САД ќе не учи дека не сме свињи, телиња, лисици...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sagan

Гостин
Права на работниците, заштита на животната средина, слобода на говорот, борба против корупцијата, плаќање данок, образование на децата и пријавување на домашното насилство се централните теми од кампањата за промовирање на концептот на владеење на правото што денеска во Скопје ја промовираше американскиот амбасадор Пол Волерс.

-„Ти не си свиња. Почитувај го Законот за јавна чистота.“
-„Твоето дете не е теле. Запиши го на училиште.“
-„Мислиш дека си итар како лисица? Пријави корупција.“
-„Почитувај ги тие што работат како пчели. Пријави злоупотреба на работничките права“
-„Ти не си змија па да се криеш. Пријави данок.“...

... се само дел од контроверзните видео-пораки кои амбасадата на САД заедно со македонското министерство за правда им ги упатува на македонските граѓани за да ги потсети дека не се животни.

Неинвентивно и навредливо, сметаат граѓаните, некои пак викаат дека е таман.

Што мислите вие за ова? Ако најдете видео некаде, ве молам споделете тука.

http://www.pravda.gov.mk/novost_detail.asp?lang=mak&id=856
http://macedonia.usembassy.gov/speeches2012/amb-sp02292012.html
 
Фала господине Волерс.Вашата земја ме научи многу работи меѓу кои-дозволено ти е да напаѓаш држави и да им ги крадеш ресурсите ако е во името на демократијата.


Ќе го применувам тоа правило за во иднина за секој случај ако се најдеме во небрано. :)
 
САД нека си погледнат прво во дворот нивни па после нека се мешаат низ цел свет
 
Абе и мене не ми се при срце американциве ама си ја имаат наредено работата(колку -толку).Можеби САД не се најдобар пример да учиме од нив ама не е лошо да почнеме да учиме од Шведска или Германија.(или Холандија :cool:)
 
Па добро, и јас повеќе гледам животни по улица, отколку луѓе.
Заебано е што САД се најдоа да не учат...
 
Што да мислиме бе..Свињата ќе не учи како да не бидеме свињи(Што е малце заебано...За што кур не рачунаат тие бе?Заостанати?Ретардирани?Тоа во делови од западна Македонија нека продаваат..).. -.-
Битно е шо Путин ќе троши 500 милијарди за уште вооружување,пошо не му се допаѓа политиката на нато еу и хамбургер нациите..Тоа дава некаква надеж! :rolleyes:
 
may god bless dirty bloody dollars

In Lisa Ann we trust
 
ваков совет треба да прифатиме,не знам што против менторот кој е најјака светска сила повеќе години наназад - значи има и што да се научи од дечките.........зад нив сме барем 500 години !!!
 
Најбитното го заборавиле.....

Ти не си ОВЦА, ти можеш да го смениш системот.

Колку и треба на Македонија една ваква кампања....
 
Права на работниците, заштита на животната средина, слобода на говорот, борба против корупцијата, плаќање данок, образование на децата и пријавување на домашното насилство се централните теми од кампањата за промовирање на концептот на владеење на правото што денеска во Скопје ја промовираше американскиот амбасадор Пол Волерс.
Зарем греши??

Појди кај текстилците,кај градежниве фирми...види на терен и ќе заклучиш дека не е далеку од вистината.
 
А парите пак „Република“ ли ќе ги испере?
 
зад нив сме барем 500 години !!!


Би рекол заостануваме 120 години зад Америка баш кога се појавиле Каубојците и почнале да ги истребуваат Индијанците!

Народот кај нас е дефинитивно наликува на Каубојците и Индијанците од таа ера а ние ја имаме улогата на Индијанците !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom