Алтернативна светлина

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Viganella-mirror-6.jpg

Конструкција на гигантското огледало


Малото италијанско селце Виганело – место кое само по себе е УНИКАТНО .
Населено со само 200 луѓе, но секој од нив знае дека главното во животот е сончевата светлина.
Селото е расположено во долина опкружена од сите страни со алпските планини и затоа во средината на ноември до почетокот на февруари местните жители живеат по потполен мрак.Нивниот спас го нашле во гигантското огледало поставено на висина од 870 метри над селото кое ги рефлектира сончевите зраци- дело на архитектот Giacomo Bonzani кој ја испроектирал гигантскуата конструкција .
Оттогаш селово се „капе“ во текот на целата година во Сонце

viganella_mirror-2.jpg


viganella_mirror-3.jpg


viganella_mirror-4.jpg


viganella_mirror-5.jpg


 
23 јануар над Лондонскиот плоштад Трафалгар се појавија “две Сонца“ .Вештачкото Сонце поставено час пред самото разденување 6.50 се’ до «заоѓањето» во 19.30. .
Проект сам по себе интересен , но и со рекламна позадина на компанијата „Светли утра“ која си го изрекламира сокот

Со големина 30 илјади пати поголемо од фудбалска топка со дијаметр - 22 метри, тежина 2,5 тони.
Моќно светло ,еквивалентно на 60 илјади сијалици ги развесели Лондончани во долгите и тмурни зимски денови

Trafalgar-sun-1.jpg


Trafalgar-sun-5.jpg


 
Сонце си е сонце,се друго е како со огледалце да си светиш во очи.Нема врска,некој сака да си продаде будалаштина.
 
Нешто слично може да се постави во Битола, за да нема „ езеро од ладен воздух “ од кое се појавуваат екстремните студови во Битола.
 
Пред некоја недела почнаа сончевите денови, добро би било во Македонија да се почне помасовно да се користи енергијата на сонцето - барем таа е бесплатна.
 
Пред некоја недела почнаа сончевите денови, добро би било во Македонија да се почне помасовно да се користи енергијата на сонцето - барем таа е бесплатна.
Правев околу ова пресметка дека, ако едно семејство од април до септември, за туширање користи топла вода загреана на сонце ќе заштеди околу 2000 KWh. А за тоа не е потребно некоја голема инвестиција, Секој може сам да си направи нешто за мали пари. Погледнете на YouTube под Homemade solar water heater. Има преку 4000 предлози
 
Нешто слично може да се постави во Битола, за да нема „ езеро од ладен воздух “ од кое се појавуваат екстремните студови во Битола.
на битола не му треба огледалце туку сосем друга работа.
битола има магливи зими и толку ладна клима ради друга работа.
од кога се направи брана на црна река на тиквешко езеро мислам, се затвори патот по кој природно ладните воздушни маси ке си продолжеа на кај што ке си продолжеа. е сега ради браната тие природно неможат да си заминат и си седат кај нас и затоа си имаме ние заебани зими. незнам каде ја слушнав оваа идеја но некако ми има логика, а тоа е дека пошто неможи повеќе природно да заминат ладните маси ради браната на црна река, треба да се отвори вештачки пат на планината , на место каде е најтенка или најпогодна за таков зафат. едноставно да се минира и да се направи процеп по кој би се воспоставил природниот баланс на движење на воздухот. зафатото не би требало да биде нешто посебно, едноставно минирање и расчистување на теренот колку толку, значи ништо спектакуларно, а придобовките би биле тоа да битола си ги добие умерените зими и лета а не како сега се температурна разлика од 60 степени меѓу лето и зима. економската придобивка од штедењето на енергија за затоплување во зима и ладење во лето како и другите бенефиции од ова воопшто не би биле за занемарување.
барем по некоја моја логика. е сега дали немаме инжинери кои тоа би го пресметале ( не дека има многу што да се пресметува) или на никој му нема текнато или пак му има и е неизводливо или неисплатливо незнам!
 
[quote="мкд владе, post: 4859879, member: 35568")
барем по некоја моја логика. е сега дали немаме инжинери кои тоа би го пресметале ( не дека има многу што да се пресметува) или на никој му нема текнато или пак му има и е неизводливо или неисплатливо незнам![/quote]
Некои најгенијалните пронајдоци, не ги направиле инженери туку обични луѓе. Да не давам примери, само ќе кажам: Consilia multorum quareuntur in magnis. За крупни прашања се бара мислење на многумина.
Затоа нетреба да се срамиме од своето мислење и колку да на прв поглед изгледа необично.
Јас мислам дека за Битола мора да постои решение.
 
решението е тоа.
да се врати нормалната микро клима на градот и околината онаква каква што си беше од секогаш.
само јас се немам замарано или гледано топогравски карти дали е тоа изводливо. инаку се се сведува на правење процеп на планината за да се овозможи струење на воздухот како што и си бил, кој е сега спречено од браната. не се работи за правење нов пат или тунел туку едноставно на најтенкиот или најнискиот дел од планината да се минира и да се направи процеп. луѓето на месечина отидоа , за еден процеп да избушат мислам дека не е некоја голема филозофија. само ако се сака, ама изгледа сега засега нема интерес од тоа. во иднина којзнае.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom