Нови објекти на диво се градат во Старата скопска чаршија

  • Креатор на темата Креатор на темата God only knows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Локација
Скопје
Незнам каде да ја ставам темата и дали воопшто постои ваква тема, но на човекот му треба помош, а нашите корумпирани, подмитени, партиски инспектори упорно пробуваат да го прикријат случајот , затоа што се работи за функционер на Дуи којшто тероризира Македонец комшија, а власта се прави глува на неговите апели за помош.Каде се тука државните инспектори или само Фиат Цановски има дивоградба?Срамота, продадени газови.Зашто не одат државни инспектори да уриваат дивоградби на Учки, или и тоа е дел од договорот на Груевски-Ахмети?Несакам да правам политичка дебата за ова, но што е многу , многу.Изградија џамија врз културно-историски споменик и никому ништо.Кога инспекторите намерно се прават глуви, барем ние можеме колку-толку да ја алармираме јавноста за теророт.

Го нарушуваат културното наследство но и соседските односи. Дивоградбите во Старата скопска чаршија и понатаму прават проблеми.
carsija_84776.png
Нови куќи од по 500 квадрати се градат на мали плацеви па објектите често навлегуваат и на туѓа територија.
Покрај приватно во голем број случаи узурпирано е и државно земјиште но од инспекциите сеуште нема реакција на терен, да си го заштити сопствениот имот но и сјајот на чаршијата.
Иако тропнал на вратата на неколку институции, Бумбов веќе четири месеци не добил никаков одговор. Наместо паркинг кој е предвиден и според Деталниот урбанистички план, добил сосед кој дури и градежниот смет му го фрлил во дворот.
Надлежните институции молчат. Иако пред една недела екипата на Сител апелираше за дивоградбите во Старата скопска чаршија, сепак инспекциите се уште не излегле на терен.
Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министерството за транспорт и врски, најавија интеревенции дури од понеделник.
Извор:Сител
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...a-divo-se-gradat-vo-starata-skopska-charshija
 
Пренеси му на Бумбов една порака: Кај што има сила нема правдина.
А како главна утеха не е единствен случај, премногу ги има само тој е еден кој ги побарал медиумите како заштита кои за кратко време ќе го заборават доколку добиат наредба фром Грујо да не излегува повеке таа вест во спротивно инспекцијата ќе појде кај нив.
Совет, градежниот смет од комшијата во трактор и пред влада да го истури, ѓубрето се фрла во депонија.
 
-старата скопска чаршија-вероватно затоа што е во Скопје
ја именувате така.Ние порано па до пред земјотресот ќе
ќажевме одам во турска чаршија.Тогаш имавме една “Нама“
и од таму преку мостот се одеше во чаршијата.Тогаш наша
македонска чаршија.Но се случи што се случи со времето
си го продадовме задниот наш дел и сега кој ни е крив.Ја
направивме албанска чаршија.Долги години да ти е страв
навечер да поминеш низ неа зјаеше празна сега малку живна.
Пред “63 таа беше наша еснавска чаршија.Се знаеше колку
и кој дуќани беа нивни еве да кажам албански (по сегашно)
Многу бргу ги снема звуците на чаршијата,младиве веднаш
ќе помислат звуци на некоја ориентална стара музика а не е
тоа, звуците на чеканите на казанџиите на влезот во чаршијата,
се сеќавам и на качарите точно на кој места им беа дуќаните.
Од сето тоа нема ништо денес,не зачувавме. Продадовме за
да навлезат “тие“.Во тоа време (без Веро-Рамстор итн.) наши
се уште во голем број од селата во Македонија и другите
градови кога се спремава за свадба за себе или за децата се
знае,доаѓаа во Скопје како што реков погоре во “намата“ и
потоа во чаршијата,се што им е потребно ќе најдеа.А имаше и
такви кој доаѓаа да купат и некој домашни потреби за себе или
на пример и самари,оглави,јажиња и сл.Ете затоа таа не беше
само скопска чаршија,туку македонска чаршија.Е тоа го нема
повеќе,замре сега е нивна а ние им го дозволивме тоа и сега
кој ни е крив ќе градат каде и што сакаат па не ли се во власта.
А знаеме каде пред тоа беа- ним алал да им е - а нас арам ....
 
Нека се организираат на протест за почеток. Иначе ова е пример за тивко етничко чистење.
Поддржувам сегрегација ама линииве не ми се допаѓаат.
 
Пренеси му на Бумбов една порака: Кај што има сила нема правдина.
А како главна утеха не е единствен случај, премногу ги има само тој е еден кој ги побарал медиумите како заштита кои за кратко време ќе го заборават доколку добиат наредба фром Грујо да не излегува повеке таа вест во спротивно инспекцијата ќе појде кај нив.
Совет, градежниот смет од комшијата во трактор и пред влада да го истури, ѓубрето се фрла во депонија.
Јас не го познавам човекот само ја најдов статијата и ми се згрози животот како можат Македонците да бидат индиферентни кога во прашање е Македонија(n)Кој молчи тој и ќе трпи.Кај нас за едно убиство на Мартин(такви ги има секојдневно) се крена огромна прашина и сите станаа Швеѓани оддеднаш, а на вистинските проблеми сме глувонеми.Срамно и поразително за нас.
 
Инспекторите ги забележаа дивоградбите во Старата скопска чаршија

24.01.2012 - 15:35 |
По сториите на Сител за дивоградбите во Старата скопска чаршија, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам излезе на терен.
divogradbal_85188.png
Инспекторите како и камерата на Сител ги забележаа неправилностите. Воочиле неколку доградби и надграби во чаршијата. Дел од нив се градени пред стапување во сила на законот за легализација.
Можат да поднесат барање за нивно легализирање, вели Дуковски иако истите го нарушуваат сјајот и автентичноста на чаршијата.
Но од управата за заштита на културно наследство уште пред една недела се изјаснија. Според нив, објектите заштитети со законот за културно наследство може само да се санираат, но не и да се менуваат, доградуваат или да го менуваат автентичниотизглед.
Доколку се утврди дека дивоградбите не се во согласност со законот, ќе бидат отстранети.
Инспекторите ги забележале дивоградбите, а кај беа до сега да ги забележат мамата клошаркса нивна подмитена?;)

Сега да видиме дали ќе урнат некоја дивоградба на функционер на Дуи како што направија со Фиат Цановски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom