mRnO
И по mRnO,mRnO
Растат буџетот, трговски дефицит, девизните резерви. Политичарите тоа го толкуваат различно, по потреба, во зависност од позицијата но, по дефиниција растот на овие параметри укажува на длабока економска криза.
Кажано со јазикот на медицината крвната слика на македонската економија е лоша. И треба инфузија, вистинска терапија што прво ќе го стабилизира, а потоа ќе го опоравува пациентот. Како во петнаесетте години транзиција на системот, земјава се втурна во тунелот од кој излезот е речиси невидлив.
Се почнува од буџетот, велат економистите. Од незнање или од алчност сите влади досега го пумпаа буџетот, а го исцицуваа стопанството.
Од 775 милиони евра во 1998-ма, обемот на државната каса стаса до милијарда и седумстотини милиони во 2005-та.
Најголемиот скок е направен во 2001-та, како резултат на воведувањето на ДДВ, претходната година од стопаснтвото во државата се прелеаа дополнителни 350 милиони евра и буџетот скокна над милијарда евра.
Полна државна каса, сиромашни компании. Дефицитот ги совлада осиромашените фирми. Ја загубија трката со конкуренцијата од странство, увозот неколкукратно го надрасна извозот.
Трговската сметка на државата оди во се поголем минус. Од 515 милиони во 1998-ма до фантастични милијарда и двесте милиони долари трговски дефицит во 2005-та.
Волшебниот круг на македонското економско пропаѓање го затвораат девизните резерви. Пари со кои се одржува стабилноста на валутата и се покрива неколку месечниот увоз.
Властите се фалат со постојаниот раст на девизните резерви, но економистите предупредуваат дека тоа се блокирани пари.