Основци од Карпош и Влае договориле тепачка на Фејсбук

  • Креатор на темата Креатор на темата @Lbaneso
  • Време на започнување Време на започнување
Педагошки времеплов

Ситуација 1:
Петар и Марко се степуваат на училиште
1981-ва: Околу нив се собираат куп деца. Петар победува. Ферски си подаваат рака и стануваат најдобри пријатели.
2011-та: Директорот на училиштето вика полиција и двете деца заедно со родителите одат во станица на сослушување. И децата и родителите мора цела година да посетуваат програма за спречување на насилство.

Ситуација 2: Љупчо е немирен на училиште и им смета на останатите деца во одделението.
1981-ва: Учителката го праќа кај директорот а тој му врзува две-три воспитни. Љупчо се враќа во училницата и најмалку седум дена е мирен како бубачка на часовите. После тоа лекцијата се повторува. За неколку години е попаметен, дисциплиниран и станува ценет готвач.
2011-та: Љупчо го праќаат кај училишниот психолог, кој потоа го праќа на психијатар, кој пак му препишува моќни седативи. Добива потврда дека е дете со посебни потреби а неговите родители почнуваат да добиваат додаток за деца со посебни потреби. Тој се соживува со улогата на болен човек и години потоа посетува психијатриски установи.

Ситуација 3: Влатко го боли глава и за на училиште зема неколку аспирина.
1981-ва: Од учителката добива чаша вода за да ги испие таблетите.
2011-та: Наставничката го известува училишниот психолог дека Влатко зема некакви таблети, психологот му кажува на директорот а тој повикува полиција. Влатко завршува на сослушување заради можност да поседува дрога, а дома му прават претрес. После тоа уште долго се зборува дека е наркоман.


Ситуација 4: Играјќи со топката Иван случајно го крши прозорецот на соседите. Татко му му дели воспитни мерки со каишот.
1981-ва: Иван е повнимателен кога си игра, и израснува во нормално момче, завршува училиште и станува успешен претприемач.
2011-та: Таткото на Иван завршува зад решетки заради злоставување на дете а Иван е згрижен во друго семејство. Со тек на време Иван станува член на локална банда и малолетен криминалец. Психологот ја уверува сестрата на Иван дека најверојатно и таа била злоставувана како дете, па нивниот татко 3 години останува во затвор.



Ситуација 5: Михајло полни конзерва со барут кој го извадил од неколку петарди, и со експлозивната направа разнесува мравјалник.
1981-та: Мравките градат нов мравјалник.
2011-та: На лице место доаѓа полиција, војска и специјални единици кои Михајло го сомничат за терористички акт. Луѓето од органите за државна безбедност се вклучуваат во истрагата и родителите на Михајло ги испрашуваат детално, им ги запленуваат компјутерите а останатите деца привремено ги носат на побезбедно место. Таткото на Михајло станува државен непријател и добива забрана за вработување во државна служба.



Ситуација 6: Додека си игра Душанка паѓа и ги повредува колената. Додека плаче, и приоѓа наставникот, ја прегрнува и ја погалува за да ја утеши.
1981-та: На Душанка веднаш и е подобро и продолжува да си игра.
2011-та: Наставникот го обвинуваат за непочитување на правото на детето на телесен интегритет и непримерно допирање на малолетник. Луѓето почнуваат да се сомневаат дека е педофил и се сослушуваат и останатите деца во училиштето за да се утврди дали недолично ги допирал. Наставникот е суспендиран додека не заврши истрагата. По неколкугодишен процес на крајот наставникот добива условно. По неуспешна жалба, случајот завршува пред европскиот суд. Душанка, како жртва на злоставување, редовно посетува психијатар.

ахахахаха
 
Договорена на FB :pos:
Maybe attending :icon_lol:
 
хе ми се навратија спомени од темава
ваљда останало ривалството од моето време јосип броз - ИГК
нон стоп се збореше за тие масовни тепачки под мостот обидинети нации, само еднаш начекав прилика и дознав на време за таква тепачка. бев превозбуден а немав појма со кого ќе се тепаме ни како ни што.. нити па знаев зашто ќе се тепаме, само знаев дека не се сакаме со оние од ИГК а бидејќи јас сум од јосип броз морална обврска ми е да учествувам. дури специјално најдов и еден боксирач, демек ладно оружје. отидовме таму, ние бевме едвај 20, они едвај 5-10. не знам што се деси, два три камења летнаа, сите се разбегавме.
не ми се верува дека после 15-20 години уште трае тоа :)
 
Е јак ташак бе. И порано од кај мене од основно се спуштавме надоле во Пенко да се млатиме или тие ќе ни се качеа на нас па што. Исто така Бутел против Железара редовно им одевме горе да бараме фрки. Ништо ново. Само сеа смешно ми е што овие генерации што прават? Дали воопшто се тепаат или се пи*ки у душа да направат некоја ваква работа. Тоа произлегува што премногу се затворени и убутани со главите во мониторите па само се прават јаки преку компјутер. За вакви лигуши по 2-3 шамара да се едуцираат малце. Секоја чест ипак за исклучоците.

ПС.
Шокур бара темава во свет? Karposh and VlaeH are not Macedonia YEAH!
 
Абе копиљана, да им врзеш по неколку шамари да незнаат кај им е главата.
 
Абе ние не се тепавме вака ко мали.
Дирек појди му в маaло ни најавен ни ништо истепајсе и заминиси.Шо сега на фб се договара :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom