Planet Handball избира најдобар играч на Euro 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата bbbbbb
  • Време на започнување Време на започнување
Колку е коефициентот дека Кире Лазаров ќе биде прв на анкетава со голема предност пред другите?
 
ехехехе кај одат маџарите, македонската интернет заедница е најјака. :D
 
абе ако има некое фејсбук гласање уште од почеток се знае победникот :D мислам дека ни еднаш не изгубил некој наш на фејсбук гласање :)
 
Фановите го избраа Лазаров секоја чест..

Кире Лазаров е најдобриот играч на ЕП 2012 во изборот на навивачите
Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров беше избран за најдобар ракометар на Европското првенство во Србија во изборот на публиката, која гласаше на интернет сајтот „handball-planet.com".
Десниот бек, кој беше и најдобар стрелец на шампионатот минатиот месец со рекордни 61 погодок, освои повеќе од 10.000 гласови, што е 63% од сите ракометни фанови што гласаа во анкетата.
Второто место му припадна на Унгарецот Габор Чажар со речиси 3.000 гласови, а третопласиран е српскиот голман на Металург Дарко Станиќ со нешто повеќе од 2.200 гласови.
Лазаров извиси при доделувањето на официјалните награди на ЕХФ, бидејќи не ја доби наградата за МВП на првенството, ниту, пак, влезе во идеалниот тим, за што подоцна доби извинување од претседателот на Европската ракометна федерација Михаел Видерер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom