам но за тој од крушево тргнува од меѓуградска (мислиш таму диви превозници тргнуваат ). Не пуштале друг автобус. Ако имаат ама чисто сумљам. Тие назад мислиш ќе летаат празни (?).
 
1.Не е до возачот, ниту до патникот туку до газдите.Ако имаш 50 седишта во автобус,а издаваш 78 карти ќе си пуштиш друг автобус или миди со 30 седишта, чао пријатно.Ако немаш друго возило нема да издаваш, освен ако не запнале патниците да одат, ама сепак должни се превозниците да им обезбедат седишта на сите.На крај, ако не си за брзање имаш следен автобус, барем за Скопје имаш на секое.
Замисли сега на крај на лето од Охрид да пуштат еден автобус на последните линии за Скопје во 19 и 20:30, обично тогаш најмногу патници си одат.Ама не, одат 5,6,7 возила.И тие идат празни на враќање.Е тука се разликите, во газдите.Можат и 2 да пуштат да се напрат будали.Срамота е за Млаз - Богданци, како еден од превозниците со најмногу возила вакви ситуации.

2.Поврзано со првото, имаш и во Битола автобуска ама еве качи се со Транскоп за Охрид во 13:15 и ќе видиш редовно се издадени карти над бројот на седишта уште на автобуска, да не зборвам за постојките до излезот од Битола.Идиотите често и комбе со 19 седишта се во состојба да пуштат на таа линија и место сат и пол, над 2 сати патуваш :sick:.Еве да доловиме сликовито, седењето не ми беше згодно во комбето, тешко тие простум седнати
0653.jpg

Од друга страна во Закон за патен сообраќај одржување на линија е дозволено само со возило со минимум 22+1 седишта.Ова имаше 19 седишта, а над 30 патници внатре, плус багажот и температурата од 30+ (крајот на Јуни).
Сличен случај пред 1 месец http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=98365&kategorija=1 ,а исто и минатата недела на линијата во 15:00, автобусот им се расипал во Ресен кај 15:45.Ги презел охридски автобус - линијата во 16:00 БТ-ОХ, а тргнале во 17:30 поради сообраќајка по пат на идење од Охрид).Битолските патници чекале 2 и пол сати во Ресен, иако ресенски Принц Травел се истите газди со Транскоп.Не е пуштено друго возило, кое по возен ред се враќало во 18:00 од Охрид за Битола, а воедно и последен автобус во зимскиот возен ред.Ни објаснување ни ништо.
А постојат и полоши - Класик Компани возат Охрид/Струга - Скопје со комбе со 8 седишта.Очигледно не се сите еднакви пред законот.

3.Скорпион освен комбињата имале и 4 автобуси, ама ретко во Прилеп да ја сретнам линијата за Скопје со автобус, се со комбе :tapp:.Не знам кај ги користат автобусите.И тука е целата фрка за профит и рака би пресекле, само да не пуштат уште едно возило и да им угодат на патниците (секоја чест на исклучоци):
Да работат инспекциите нормално, 60-70% превозници ќе пропаднат.Ама кој како си ја наредил.
Ова е сликано во Битола, види ја таблата колкава линија е, не е потребно дополнителен муабет за дел превозници.
Photo3119.jpg
 
Вечерен автобус кој не се враќа туку од матичната автобуска оди некаде и се враќа ноќта празен малку неверојатно. Седат до сабајле без гајле. Имаш во 4 /4.30/5/5.30 охридкси / битолски автобуси колку сакаш што тргнуваат од меѓуградка, кој преку плетвар кој преку стража ехехее... зборуваме за утрински автобуси кои тргнуваат од стартната па се враѓаат во текот на денот назад.

Ако скорпион имаат 4 големи автобуси тогаш сигурно му се конзервирани горе таму на ладното на мечкинкамен. да видам не верувам во ова....

Кога сме кај тој од гевгелија, повратна 480, просто неверојатно за која цена се работи едноставно преевтино за да лични како карта на некој поголем превозник. Мал превозник = мали услови...
 
1.Во зимски (студентски) период во недела (Ох, Бт, Пп) скоро секогаш последното тргнување е +1.Првиот сабајлето редовно за назад, вториот вечерта кај 2, 2:30 е веќе во матичниот град.

2.И јас се изненадив, дури и поголем број испаднаа.Еве 5 различни регистрации сликани по Скопје и Прилеп,ама возеле за АРМ o_OИмам видено во Битола на автобуска и еден постар модел.Шо убо си имаше на времето касарна во секој град, сега вака кој ги тииит патниците.
Остај то, државата понесигурна е за плаќање :pos:
BT-899-UD
BT-899-UD.jpgBT-075-UFBT-075-UF.jpg
BT-244-UE BT-244-UE.jpgBT-624-UEBT-624-UE.jpg
BT-074-UFBT-074-UF.jpg
 
Ех, да беше само Гевгелија...

Ги закопаа "старите" превозници. Ги имаше во скоро секој град, сите беа како јавни претпријатија. Некои ги умреа намерно, поголемиот дел со профит во транзициски шокови и технолошки вишоци, шотијасзнам кој каков бил... И сега додека старците од 40-60 чекаат дома и се грижат од кај да најдат пари за да платат сметки, истовремено надевајќи се дека ќе дочекаат пензија пред да скинат конци, секојдневно нервирајќи се и лупајки глава од којкадестигне, овие нормално дека нашле, префарбале автобус, исчукале машини и шасии (некои и ги фатија отпосле па им ги одземаа, а казни не платија оти се од високата класа, .... крФ да плукаат додека го читаат ова).

Вие стегајте палци одејќи накај автобуска, да ти дадат карта оти отиде уште еден ден за џабе "идење до автобуска - враќање до дома пак", оти нема место во автобусот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Пфф голема работа Куманово-Скопје автобусите / комбињата секогаш се вакви, седиштата полни и колку што собира за стоење толку патници спакувани како сардини поготово сега кога ги запленија десетина комбиња.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom