Македонија лани според фалењата на владата имала 300 милиони евра странски инвестиции, додека Бургас град од 200.000 жители за 4 години има над милијарда евра директни странски инвестиции, тука не ги вклучуваме приходите од туризмот.
Абе и Бугарија е втора најмалку задолжена земја во Европа.
АМА ШТО СУШТИНСКИ ИМ МЕНУВА ТОА?
ШТО ДОБИВА НАРОДОТ ОД ТОА?
Ништо!
Исто и ова со инвестицииве..
Не знам зошто Бугариве на форумов се лажат дека им е толку многу добро. Јас живеам 2 години во Бугарија, и ќе ви кажам дека обезбедување плати имат од 300 лева, чистачки 400 лева. Имам среќавано луѓе кои копаат по контењери заедно со циганите за да извади плус некој лев, зошто зима утепана пензија помалку од 200 лева со 15 години стаж. И да не збориме по супер маркети, секаде е 500 лева најмногу 600, истото е и продавачи и по фаст фуд ресторани. Реткост е у кујна ако се најде 750 лева 800 главен готвач.Ова зборам за масово повеќето. Нема млад човек, па и постари што не планира да замине во Германија или најмногу Англија, макар и на кратко време, но кога ќе најдат работа и добра плата, тешко дека се враќаат.
Бугариве голи и боси влегоа во ЕУ,сега се пак добри за разлика какви влегоа.
По сите стандарди беа буквално земја од Суб-Сахарска Африка,само немаа толкав удел на ХИВ.И што се случи? Паднаа значително бариерите,годишно статистички по 20,000 души им бегаа надвор и тоа и покрај рестрикции до 2014 година за пазар на труд во главните земји членки.Сега кога паднаа и тие рестрикции,само во Германија им бегаат по 20,000 души.
Убијствен рецепт ти е тоа..самоубијство.
Да нема бариери за патување и движење на трудот помеѓу земја во развој,скоро со економија и животен стандард како од третиот свет и од друга страна најразвиените држави на светот.А пази не правиме муабет тука за Полска (50% повисоко БДП од Бугарија) со 38 милиони жители,туку станува збор за земја со 7 милиони жители.
Ќе останат само пензионерите и тука таму по некој ром.
Македонија би требало ако не никогаш да не влегува,тогаш да влезе што е можно покасно за да не ни се случи сличен егзодус кој ќе го доведе под прашање буквално опстанокот на нацијата.Треба да се тргнеме на страна и да се развиваме сами додека не стигнеме некое ниво после кое и да влеземе,нема да ни се случи тоа што и се случи на Бугарија.А гледаме дека и со сите овие кризи и блокади,ние се развиваме ако не подобро тогаш барем на исто ниво како Бугарија (ЕУ член).
Ако неможеш сам да си помогнеш тука ЕУ не ти врши никаква работа.
Бугарија ти е пример за тоа,ЕУ можеби е само инструмент,како бормашина да речеме.
Но не секој знае да го употребува како што треба.А штом незнаеш да го користиш за подобро тогаш ќе си ги извадиш очите со него.
Последно уредено: