Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Топланите во чива сопственост се? Ова со БЕГ е чекор напред но недоволен кога истиот тој БЕГ може да дистрибуира топлина од топланите на Топлификација која е посебна фирма. И да, не постои пазар кога имаме само еден снабдувач.
Топланите се на Топлификација, меѓутоа фирмата е во стечај и ја изгуби лиценцата, па изнајмени се на БЕГ. Од друга страна дистрибуцијата ја има исто така БЕГ и веројатно од следна година ќе прејде кај град скопје.
Еден снабдувач имаш да, ама нема начин да има поише како со струјата. Топлината не се пренесува како струјата, која моеш да ја купиш од Унгарија ако сакаш.
Што ми е муабетот да не го тупам, поефтино ти е на струја зашто државата решила да е така, топланите користат мазут и го плаќаат додека ЕЛЕМ користи вода и јаглен кој се државни ресурси и потоа потпазарно ја дава на граѓаните (преку ЕВН кој исто е приватен монопол).[DOUBLEPOST=1553790883][/DOUBLEPOST]
Конкретно таквите услови не постоеле пред 40 тина години.Тогаш купуваш стан и ако сакаш подаваш Молба (ако имаш инсталација) да те приклучат на ТФ, а ако не имаш функционален вграден оџак па се греј како ти е воља.Значи не си по дифолт предодреден да се грееш на топловодно,имаш избор.
Значи во мегувреме низ годините и премин од еден во друг систем се изменети многу акти и закончиња со цел да царува монополот кај нас,да се троши мазутот итн.
Можно е не сум навлегол до толку во правилата, пишував како ми е логично мене. Дека би требало да е на ниво на цела зграда одлуката бидејки сепак си влијаете еден со друг,Доста ги користат климите за греење во одреден ден од денот само како пример.[DOUBLEPOST=1553791086][/DOUBLEPOST]
Значи, штом на влезот на зградата си има калориметар, сметката за топлинската енергија треба да биде на име на целата зграда, а не за секој стан посебно. Па истата да се плаќа топтан, како што се плаќа услуга за чистење, поправка и одржување на лифт и слично.
Па не не трошат сите станови исто, квадратура и радиатори пример. А некој и мислам имаат сопствен калориметар. Ама имаш загуби кој потоа се пресметуваат на цела зграда, пример кога некој комшија си го грее бољерот со цевка од парното. Али логички ми е да губат некоја топлина од празни станови и цевки што проаѓаат. (ако воопшто иде наплатата вака).
 
Последно уредено:
..
Па не не трошат сите станови исто, квадратура и радиатори пример. А некој и мислам имаат сопствен калориметар. Ама имаш загуби кој потоа се пресметуваат на цела зграда, пример кога некој комшија си го грее бољерот со цевка од парното. Али логички ми е да губат некоја топлина од празни станови и цевки што проаѓаат. (ако воопшто иде наплатата вака).
системите на НАПЛАТА кај нас се КАТАСТРОФА, незнам како не се нашол некој правник да поднесе во Стразбург...
1, Се е сведено на квадратура на станот ама и тоа од ПРОЕКТ, дури не е и од имотен лист ( некој проширили и легализирал, ете кај нас има)
2, Не само потрошувачката на топлина што е по квадратура на станот, туку и фиксниот надомест за инсталирана можност НЕ Е ПО КОЛКУ РАДИЈАТОРИ имаш туку по м2 на станот :facepalm:

Секаде во светот исклучените ( ако е дозволено исклучување ) плаќаат , не на операторот туку на газдата на зградата, исто како што се плаќа за лифт, ссструја за светло за скали и слично... Имено, како и да се грее или не грее некој стан, греењето на Ходниците е друга работа...Има згради со големи скалишни простори и дури по 6 вертикални цевки од по 2 инча, тоа земено на 7 спрата е исто како греење на 2 помали стана..
Основниот проблем е немање калориметри или разделници, ние сме единствени и во РЕГИОНОТ, да не зборувам за ЕУ..
И што сега, на овие им даваат понатааму ФРЕЕ греење на скалите а НИЕ другите веќе НЕ СМЕЕМЕ да се исклучиме ?? :mad:
 
:unsure:
https://sitel.com.mk/dali-kje-se-sprovede-odlukata-iskluchenite-od-parno-da-ne-plakjaat-paushal
Веруваме дека повторно ќе праќа сметки на граѓаните, таа ќе најде еден куп начини да продолжи со испраќање на сметки и со испраќање на опомени и со судење. Таму се кажува дека граѓаните треба со лична карта и со имотен лист да докажат дека живеат во тој стан, меѓутоа таму не пишува на кого треба да му докажат.
 
:unsure:
https://sitel.com.mk/dali-kje-se-sprovede-odlukata-iskluchenite-od-parno-da-ne-plakjaat-paushal
Веруваме дека повторно ќе праќа сметки на граѓаните, таа ќе најде еден куп начини да продолжи со испраќање на сметки и со испраќање на опомени и со судење. Таму се кажува дека граѓаните треба со лична карта и со имотен лист да докажат дека живеат во тој стан, меѓутоа таму не пишува на кого треба да му докажат.
На БЕГ
 
Здраво на сите, како можам да се исклучам од БЕГ ? Во БЕГ ми кажаа цела долга процедура со инженер и изготвување проект за алтернативно греење, па потписи од станари и сл.

Немам ли право да се исклучам од БЕГ доколку сакам да се греам на инвертер клима ?

Живеам сама, млада сум, скоро цел ден сум надвор од станот, доаѓам само за спиење, во спалните сакам ладно да ми е, во дневна имам инвертер клима на ГРЕЕ која е топ.
 
Ме интересира, дали постои куќен приклучок од Топлификација?Постои ли некој план каде ќе може цела куќа да си ја приклучам кон топлана?Има ли таква инфраструктура кај нас?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom