Што ви даваат од дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
освен тоа што ме создале и ми обезбедиле покрив над главата (донекаде).... друго ништо... за тоа каков сум и колку имам сам си сум заслужен

Така ами како, на волко зошто му беше дебел врато...:toe:
 
Моите родители никогаш не ме оставиле на цедило, едноставно нема што не би направиле за мене.
Материјално сум презадоволен иако понекогаш знаат да ми кажат нема пари не учиш доволно ама затоа наредниот пат дупла доза хехе :)
 
Ми дале...

Покрај нервозите и непостојаните приходи, ми дале ЉУБОВ.
Поддршка не секогаш, но, во ред е.
А да, мајка ми ми се заканува после секоја караница дека ќе умре од стрес и ќе не остави мене и сестра ми во долгови.

:vozbud::pipi:
 
Економска поддршка највеќе. За љубов неможам да кажам дека не ми ја дале, но првенствено тие беа и се робови за мене и сестра ми, работеа и работат по цел ден за да не ни недостига ништо. И навистина така е, мама, тато, фала ви за се, никогаш ништо не ми недостигаше...
 
Порано ми даваја по 10 денари дено, и по 100 за петок или сабота навечер.
Сега ми дават 100-ина евреј месечно.
 
Најбитното ми го дале, а тоа е да размислувам со сопствен ум. Другото мање-више сите го добиваме.
 
Умствената и емотивна слобода.
И фактот дека ако не се срамам од себе, нема зошто да се срамам од другите.
 
Родителите ме научиле да бидам оној што сум. Ме научиле сам да се борам за се и да не чекам од други. Тоа е моето наследство и се гордеам со тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom