Буден сонувам во Париз

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
сигурен си дека си писател? налетав на грешки во интерпункцијата и сл, пр. на места каде треба да ставиш извичник ти ставаш точка и обратно, итн.. но сигурно за некој месец таму ќе научиш заедно со мари:D
јас инаку не сум по пишувањето, во случај да ми се спротивставиш ради мојот „стил“

Дечкото нигде не ни се декларираше како писател, не знам зошто само мрчите наместо да го сфатите ова како креативен израз и и барем малце да пробате да уживате без песимистички и негаторски ставови.

@|Volkswagen| мене ми се допаѓа, има некоја душа и топлина текстот, особено во деловите каде што нудиш описи, што секако сведочи за одлична перцепција. Прво се мислев да го префрлам во прозни искри, ама видов дека колку-толку се роди интерес за постирање на темава. Само не ми беше јасно што требаше останатите членови да коментираат? Да се надоврзаат на твојот муабет, да го гледаат како уметнички текст и да го вреднуваат или?
 
Да не ме сфатите погрешно, но не ја разбирам потребата од секој прозен текст да се отвора тема. Па за што служи тогаш прозни искри?
 
Дечкото нигде не ни се декларираше како писател, не знам зошто само мрчите наместо да го сфатите ова како креативен израз и и барем малце да пробате да уживате без песимистички и негаторски ставови.

@|Volkswagen| мене ми се допаѓа, има некоја душа и топлина текстот, особено во деловите каде што нудиш описи, што секако сведочи за одлична перцепција. Прво се мислев да го префрлам во прозни искри, ама видов дека колку-толку се роди интерес за постирање на темава. Само не ми беше јасно што требаше останатите членови да коментираат? Да се надоврзаат на твојот муабет, да го гледаат како уметнички текст и да го вреднуваат или?
му го ѕирнав профилот, таму пишува дека е „уметник, писател, научник, не знам што“..и секој си има право на свој став нели? а тоа што е ставен во „уметноста, литературата, јазикот“ дозволува коментари од тој тип, ако не дозволувате „мрчење“ затворете ја темата, иако тие критики треба повеќе да помогнат и да го направат покоректен во изразувањето барем кај интерпункцијата
текстот ми е некако дежа ву, но се согласувам дека си има своја топлина, ми се допаѓа
 
му го ѕирнав профилот, таму пишува дека е „уметник, писател, наушник, не знам што“..и секој си има право на свој став нели? а тоа што е ставен во „уметноста, литературата, јазикот“ дозволува коментари од тој тип, ако не дозволувате „мрчење“ затворете ја темата, иако тие критики треба повеќе да помогнат и да го направат покоректен во изразувањето барем кај интерпункцијата
текстот ми е некако дежа ву, но се согласувам дека си има своја топлина, ми се допаѓа

Далеку од тоа дека не дозволуваме мрчење, дозволуваме но со аргументи и образложенија. Исто е и со пофалбите. Ако нешто напаѓаш или фалиш пожелно е да го образложиш. Вака испаѓа ко директен и личен напад на оној што се потрудил да го напише.
Што се однесува до интерпукцијата, и во твојот пост има еден куп грешки ама тоа не ми пречи да те разберам што сакаш да кажеш, не се сите лектори на форумот. :)

Можеби дежа ву ти е дека те потсеќа на најновото остварување на Вуди Ален - Midnight in Paris? :P
 
јас не пишувам уметничко дело, трчам низ форумот:) ако некогаш објавам нешто мое, ќе го скоцкам 100%:)
ме потсеќа на мн нешта, на мн дела од француски автори, најмногу поради описите:)
инаку јас кажав зошто моето мислење е такво какво што е, јасно објаснив дека интерпункцијата одзема убавина од делото, поготово на место каде што треба да има извичник форумџијата се служи со точка, еве на пр кога има колнење(пцуење и сл) се става извичник, инаку делото губи емоција
 
јас не пишувам уметничко дело, трчам низ форумот:) ако некогаш објавам нешто мое, ќе го скоцкам 100%:)
ме потсеќа на мн нешта, на мн дела од француаски автори, најмногу поради описите:)

Нема везе, и јас не пишувам уметничко дело, ама дури на chat на facebook се трудам да пишувам правилно. Навика е. :)

Што се однесува на тоа дека нештото потсеќа на нешто, Михаил Бахтин зборуваше за тоа дека нашиот текст е производ на сите други, на сите наши претходни прочитани мисли и зборови, односно на нашето искуство. Го препорачувам. ;)
 
точно дека е навика, јас не внимавам на детаљите, особено не на фбук, мсн, скајп..на меил сум друг човек:)
се согласувам и дека претходно прочитаното има влијание над нас, но јас барам автентичност кај еден автор по секоја цена. патем така се изродиле сите „стилови“. и покрај сличностите меѓу еден и друг писател, поет, сепак кога ќе отворам некое дело сакам да го осетам „мирисот“ што го полева само тој и никој друг автор! оваа арома беше позајмена, избледена, но во секој случај беше добра:)
 
Мешаме два поими : стил и приказна.

Приказната е таа што е...Она што ми лежи мене на срце.
Зарем секоја љубовна приказна/поема/книга не наликува на некоја претходна по содржина? :)
Стилот е мој. Можеби подсеќа на некој...можеби нема врска со никој...истото важи и за секој друг автор.

Второ..

Не знам зошто воопшто на темава се дебатира за тоа дали сум писател, блогер, автор, хејтер,..., Немора на се да ставите етикета да знаете што е ;) Историјата (кајганска, локална, регионална, глобална) ќе ме оквалификува во што спаѓам.

А за тоа дека има прозна тема на форумов, навистина јас сосема заборавив, кога ја правев темава и се извинувам. НО, има и многу други теми за автори од типот „Поезијата на „не знам кој““ ....така што ...не е болка за умирање нели? :) И мене воопшто не ми смета некој да отвори тема со свој текст на кој можеме да дебатираме. Било многу одамна така на форумов.

Како и да е, фала на сите оние за нивната критика, дали е позитивна, дали негативна. Со секоја критика „на место“ без оние испадите на морончињата со мали куриња, „растам“ и ги прифаќам двете критики.

Пред да го напишам текстот, знаев дека ќе има реакција зошто баш Париз. Премногу препеан, пренапишано е за него и сл. Знаев дека можеби повеќе „Фама“ ќе се кренеше за Скопје, Битола или било кој друг град... Но ова е сон. Не сум бил во Париз, го сонувам и уживам во тоа. Ако нештото го напишеш низ чувства, подобро е за читање ;)

Тоа е исто како да кажеш дека Буковски премногу пишувал за L.A (оти претходно сигурно има едно 100-тина автори кои пишувале на тема L.A), Бодлер за Париз,... Pick your choice.

Крај краева, неможе градот да биде крив. Тој е таму да постои, да инспирира и да напишеш нешто во врска за него ;)

Локација: Париз, Франција :P :D
 
^ќе кажам само уште едно, без оглед на тоа дали ова е местото или не е, дали ќе излезам „моронче со мало ____“ што сака само да се расправа, наместо да ја голтне приказната и да ужива во неа..и сака несебично да поТсети на детаљите кои би придонеле за подобра естетика на приказната преку изборот на интерпункциски знаци, а не да влиаје на самиот стил, затоа што не може и не сака. немав никаква намера да те навредам. како твоја животна приказна делото е интересно, си го остворал твојот сон и сега си на прагот да ти се исполни уште поголем, што е извонредно:)
како стил, кажав дека внесуваш топлина, иако стилот ми е веќе..(не е важно што)..но тоа не беше коментар до авторот, наменет беше за друг член..всушност повеќе беше нормален разговор, наместо расправија со истиот тој член, без никакви прикриени намери до тебе. јас се што кажав и укажав уште на почетокот е погрешната употребата на и. знаци на моменти..и признавам дека мн избрзав со заклучокот „сигурен си дека си писател?“ и коментарот „но сигурно за некој месец таму ќе научиш заедно со мари:D“ баш поради тоа што и мене ми прелета таа мисла во глава, дека ете се работи за уште едно „моронче со мало такво“ што наместо да ужива во „градот на светлината“ одбрало тука да се занаса, мн нешта ме насочија кон таа мисла, се извинувам ако грешам, а и онака не верувам дека ти е битно. а јас самиот никогаш не сум те етикетирал како „писател“, тоа е објавено од твоја страна, иако не на оваа тема, повторно се извинувам ако станува збор за шала..и тоа беше едно од нештата кои најмногу ме испровоцираа на таков ироничен коментар.
но во право си, нема потреба да се дебатира околу вкусот на расказот и сите останати елементи, знаци, фонт, големина, кирилица, латиница и сл, на секого му е дозволено да пишува што сака и како сака, макар и да се работи за пишано уметничко дело, како сака може да си ја води темата, така да слободно може да се избришат сите постови освен твојот
не е мое да се мешам, ама со среќа со мари:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom