Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

  • Креатор на темата Креатор на темата lion888
  • Време на започнување Време на започнување
Дали "eVisitor" Визата е бесплатна за посета во Австралија со Бугарски пасош, еден мој пријател сака да поднесе Виза за посета у Австралија, видел на владиниот вебсајт дека е бесплатна (не се плаќа) за ЕУ пасоши пошто он има Бугарски пасош па не е сигурен дали е така. А за Македонските пишува дека е 195 долари (Visitor Visa Subclass 600) и не даваат на нас eVisitor. И ако поднесе со Бугарски пасош проблем ли ќе биде оти он нема банкарска сметка и имот во БГ како доказ.

Да, бесплатна е, нема врска дали има имот и сметка во БГ или не, нема да има никаков проблем.
 
Мислам дека треба од Битола да се биде.. Првиот чекор
 
Некој да има искуство со Future Option, агенција од Србија за посредништво на студентска виза за Австралија?

Заинтересиран за упис на мастер студии, нормално со цел да останам долгорочно таму.
У описот што го добив у мејлот од агенцијава вика дека по завршување на студии визата може да се промени или продолжи…

Прашањето повеќе ми е и у контекст дали некој бил преку студентска виза и останал долгорочно таму?
 
Можеш со години да се влечкаш на студентски визи, а да не добиеш перманент виза, треба и таа опција да ја имаш во предвид. Агентот ќе ти каже се и сешто да ти ги земе парите, твое е да си направиш рисрч дали тоа држи вода.

Колку што знам после завршување на мастерсот имаш право на 485 виза (една или две години). Во тој период ќе треба да најдеш или фирма да те спонзорира за 482 работна виза или уште подобро 186 перманент виза. Од мое лично искуство ова ретко се случува, затоа треба да имаш и план Б (дали брачна виза или нешто друго).
 
Некој да има искуство со Future Option, агенција од Србија за посредништво на студентска виза за Австралија?

Заинтересиран за упис на мастер студии, нормално со цел да останам долгорочно таму.
У описот што го добив у мејлот од агенцијава вика дека по завршување на студии визата може да се промени или продолжи…

Прашањето повеќе ми е и у контекст дали некој бил преку студентска виза и останал долгорочно таму?

Ако студираш нешто поврзано со струка што е на дефицитарна листа тогаш дефинитивно можеш да останеш. Ризикот е во тоа што додека студираш и завршиш и си спремен за апликација за ПР, може да се смени листата.

Јас имам отидено на студентска и стигнав до државјанство, така да се е возможно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom