Дали би донирале јајце клетки или сперма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ineka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би донирале јајце клетка или сперма за 5000$???

  • Да

    Гласови: 166 68,3%
  • Не

    Гласови: 77 31,7%

  • Вкупно гласачи
    243
Ако донирам јајце клетки, нели тоа го прави детето мое? Тоа веќе не е помош, тоа е позајмување.

Помош е како не, му помагаш на некој што нема јајце клетки, повеќе тоа ти доаѓа како донација, се разбира ако не наплатиш за услугата.:smir:
 
Тоа ви е ко да го дадете вашето дете други да ви го чуваат, да ви го израснат и да се грижат за него. Не за џабе е толкава сума, или не сте размслиле 2 пати? Многу сте тапа ебаго.
Детето не е piece of art, да го напраиш и да го донираш колку и да е најубава креација, затоа што си хуман, и добар, и закон. Не, детето не е предмет, туку е живо суштество и не заслужува да живее со некој што не му е вистински родител АКО родителот има услови да го израсне.
 
Добро...се работи за јајце клетка... :icon_conf ниту оплодена ни ништо(барем дури не ја соединат со сперматозоид). Зошто ако јас ги имам во изобилство а некоја нема ниту една која може да биде оплодена да не донирам?
Ок личен избор е ама од јајце клетка до живо суштество има бајаги разлика,зашто едно е да го направиш па да го дадеш а друго е да донираш материјал за негово создавање.
 
Никогаш не би донирал,сакам да си го одгледам тоа што е мое сам со сопругата.
 
би донирал :smir: зошто да не
 
Секако. Ама да знам дека е ОК, без да знам кое е и каде е... ако може така...
 
Добро...се работи за јајце клетка... :icon_conf ниту оплодена ни ништо(барем дури не ја соединат со сперматозоид). Зошто ако јас ги имам во изобилство а некоја нема ниту една која може да биде оплодена да не донирам?
Ок личен избор е ама од јајце клетка до живо суштество има бајаги разлика,зашто едно е да го направиш па да го дадеш а друго е да донираш материјал за негово создавање.
Ама во твојата јајце клетка има твое ДНК шо значи дека детето има твои наследни особини и може да личи на тебе.
 
Ама у секој случај, ти кога ќе ја "донираш" јајце-клетката, ќе биде искористена за создавање на човечко суштество кое постои на светов зошто ти и некој за тебе непознат тип, сте му дале живот. И тоа е ваше дете. Твој проблем е што одлучуваш да биде само негово и на некоја, за тебе непозната жена.
 
Уф, никад! Ваков гениј да не си ја контролира сопствената репродукција не доаѓа во предвид!
 
Ама во твојата јајце клетка има твое ДНК шо значи дека детето има твои наследни особини и може да личи на тебе.

Шо значи ќе биде паметно и убаво :icon_lol:.

Не,озбилно јас не ги гледам така работите.Првенствено би донирала од хумани причини-подарувам живот и тоа би го направила и бесплатно затоа што е бесценето,а мое дете ќе биде она кое ќе биде зачнато со тој што јас ќе го изберам за негов татко.

Според мене донирањето на јајце клетка нема никаква врска и не ја овозможува таа блискост на мајката со детето што го носи во утробата кога е трудна,така да нема никаква емоционална поврзаност и чувство дека си го даваш детето на туѓинци.
Ќе биде родено и чувано од друга жена и многу нормално дека тоа дете ќе биде нејзино и таа ќе биде неговата мајка,јас сум само донатор ништо повеќе.
 
Не разбираш. Твојата јајец клетка ќе биде зачната, само шо ќе припаѓа на туѓ организам. Шо значи исто е да бидеш трудна од непознат човек и ова, со таа разлика шо во вој случај нема да имаш беби торта у мешето.
Ти сепак си му мајка на тоа дете, а жената шо ќе го носи е всушност старател. Мислиш лесно е да гледаш твоја крв како живее у туѓо семејство?
 
Освен ако не вршиш истражување, ама онака упорно и темелно, не ни ќе знаеш каде ти е детето камо ли пак да го гледаш како живее со друго семејство.
А бидејќи обично таквите информации не се даваат, за тоа каде и кој и како и што има направено со вашата јајце клетка односно сперматозоиди, не би имале прилика да си го видите сопственото дете нели.

п.с.Јез да јас никогаш не би донирал. Бар така сега размислувам.
 
Треба да се донира од сите репроматеријали што се потребни за стварање на некое прцулче кое ќе донесе многу среќа на некоја фамилија.
 
Не разбираш. Твојата јајец клетка ќе биде зачната, само шо ќе припаѓа на туѓ организам. Шо значи исто е да бидеш трудна од непознат човек и ова, со таа разлика шо во вој случај нема да имаш беби торта у мешето.
Ти сепак си му мајка на тоа дете, а жената шо ќе го носи е всушност старател. Мислиш лесно е да гледаш твоја крв како живее у туѓо семејство?

Епа тоа е разликата-здравје Боже нема да затруднам и да носам дете од непознат човек,а чим нема да го носам девет месеци и јас да го родам не е мое дете,тоа е само мал придонес од моја страна за некоја фамилија да биде среќна.
Те разбирам само не се согласуваме :) мое тело-мој избор тоа е се.
Мислиш така е тоа,јас демек секој ден ќе го гледам детето?
Донирањето е анонимно освен ако примателите сакаат да знаат чива е јајце клетката,а јас сигурно нема да го барам понатаму детето.
Нема воопшто да ми биде криво,ќе ми биде мило затоа што сум помогнала на некого.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom