Спектакуларен пречек на струшките ракометни херои во Струга!

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Блескавата игра на нашите ракометни херои никого не оставија рамнодушен.Како и целата македонска јавност така и Стружани кои имаат најголем повод да се радуваат на нашите ракометни јунаци го поздравуваат секој нивни успех и очекуваат да продолжат со истото победничко темпо.
СтругаПортал екслузивно објавува дека Организациониот одбор за организација на Меѓународниот ракометен турнир "Струга 2012 год"ОРГАНИЗИРА свечен пречек на Струшките ракометни јунаци-Наумче Мојсоски,Велко Маркоски,Ацо Јоноски и Златко Мојсоски.
Mojskoski_Rus.jpg

velko.jpg
ACO%20JONOSKI%20ODBRANA%20GOLEMA.JPG

DSC_0203_resize2.jpg
Пречекот ќе се одржи во спортската сала Нико Нестор,местото од каде што тие и ги започнаа нивните ракометни кариери.
Датумот и времето дополнително ќе бидат објавени преку локалните и националните медиуми,портали како и преку печатени медиуми.
СтругаПортал ја подржува оваа иницијатива и ги повикува сите граѓани масовно да присуствуваат на овој голем пречек на нашите Струшки херои. Ние тоа им го должиме за нивната храброст,борбеност и за тоа што ги оставаат своите срца на теренот за Македонија.
За наредните активности на Организациониот одбор детално ќе информираме во наредните денови.

izvor
 
Нема видео?
Кога ќе се вратат ќе има видео :)

Ова е отворена покана до сите кои сакаат да ги испоштоваат ракометарите

За точен датум и време ќе бидете благовремено известени ;)
 
Кога ќе се вратат ќе има видео :)

Ова е отворена покана до сите кои сакаат да ги испоштоваат ракометарите

За точен датум и време ќе бидете благовремено известени ;)

Охриѓани ќе пуштет в сала? :D
 
Чек малку, не е глупо пречек да правиш само за четворица !?
Као другиве кој ги тркала, а!? :facepalm:
 
Чек малку, не е глупо пречек да правиш само за четворица !?
Као другиве кој ги тркала, а!? :facepalm:
па тие живеат во Струга и нив ќе ги пречекаат таму во Струга. А главниот пречек ќе биде во Скопје, кој може ќе дојде. Иначе што треба да ги шетаме како мечки по сите градови? :-)
 
па тие живеат во Струга и нив ќе ги пречекаат таму во Струга. А главниот пречек ќе биде во Скопје, кој може ќе дојде. Иначе што треба да ги шетаме како мечки по сите градови? :)

Не треба посебни пречеци да се прават во сите градови и тоа во зависност кој од каде потекнува. :tapp:

Е вака брачко настанува поделба на народот.
 
Чек малку, не е глупо пречек да правиш само за четворица !?
Као другиве кој ги тркала, а!? :facepalm:
Зашто глупо бе, Гечевски како го пречекаа во Кавадарци посебно.:нинџ:
 
Зашто глупо бе, Гечевски како го пречекаа во Кавадарци посебно.:нинџ:

Не знаев за ова. Глупо е што се прави поделба. Чек сеа овие се наши од тука се, тука се родени, растени, тука иделе по леб и млеко, ние ќе се прајме курназ и само нив ќе ги испоштуваме тука.

Ем глупо, ем просто.
 
Не е ништо глупо и просто, едноставно Стружани се горди што од нивниот град излегле вакви спортисти кои се борат за Македонија.А и за играчите најмногу им значи пречек од пријателите, роднините, сограѓаните, па повеќе и од 100.000 на плоштад.
 
Таруно with all due respect, без врска ти е муабетов. Ти се почуствува нешто навреден што Стружани ќе си ги пречекаат своите сограѓани со скандирања Македонија и во чест на успехот на македонската репрезентација? Каква поделба секој нормален Македонец би рекол браво за иницијативата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom