Иднината на телевизискиот маркетинг?

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Иднина на телевизискиот маркетинг: Рекламирање производи среде гледање серија?!

hawaii-300x225.jpg

Познато е дека многумина телевизиски гледачи рекламните блокови ги користат да станат од пред екранот, односно избегнуваат да ги гледаат најчесто досадните реклами. Во САД посебно проблем претставува одложеното гледање преку DVR рекордери, при што гледачите веднаш ги премотуваат рекламите.
Но, мудрите умови на телевизиските мрежи секогаш се тука да измислат некои новини! Иако досега рекламирање на производи среде програма беше вообичаено за реални и ток шоуа, CBS во последната епизода на популарната серија „Hawaii Five-0“ воведе многу „интересна“ иновација, на речиси 60 секунди ја паузираше акцијата која беше во тек и „вметна“ реклама за сендвичарата Subway, и сето тоа како дел од серијата!
Гледачите и критичарите жестоко го нападнаа овој чин, нарекувајќи го лош, грозен и навредлив. Ако досега брендовите скришум се рекламираа во одредена секунда од дел на некоја серија или филм, Subway во овој „експеримент“ доби речиси цела минута. Маркетиншки оправдано, но аспект на гледачите дефинитивно не.
Дали ова ќе прерасне во традиција, дали ќе претставува иднина на телевизиското рекламирање? Дали уживањето при гледање на телевизија и дефинитивно ќе се уништи?

http://www.primetime.mk/иднина-на-телевизискиот-маркетинг-ре/

Богами, само уште вакви глупости на телевизија фалеа.
 
Неможе, што ќе рекламираат во CSI Miami прашок за перење алишта, колку му биле бели алиштата на убиецот?

+ така епремногу скапо

На не спомнувам ако сака Витаминка или некој друг македонски производ да рекламира нешто.... :pos:. Гледаш таму во Лост серијата Џек јаде Стоби Флипс за реклама :pos:
 
треба им кажеме на америве дека македонците измислија нов начин на реклама во програмата. Зар малку пати најчесто на спортска утакмца повеќе од пола екран е со некоја залепена движечка реклама и ништо не с егледа во позадина, колку голови , колку кочеви останале невидени убаво поради тоа ехехеее... ова со сендвичиве е гола вода
 
Неможе, што ќе рекламираат во CSI Miami прашок за перење алишта, колку му биле бели алиштата на убиецот?

+ така епремногу скапо

На не спомнувам ако сака Витаминка или некој друг македонски производ да рекламира нешто.... :pos:. Гледаш таму во Лост серијата Џек јаде Стоби Флипс за реклама :pos:

Море ќути,ако ги затекнеа смоките,и вегетата,кои што ги пакуваа лично новинарите на А1....е со тие производи,ќе испоотруевме мега ѕвезди.
 
Нека рекламираат колку сатаат и како сакаат. Јас и така нема да ги купам нивните производи, бидејќи, како и мнозинството граѓани, немам пари. Ниту ќе ги гледам тие здодевни серии.
 
Ја гледам серијава и ја изгледав епизодата, но ни на крај памет не ми текна дека ова е уствари реклама.
Серија гледам, а не реклами. Боље нека пуштат реклами 1 минута, отколку серијата да ја заебат.
 
Ја гледам серијава и ја изгледав епизодата, но ни на крај памет не ми текна дека ова е уствари реклама.
Серија гледам, а не реклами. Боље нека пуштат реклами 1 минута, отколку серијата да ја заебат.
Рекламирањето е на голема врата во филмовите и тоа од дамнешни времиња, ама така суптилно и незабележливо, како на пример, дај ми Малборо цигара или Apple компјутери за хакери и да не редам, ова е ептен апла реклама, дури и одбивно изгледа можеш и да го смениш каналот и да не ја гледаш серијата воопшто, а ако ова стане пракса може и да се префрлиш на радио.
 
Не знам колку е соодветна темата, но имам еден проблем.Имам проектна активност по Македонски јазик за тоа колку правилно се користи македонскиот кодифициран јазик во медиумите (Телевизија, радио, весник).
Ми треба некоја Тв емисија или што било каде се говори на дијалект, неправилен акцент или нешто слично(не се користи правилно македонскиот литературен јазик).Исто така ми треба и некоја радио емисија каде исто така се говори на дијалект, неправилно се користи акцентот и ред други работи.Ве молам за ПОМОШ ако можете да ми излезете во пресрет. Би Ви бил многу БЛАГОДАРЕН!
 
Побарај по тубата емисии од куманија, приказни додуса еротски се :) од џумерко, ќе најдеш лесно :)
 
Побарај по тубата емисии од куманија, приказни додуса еротски се :) од џумерко, ќе најдеш лесно :)
Фала многу....а по “тубата“ се наоѓа ли некоја таква емисија(нормално некоја цензурирана) сепак ми е за во школо?? :)
 
Маркетингот е една цела наука и денес има многу евалуирано за разлика од денес.
Денес е се насочено кон тоа да се задоволи потрошувачот, да не му се наметнува нешто што не сака, да не му се досадува.
сите знаеме дека со рекламите сакаат да манупулираат со нас. Е ама веќе не им работи таа финта, ама овие нашиве телевизии не знам кога ќе го сфатат тоа, бидејќи како во се така и во тоа се 100 години назад:pos: Само парите си ги трошат фирмите.... па фала богу знам што сакам и како да го најдам тоа што го сакам.
А со развојот на интернетот не знам дали има иднина Телевизијата а камоли телевизиските реклами:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom