Симитис: Грција да не се задолжува за вооружување, во војна со Турција нема шанси

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Грција да ги откаже нарачките на оружје од Германија и Франција затоа што за Атина нема помош во евентуална војна со Анкара. Ова го изјавил поранешниот грчки премиер Костас Симитис според кого евентуална војна на Грција против Турција ќе заврши за два до три часа со катастрофа за јужниот сосед.Зборувајќи на дебата во германската фондација Хајнрих Бол во Берлин Симитис побарал милијардите евра што Грција треба да им ги плати на Франција и Германија да ги потроши за стабилизација на домашната економија.

- Доколку избие војна со Турција грчкото оружје нема да биде од корист. Таква војна би се водела два или 3 часа. Грција не треба да ги троши своите ресурси на вооружување, наместо тоа треба да се сврти кон Европската Унија да го спречи можниот конфликт. Европската Унија треба да биде гарант на грчката надворешна безбедност – рекол Симитис.

Германија и Франција ги разбираат грчките финансиски проблеми но договорот за набавка на оружје мора да се почитува и Грција ќе го плати нарачаното оружје или ќе се соочи со тужба - се првите неофицијални реакции од Берлин и Париз по изјавата на Симитис.

Пред Самитот на НАТО во 2008 владата на Караманлис направи договори вредни 6 милијарди евра според кои владата во Атина треба да добие најсовремени германски подморници и француски авиони. Набавката која беше најавена со посетата на Саркози на Атина требаше да ја бетонира поддршката за Грција на Самитот во Букурешт каде Германија и Франција го поддржаа нелегалното грчко вето. По грчко француско германската препирка не се исклучува во дебатата да се вклучат и други европски држави кои не сакаат да го полнат грчкиот буџет а од тоа корист да имаат само Атина Берлин и Париз.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=86244
 
Нема грешка, Грција чим може да ја кутне Македонија со 10 тенка, тогаш за Турција ќе им бидат потребни 11 :icon_lol:
 
ако,ако нека трошат парите и после оружјето ништо нема да вредат само ќе западнат уште подлабока гомна до грло;)
 
Дедо Антимос од Солун сам ќе ги спречи .....

Настрана сарказмот , вака изречено јавно барање , да не речеме молба , за Европската Унија да биде гарант на грчката надворешна безбедност е доста изненадувачко.

Поранешен висок функционер на членка на НАТО и ЕУ јавно искажува финансиска и безбедносна загриженост за иднината на неговата држава.
 
Лелее само што слушнав на вести... Рекоа дека доколку има војна помегу Грција и Турција војната би траела 2-3 часа и 100% би била со триумф на Турција. (y) Одлични вести за крај на ден... :cuc:
 
Кој рече дека новите пратки вооружување се за војна со Турција?
Некој тркнал малце да прошалта историја вака?
Воената хунта ? Ring a bell?
Некои од дечкиве дали се сеќаваат дека голдман и сакс(читај меџу редови американците) им помогнаа на грциве да заташкаат своите финансиски лајнарии и со тоа да влезат во евро зоната?
Military industrial complex?
Слабо со знаење дечиња
 
Турците имаат 5 000 000 пешадија (со се резервниот состав) додека Грчиштата имаат 300 000....турците можат слободно да ја згазат Гејлада со нивните тенкови кои се на број околу 5 000.
Гејците го гледаат крајот и свесни дека може да бидат смачкани од Турција.

Јас на Грција и прогнозирам граѓанска војна за не повеќе од 5 години.
 
Турците имаат 5 000 000 пешадија (со се резервниот состав) додека Грчиштата имаат 300 000....турците можат слободно да ја згазат Гејлада со нивните тенкови кои се на број околу 5 000.
Гејците го гледаат крајот и свесни дека може да бидат смачкани од Турција.

Јас на Грција и прогнозирам граѓанска војна за не повеќе од 5 години.
СССР немаше толку тенкови....:pos:

Од вакви гомнојадачи, ко овој Гркот погоре што "прогнозира" воен исход за 3 сати и онај попот претходно кој со 10 тенка ќе освоел 25 000 км квадратни ми е преку глава. Само не ми е јасно кој е понеписмен - тие или новинарите што ги објавуваат "вестиве".

Иначе. страшно ме интересира како "огромната" пешадија и тенкови ќе освојат земја која има илјадници острови...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom