Планирани 4 хотели во НП Галичица и промена на изгледот на Охридската чаршија

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

4 хотели на Галичица и нов изглед на чаршијата, позитивно или не?

  • Да

    Гласови: 4 36,4%
  • Не

    Гласови: 3 27,3%
  • Не знам

    Гласови: 4 36,4%

  • Вкупно гласачи
    11

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Ќе лупаме 100 хотели, а патот до Свети Наум ќе го чекаме до 2023-та.За чаршијата не знам шо ќе менат.А паркинзи низ град ни за лек..

ЧЕТИРИ ХОТЕЛИ ЌЕ НИКНАТ ВО НП ГАЛИЧИЦА

НАПИШАНО ОД МАЛЕНКОВА ТАТЈАНА НА 08 МАРТ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
ШАБЛОНЫ САјТОВ ОНЛАјН-МАГАЗИНЫ
ФАјЛОВЫЕ МЕНЕДЖЕРЫ JOOMLA
Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.

„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените места како и блиската околина, кои би овозможиле развој на населбите во рамките на самиот парк“, вели директор на НП Галичица, Зоран Ангелоски.

Не само од НП Галичица,Министерството за транспорт и врски избор на локации побара и од локалната самоуправа, поточно од секторот за урбанизам во рамките на нивната надлежност – урбанизацијата на просторот. Раководителот на секторот Бранко Арнаудов за ТВМ изјави дека локалната во однос на писмото ќе одговори за оние локации за кои постои планска документација. Личен став на Арнаудов е дека во рамките на паркот не треба да се градат сместувачки, туку угостителски капацитети.
dodski.jpg

И покрај тоа што министерството не ги консулира, ние мислење за проектот побаравме и од според нас најодговорната институција кога и во прашање планинскиот туризам, а тоа е Македонската Асоцијација на интернационални водичи за во планина, членка на меѓународната унија. Генералниот секретар Антонио Додевски вели дека идејата за изградба на вакви капацитети во рамките на паркот е добра, но додава дека капацитетите кои ќе се градат не е важно да бидат луксузни, туку истите да нудат комоција, да бидат чисти и функционални.

„ Сметам дека многу е важно да се знае на кои локации ќе бидат поставени објектите и многу е важно истите да бидат поврзани во систем. Класични ресторани и угостителски објекти имаме премногу и сматаме дека ова што ќе се гради не треба да биде од таков тип“, вели Антонио Додевски, генерален сектор на македонска асоцијација на интернационални водичи за во планина.

Градбата на мини хотелите во Рамките на паркот ќе започне кога ќе се подготви целокупната документација. Досега позитивно мислење за истата дале и Националниот парк и од локалната самоуправа. Останува да видиме колку овие објекти ќе допринесат во развојот на планинскиот туризам, тренд кој во светски рамки зема се поголем замав.

_________________________________________________________________________________________________

ДЕЛ ОД ДУЌАНИТЕ ВО ЧАРШИЈА ЌЕ СЕ НАДГРАДУВААТ

НАПИШАНО ОД ВАЛЕНТИНА НЕЛОВСКА НА 06 МАРТ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
ШАБЛОНЫ САјТОВ ОНЛАјН-МАГАЗИНЫ
ФАјЛОВЫЕ МЕНЕДЖЕРЫ JOOMLA
carsija1.jpg
Деновиве, помеѓу охриѓани повторно станува актуелна веста дека дуќаните во охридската чаршија ќе се надградуваат. Кај загрижената јавноста се повеќе се подгрева стравот дека доколку оваа информација е точна градот е на пат да ја изгуби душата на старата охридска чаршија.
За да дознаеме колку вистина има во колуарските кажувања се обративме до секторот за урбанизам и просторно планирање и до охридскиот Завод и Музеј. Портпаролот на Локалната самоуправа Симон Илиески кажува дека постапката за доградбите на дуќаните е во завршна фаза. Се чека само крајниот збор на Министерството за транспорт и врски. Деталното урбанистичко решение за измена на дел од охридската чаршија во форма на нацрт верзија е веќе пред службите на ресорното министерство. Претходно биле обезбедени сите согласноти од државните институции, урбанистичките решенија поминале пред советниците и на јавна анкета, укажува Илиески.
„Треба да се почека конечната верзија на урбанистичките решенија.Неблагодарно е да се прогнозира, има забелешки кои ќе бидат прифатени или вгрдаени, а некои предлози на сопственците нема да бидат прифатени. Сопствениците на објектите понатка ќе ја бараат документацијата од двете Министерства, од транспорт и врски и од култура, напоменува Илиески.
carsija.jpg
Од охридскиот Завод и Музеј информираат дека изработиле заштитни конзерваторски основи за доградување на дел од дуќани во охридската чаршија. Директорката Тања Паскали Бунташеска во краткиот телефонски разговор потврди дека ќе се доградуваат дуќани во централниот дел од чаршијата, но во моментот на нашето интересирање не можеше да прецизира колку дуќани ќе претрпат измени.
„Дозволени се само мали измени, скоро се е останато во постојан состојба, уверува директорката. Дуќаните имаат и сега доволно катна висина, но разликата ќе е многу мала, нема да има спратови туку само еден метар до добивање на нормални спратни висини“, објаснува Паскали Бунташеска.
На нашето прашање, нема ли ваквите доградби на дуќаните да го нарушат препознатливиот изглед на градот со охридската чаршија, директорката Паскали Бунташеска одговара со негација. Според неа доградбите нема да влијаат врз изгледот на чаршијата. Нити, портпаролот на Локалната самоуправа, Илиески не гледа спорни моменти. Изготвувањето на деталните урбанистички решенија за чаршијата било подолготраен процес во кој се испочитувале и Законот за старото градско јадро и остантите важечки закони.
 
И Охрид дефинитивно го губи статусот од УНЕСКО
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom