По кои критериуми државните институции забрануваат одредени македонски интернет портали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.309
Поени од реакции
34.706
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Цензура, фаворизирање на други или?

Министерствата и останатите државни институции на нивните вработени им го оневозможуваат пристапот до одредени македонски интернет портали. Но, други портали се отвараат без никаков проблем.

po-koi-kriteriumi-drzhavnite-institucii-zabranuvaat-odredeni-makedonski-internet-portali-72768.jpg


Листа на забранети и дозволени

Вработените во неколку Министерства и државни институции кои нè контактираа велат дека при обид да отворат некои македонски интернет страници од работното место добиваат порака од филтерот кој го оневозможува пристапот дека „Страницата е со забранета содржина“. Вработените прво мислеле дека пристапот им е оневозможен затоа што нивните надредени сметале дека тие им пречат во совесното извршување на работните задачи и продуктивноста, бидејќи е оневозможен пристапот и до друштвените мрежи како Facebook и Twitter, но излегло дека забранети се само одредени македонски портали, меѓу кои и Kajgana.com, додека други се отвораат без никаква мака.

„Веќе некое време не можам да ве читам од работа. Кајгана не се отвора, а без проблем можам да читам други македонски интернет портали, како на пример Курир“, вели читател кој е вработен во едно до Министерствата.

Сосема е во ред и логично да се филтрираат страници со порнографски или нелегални материјали, но интересно е што македонските интернет страници кои се блокирани не спаѓаат во овие категории. Објаснување?

Цензура на едни, фаворизирање на други или?

По реакциите на нашите читатели, за да не избрзуваме со заклучоци и да бидеме објективни во текстот, логично беше за ситуацијата да побараме одговор од Министерството за информатичко општество и администрација, сметајќи дека нивниот ресор е најблиску до проблематиката и дека ќе добиеме некакво образложување на што се должи забранетиот пристап. Вчера пративме мејл во кој ги информиравме за ситуацијата, а им поставивме и неколку прашања во надеж дека со нивните одговори ќе ни се разјаснат дилемите на нас, а и на нашите читатели. Прашањата кои им ги поставивме се следните:

- Дали постои некаков правилник или било каков документ кој дефинира каков тип на македонски интернет медиуми им се дозволени/забранети за читање на вработените во државната администрација?

- Кој одлучува кој интернет медиум ќе се најде на листа на забранети/дозволени .мк интернет медиуми за вработените во државната администрација?

- По кои критериуми се прави тоа?

Молк и шум во комуникацискиот канал со МИОА

За жал, до објавувањето на овој текст не добивме никаков одговор. За некој да се реши на чекор да блокира или цензурира некого, би требало да постојат одредби пропишани од некого, нели? Во случај блокирањето на одредени македонски интернет страници да се должи на самоиницијативни хирови на системски администратори вработени во државните институции, прашањето е како ќе одговараат за нанесена штета на „Страниците со забранета содржина“ од причина што самото нивно филтрирање и забраната за пристап до нив на читателите им порачува дека читањето на овие страници е погрешно и лошо.

Ако на ова го додадеме и фактот дека бројката на вработени во државните институции кои се лишени од правото да бидат публика на едни, а на работното место се принудени да читаат други интернет медиуми, изнесува илјадници и илјадници, излегува дека некој (свесно или несвесно) сериозно ја нарушува бројката на читаност и се што како нанесена штета произлегува како последица од тоа, додека други ги става во повластена позиција.

Не ни сакаме да помислиме на другата опција и на некои мрачни сценарија дека некој сака публиката да чита тоа што тие сакаат да и го сервираат да го чита. Се надеваме дека како земја не сме стигнале до таму.

И што сега?

Одговорот на прашањата не го добивме, текстот го објавивме. Дел од вработените во Министерствата и државните институции кои се наша публика, но и оние кои се надлежни - нема да можат да го прочитаат на работа, но неизбежно ќе стигне до нив и ќе го прочитаат. Очекуваме некој од надлежните да каже нешто, грешката да биде исправена и сите „Страници со забранета содржина“ кои од необјасниви причини се филтрирани да бидат повторно достапни до публиката.

виа Кајгана
 
Кој ти рече дека порничите се цензурирани те излажа :icon_lol: :


Вработен во Министерството за здравство гледал порно на работа

120,120,true,mid1601574.news
Журнал​
Скопје, 31 јануари - Висок службеник во Министерството за здравство е суспендиран откако бил фатен дека гледа порно филмови на службениот компјутер, пренесе „Канал 5“. Неговите колеги се сомневаат дека тој не гледал сам експлицитни сексуални материјали во работно време. Во неговиот компјутер се пронајдени стотици порно клипови. Но, сепак, дали бил...

http://daily.mk/Zhurnal/vraboten-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-gledal-porno-na-rabota/1121952
 
Од правна гледна точка, Курир и Кајгана се разликуваат во материјалот што го нудат.

Курир е информатор на дневни вести додека Кајгана е вид на забавник со различна (вклучително и еротска) содржина. Дури може и да речам порнографска бидејќи има голи цицки и слично.

http://kajgana.com/foto

Така што со право ве блокирале, едно е да гледаш голи цицки на работа друго е да читаш дневни вести и случувања од економијата, политиката...
 
Пак да го ставате "Вечер" на насловна :icon_lol:
 
Ако му се дигал на човекот работниот морал од вакви активности зошто му се оневозможува тоа?
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 14:21 ---
Така што со право ве блокирале, едно е да гледаш голи цицки на работа друго е да читаш дневни вести и случувања од економијата, политиката...

Порно страниците не се цензурирани читаш погоре?
 
Од правна гледна точка, Курир и Кајгана се разликуваат во материјалот што го нудат.

Курир е информатор на дневни вести додека Кајгана е вид на забавник со различна (вклучително и еротска) содржина. Дури може и да речам порнографска бидејќи има голи цицки и слично.

http://kajgana.com/foto

Така што со право ве блокирале, едно е да гледаш голи цицки на работа друго е да читаш дневни вести и случувања од економијата, политиката...
http://www.plusinfo.mk/vest/23240/Cenzura-Ministerstvata-go-blokiraa-Plusinfo-na-kompjuterite

А ова?
Веќе два дена вработените во подрачните единици на министерствата во Охрид од компјутерите во канцелариите не можат да пристапат на неколку портали од земјава меѓу кои е и „Плусинфо“, пренесе предмалку сајтот Ohrid1.com.
Од портали освен нашиот сајт недостапни се и Sky.mk i Ohrid 1.com.
Како што не инфромираат вработени во овие ресори во Охрид слободен е пристапот до сите други медиуми, било да се портали или весници, па дури слободно користат и Фејсбук.
„Два дена не можеме да пристапиме на Ohrid1.com. Ако се вкуца името на сaјтот, по кратко време излегува дека од безбедносни причини страната е блокирана. Тоа излегува и за Плусинфо и другите сајтови од Скопје, додека „Дневник“, „Канал 5“, „Сител“ и „Вечер“ се достапни. Достапен е и Фејсбук“ , вели вработен во еден од ресорите за Ohrid1.com и кажува дека сега на пауза вработените од катовите каде се владините министерства одат во канцелариите каде е сместена администрацијата од Општина Охрид, каде можат да ги читаат вестите на овие сајтови.
Од Ohrid1.com стапиле во контакти и со ракводителите на подрачните единици на министерствата во Охрид, од каде велат дека тие не се разбирале во интернет конекции и не знаат зошто е тоа така.
 
Од правна гледна точка, Курир и Кајгана се разликуваат во материјалот што го нудат.

Курир е информатор на дневни вести додека Кајгана е вид на забавник со различна (вклучително и еротска) содржина. Дури може и да речам порнографска бидејќи има голи цицки и слично.

http://kajgana.com/foto

Така што со право ве блокирале, едно е да гледаш голи цицки на работа друго е да читаш дневни вести и случувања од економијата, политиката...
ајПравник, очигледно не си го прочитал целиот текст, зошто добивам впечаток дека си ја промашил поентата. Блокирани се само одредени македонски портали, додека други се отвораат без мака и се сурфаат на танане. Да, дури и такви кои содржат галерии со девојчици. Значи, смее да се сурфа, ама...
 
Од правна гледна точка, Курир и Кајгана се разликуваат во материјалот што го нудат.

Курир е информатор на дневни вести додека Кајгана е вид на забавник со различна (вклучително и еротска) содржина. Дури може и да речам порнографска бидејќи има голи цицки и слично.

http://kajgana.com/foto

Така што со право ве блокирале, едно е да гледаш голи цицки на работа друго е да читаш дневни вести и случувања од економијата, политиката...

Ако е порнографијата проблемот, зошто тогаш pornhub не е цензурирана !? :icon_lol:
 
...чичко Гебелс може да ни позавиди....она што тој го сонуваше за Третиот Рајх...кај нас е реалност

Цензура на секој чекор (селективна се разбира)....а чисто се сомневам и дека Кајгана ќе добие одговор....ќе се префрла одговорноста од ресор на ресор од министерство на министерство....за на крај да се заборави целата работа....или ќе добиеме одговор од типот "НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР"
 
Во Општина Охрид немаТ цензура :D Ниту за социјалните мрежи.
А и мене не ми отвараше Кајгана пред некој ден, за време на специфични кражбени интернет дејствија врз еден објект на МОН.
 
Онај па рече цицки имало и затоа била блокирана, ебаве тоа уназадените, а шо да има? Стап?? Ај да ставиме Стап па може ќе одблокираат....тоа не е порно или како и да е, тоа е уметност во ваква страна да ставиш нешто од женската убавина на некои прекрасни модели :)
 
Нема никакви критериуми, ниту наредби од погоре, ништо. Администраторите на системот за филтрирање, на своја рака, водејќи се од својата индивидуална моментална расположеност го филтрираат како порнографија сѐ она што нив самите не им одговара, се разбира бидејќи се партиски вработени, мислат дека прават добро на партијата ако направат вакво нешто. Порано сајтот на А1 редовно го класифицираа како порнографија на компјутерите во владините интернет кафулиња.
Capture.jpg
 
Вака ќе дојде работава

„Прво дојдоа по комунистите,
но јас не бев комунист, па не проговорив против тоа.
Потоа дојдоа по социјалистите и синдикалците,
но јас не бев ни едното ни другото, па не проговорив против тоа.
Потоа дојдоа по Евреите,
но јас не бев Евреин, па не проговорив против тоа.
И кога дојдоа по мене,
немаше останато никој да зборува во моја одбрана.“

Мартин Ниемулер (Martin Niemoeller)
 
И во училиштата е така, Кајгана не работи (ни форумот ниту порталот) а курир.мк е дозволен па и некои страни за игри пример. Сепак со ставање на рут може да ги средиш оввие работи и да си ги отклучиш сите, сепак не е коректно да се блокираат некои а други не.. ама тоа е тоа што им одговара не блокираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom