Тајната на корпорацијата „Гугл“

  • Креатор на темата Креатор на темата Marlboro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
18.06.2006.,
Гугл гради огромна зграда со големина на две фудбалски игралишта во градот Дејлс, што се наоѓа крај реката Колумбиа. Што се крие во таа зграда уште никој не знае.

Градот Дејлс во државата Орегон, е цел на најновата инвестиција на Гугл. Огромна зграда со големина на две фудбалски игралишта, со две кули за ладење, предизвикува љубопитност како на месното население, така и на минувачите.

Пристапот до зградата не е дозволен, а градските власти се под договор за тајност потпишан минатата година со Гугл. Иако, официјално ништо не се говори, јасно е дека Гугл гради суперкомпјутер, а двете кули за ладење доволно говорат за тоа колку „супер“ ќе биде тој компјутер.

Локацијата на градот е погодна поради близина на хидроелектрана, што на градбата на Гугл ќе и обезбеди ефтина енергија, а сепак не се наоѓа далеку од телекомуникациските центри.

Жителите се задоволни со својот нов сосед, бидејќи цената на недвижнини скокнала за 40 проценти. Многу компании работат на изградбата на зградата, а по нејзиното завршување погонот ќе вработи 200 работници. Завршувањето на работата се планира до крајот на годинава.

Овој проект е дел од стратегијата на Гугл во војната на веб пребарувачите, кои со процесорската сила се обидуваат да го направат што полесно и попријатно пребарувањето на интернет.

Но, во играта не е само Гугл. Мајкрософт и Јаху нудат многу други поквалитетни услуги, како што се и-мејл, видео и аудио даунлод, е-продажба и слично.

Мајкрософт во наредната година планира да вложи две милијарди долари во својот МСН, но аналитичарите предвидуваат дека тоа ќе биде доволно само да го достигне Гугл, кој, како што се верува, ќе оди уште подалеку, поради инвестициите вредни 1,5 милијарди долари.

Проектот на Гугл покажува дека основа за успех во тој сегмент е големата компјутерска моќ и нејзиното искористување.

Моментално никој не знае колку сервери има Гугл, а се проценува дека ги има преку 450 илјади на 25 локации во светот. Мајкрософт брои околу 200 илјади сервери, со план за зголемување на 800 илјади до 2011.

Колку за споредба, Гугл во 2001, кога имал 70 милиони отварања на страни дневно, броел осум илјади сервери. /макфакс/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom