BloodyJesus
патенирана чепкалка
- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 1.206
- Поени од реакции
- 1.240
Американскиот програмер, автор на протоколот за peer-to-peer споделување содржини BitTorrent, на MusicTech конференцијата во Сан Франциско претстави верзија која овозможува на ист начин пренос на видео содржини во живо.

Брем Коен, човекот кој стои позади BitTorrent, во последните три години се занимавал со смислување начин за „стримање“ во живо преку peer-to-peer протоколот. Како резултат на тоа беше претставена новата верзија BitTorrent Live, која според зборовите на Коен има за цел да ја „убие“ телевизијата, пишува TechCrunch.
„Неизбежно е изумирањето на физичката инфраструктура на телевизијата, но телевизијата како модел на користење содржини ќе остане“, вели Брем Коен.
Корисниците на децентрализираната мрежа ќе можат со помош на BitTorrent Live да гледаат пренос во живо на спортски натпревари, концерти и секаков друг вид на видео содржини. Единствено што треба да направат е да кликнат на live.bittorent.com и да симнат бета софтвер кој ќе овозможи видео стриминг преку пребарувачот.
Во меѓувреме, Коен е во потрага по партнери кои ќе дозволат нивните содржини да бидат објавувани на ваков начин, а со тоа би помогнале во тестирање на технологијата.
http://kajgana.com/dali-bittorrent-live-kje-ja-ubie“-televizijata