Собирање на печурки

  • Креатор на темата Креатор на темата r1ba
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Сте собирале ли печурки досега ? Мислам на вргањ (boletus edulis), лисичарка (cantharellus cibarius),јајчарка или ние ја викаме калинкова (amanita caesarea) , рујница или бриковка (lactarius deliciosus ). Ме интересира ако сте собирале по која цена ви ја откпуваат ? Сакам искрени одговори тие што шетаат и собираат знаат за што зборуват другите тешко да сватат.

 
Есенва врганот се откупуваше помеѓу 400 и 600 денари за килограм. Втора класа околу 150 денари. Исто за лисичарката.
Рујница не сум собирал.
 
Толку и кај нас беше. Лани стигна до 900 ден. од килограм.
 
Кај е то кај нас?? З"ш кај нас есенва беше врганот 250-300. затоа не му го продадова сам си го издов , дури и си откупив за дома за зимава да си имам, ама пак си нема сега:(
 
Само ме интересира дали може да се најде кај нас :)
На планината Осогово, локалитетot Пониква во букова шума; во Крушево на патот за детското одморалиште; на Кожуф близу локалитетот Смрдилва вода и Коњари, исто така во Маврово во букови шуми. :) И не трагам по нив, туку биолог сум :) Не сум по халуцинациите :pos:
 
Познавам луѓе што живеат од собирање печурки.Татко ми како искусен планинар и познавач на печурки знае некои добри локалитети кои не им се многу познати на собирачите и се сеќавам пред околу 15 години донесе дома неколку вреќи вргањ, строго за јадење.Вргањ си е вргањ;)
 
Ова хоби ви е ?
Па, така некако.. Но, годинава имаше луѓе што си заработија по 300-400-500 и повеќе евра за неколку (5-6) денови. Сепак се работи за искусни габари, кои ги знаат местата на кои излегуваат. Беља направи оваа година 11 Октомври. Неработен ден, токму во тој период... Толку луѓе во планината во животот немам видено.
Јас онака рекреативно го дружам другар ми и по малку собирам за дома, но повеќето ги продавам. Татко ми одамна носи по дома разни печурки и така познавам 7-8 видови што се јадат.
Ама се нема разбирање од женскиот дел на куќата.
 
Во Маврово се откупуваа по цена од 300 ден/кг за вргањ и 60 ден лисичарка. karan, кај мене едни за еден ден земаа 1200 евра, инаку да, во просек толку се прават пари 300 до 400 евра, зависи од годината.
 
Во село,тие што ми се комшии собирање печурки и не им е баш хоби.Секој ден додека има габи одат на планина(Плачковица),стануваат рано сабајле околу 4-5 саат и во 7-8 се вракаат до тогаш цела планина ја има свртено и се врака со 1-2 вреки пуна со габи.И доста добри пари земаат.
 
Добро, нели е собирањето ризично зашто има печурки што исто личат како тие што се јадат или имам погрешни информации? Сепак се тоа шумски печурки и како знаат од фирмата што ги откупува дека од толку печурки нема една отровна да им се провлече? Можно ли да се направи грешка при собирањето?

Отсекогаш ме интересирало како прават селекција на толкава количина собрана од повеќе различни места.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom