Семејство кое од почетокот на 19. век живее изолирано во источниот дел на Кентаки веќе со децении создава потомци чијашто кожа има сина боја. Невообичаената појава е резултат на ретко нарушување кое спречува довод на кислород во крвта, а со оглед на фактот дека членовите на семејството меѓусебно склучувале бракови, тие се уште не успеале да се ослободат од „синиот ген“.
Членовите на семејството Фугате изгледаат како и сите други луѓе, но најголемиот орган во човековото тело – кожата, кај нив е со сина боја.
Како што пренесува „Дејли меил“, корените на оваа чудна појава датираат од почетокот на 19. век, кога Мартин Фугате, француски сирак, се оженил со црвенокосата Американка Елизабет Смит и со неа се населил во источен Кентаки. Бидејќи Елизабет имала многу светол тен, вкрстувањето на нивните гени резултирало со мутација која направила нивните потомци да имаат сина кожа.
Нарушувањето, кое стручно се вика „metaemoglobinaemijа“ ја намалува можноста на поединците да го задржат кислородот во нивната крв. Поради тоа нивната крв има многу потемна боја од вообичаеното, па членовите на ова семејство не поруменуваат, туку „посинуваат“.
Јавноста за ова семејство дознала прв пат во 1958 година, кога еден син човек ја донел неговата сопруга во болница, а лекарите повеќе внимание обрнале на неговата чудна кожа, отколку на болната жена.
Благодарение на еден пронајдок на научниците во осумдесеттите години на минатиот век, тие денес можат да изгледаат како другите луѓе, но само на кратко. Научниците создале хемикалија која сината боја ја претвора во црвена, така што тие можат да имаат нормална боја на кожата. Но овој ефект трае само еден ден, па така корисникот течноста треба да ја внесува секој ден.
Во семејството Фугате влегувале нови членови со тек на годините, мажи и жени, па поради вкрстување на гените бројот на сини деца е значително намален. Тоа значи дека бројот на сини луѓе е присутен и денес, но многу малку.
ИЗВОР