Леле Ванлок Хрватска година нема во Еу, еу и ги пропаднала земјоделството и сточарството оти предходно им беа бомбастични. Исто како ние сега да влеземе со „врвново“ земјоделие па еу ќе ни е крива. А ние уште вино во буре извезуваме во 2015 година заедно со африканските земји. И два пакета флаширано!
Нејсе не планирам да влегувам во дискусија, дојдов да кажам еден интересен факт за Романија. Имено Романија е една засега единствена земја со процент на население каде еден од родителите работи во Еу, а децата им раснат во Романија. Интересен факт е ако се спореди со милионите раселени лица од Романија. Информациите говорат дека милионите раселени лица своите фамилии ги оставаат во Романија и сезонски работат во Еу или патуваат до дома за празници со фамилијата. Статистиките од Швајцарија го покажуваат следното и за Грција верувале или не има фамилијарни луѓе кои си одат за викенд од работа во Швајцарија. Авионската карта им е пресметана во тековни трошоци според годишни карти купени во Швајцарија.
Немаше да ме заинтригира фактов ако не споредев со другите земји (освен Хрватска каде не е забележана масовна миграција) каде одселувањето е конечно без желба да се вратат назад -случај со македонците, бугарите и оној блок на полјаци, чеси, словаци и останати народи.
Она што е доста интересно е што најемотивен и националистички поставен народ е унагарскиот кој себе си се доживува многу посебно во однос на сите еу народи ( фактот што говорат јазик кој не е близок со никого на еу туку со финскиот, а се наоѓаат територијално во еу) говори дека можеби и се навистина посебно племе. Се верува дека зборат на вандалски јазик изумрен германски јазик кој е доста специфичен и го говорат они, финците и Естонија мислам од балтичките земји, а меѓу себе не се разбираат. За разлика од нив романците веруваат дека Романија е катастрофа во однос на еу стандард, а се самозаљубена нација која ги презира бугарите и имаат иритација кога некој ги става во ист кош со нив. Тоа е генералниот впечаток бидејќи овие две земји влегоа во пакет на големо неодобрување од страна на еу народите. Она што денес го гледаме е само поткрепа на фактот дека беа внесени во еу без апсолутно никакви економски услови такаречено со јазикот на јанкуловска „за уши“.
Разликата на стандардот е очигледна. Ние сме со нив во група. Плати од 250 до 400 евра топтан цел Балкна. Сликата која е врежана за европеецот е дека нема потреба да влегуваме во еу, така да никој и не те сака да влезеш во еу ако мислиш дека некој те тера да бидеш дел од нив. Некогаш помислувам дека навистина е подобро да се споиме со руски блок оти дефинитивно сите ние отпадни економии сме за тој кош. Али во тој момент веднаш си велам кога можеше бугарија да влезе во еу можеме и ние. И останувам просекакво ориентирана освен руско-диктаторско како нашево моменатално владеење.