Што да се јаде/пие во Ниш и колку пари ќе ве чини?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.316
Поени од реакции
34.723
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ниш ќе биде рај за македонските навивачи кои ќе го преплават градот наредната недела поради настапот на најдобрите македонски ракометари на Европското првенство. Откако ќе си ги истрошат грлата во салата "Чаир", енергијата ќе мора некаде да се надомести, а Ниш овозможува услови да се помине ем добро, ем евтино. Меѓу другото, градот има на располагање 50-ина кафеани, во кои може да се јаде по мошне поволни цени.

Освен доколку немате намера да претерате со пиењето, просечно седење во кафеана нема да ве чини повеќе од 400 денари, во што се вклучени мезе (ракија+шопска салата=90 ден.), плескавица од 400 грама (180 ден.), локално нишко пиво (45 ден.), десерт (палачинка од 50 ден.) и кафе (25 ден.). Пицериите се нешто поскап избор за ручек, за што ќе треба да издвоите околу 300 денари. Единствено цените на бурекот се на ниво на Скопје, па еден четврт чини од 50 до 70 денари. Се разбира, не е исклучено домаќините сега малку да ги покачат цените.

И во кафулињата, во поглед на цените, може да се биде поопуштен отколку во Скопје: пивото е околу 60 денари, газираните сокови се двојно поевтини, а за кафе-муабет ќе треба да се одделат околу 50 денари.
Близината на Ниш овозможува евтино да се стигне, особено со јавниот превоз: повратна карта со воз чини 1.000 денари, додека автобусот е поскап за 100 денари.

виа Вест.
 
Да не знае некој како се движи цената на горивото? Колку пари е бензинот, плинот?
 
Да не знае некој како се движи цената на горивото? Колку пари е бензинот, плинот?


Тука негде се како кај нас, за нијанса повисоки.Цени во денари:
Супер МБ 95 78,4мкд
Безоловен 95 79,2
Дизел Д2 74,4
Еуродизел 80,8
ТНГ 40,4

Извор:http://www.retailserbia.com/info/ce...um-bezolovni-dizel-eurodizel-eko-3-dizel.html
Најдобро гориво им е во ОМV(и добри сендвичи) и Лукоил.

А општо цените во Ниш им се тука негде со нас, а на многу места и поевтини од кај нас (y)
 
На OMV не ставајте бензин у случај да плаќате со евра. Многу лош курс даваат...
Мене ме заклаа пред 10ина дена...
 
Секој ден да трошиш по 5 евра ке поминеш,1 евро во Србија/Ниш е 100 динари... као што пишува погоре во кафана ке поминеш со 500 динари,а тое 5 евра во пицериите уште поефтино,капричиоза и останати пици се по 200 динари,пивото е 70/80 динари... исто така и во сендвичарите Хамбургери оно ово по 100 динари се разбира има и лесковачки,ние ке сме во стан,ке имаме понесено и од дома нешто,како така ке се помине некако.:D
 
ко што може да приметам цениве кај нив се за многу мала нијанса помали од кај нас така да горе доле исто ти ењ дали македонија дали србија. ако преживувате тука таму нема да умрете сигурно.
 
Хахаха...посмешна тема оддамна не сум прочитал.....не верувам дека некој угостител ќе пропушти оваков настан....така да цените од погоре,можеби се за во некој мрачен обичен есенски ден.:coffee:
 
поцекајте да го видите менито со цените немој глава да ве заболи засто кафанзиите не верувам дека ваков настан ке го дочекаат толку смирено али ке видат оние кои ке идат па ке ни кажат како поминале верувам супер ке поминат и ке се вратат заедно со нашите ракометари со успех се најдобро таму и испите им го алкохолот на србине да умрат од мака ;)
 
Хахаха...посмешна тема оддамна не сум прочитал.....не верувам дека некој угостител ќе пропушти оваков настан....така да цените од погоре,можеби се за во некој мрачен обичен есенски ден.:coffee:

Цените искрено се дигнаа највеке за смештајот,сеа да идешда бараш смештај ке те изгорат,а за кафаните тоа е тоа,како и да е по 600 700 динари да ден ке оставаш,уште ако победуваме е тек тогаш биче жустроо ...
 
Хотелите, кафулињата и рестораните во Ниш немаат посебна понуда за гостите за време на ЕП. На неколку места ни кажаа дека ќе работат како вообичаено, и покрај најавите за зголемен број посетители.
Персоналот во ресторанот „Стара Србија“, кој е еден од најпознатите угостителски објекти во Ниш, нé информира дека е договорено амбасадорите на земјите-учеснички во групата Б да го посетат за време на ЕП, како и преостанатите претставници од државните врвови што ќе дојдат да ги следат мечевите на нивните селекции во Ниш.
Угостителите очекуваат поголема заработувачка, и покрај тоа што немаат специјална понуда за да ги привлечат посетителите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11012221449&id=22&prilog=0&setIzdanie=22477
 
Цените искрено се дигнаа највеке за смештајот,сеа да идешда бараш смештај ке те изгорат,а за кафаните тоа е тоа,како и да е по 600 700 динари да ден ке оставаш,уште ако победуваме е тек тогаш биче жустроо ...

Ашколсун....

Инаку само да тргне со победите,после ако треба пешки до Ниш ќе одиме.
 
Се гледаме у Ниш, нишлијки нека му ја мислат ;) ако тепаат нашиве ќе снема пиво сигурно. нека се спремат добро нишлии



п.с. Гледам у мениво ролована вешалица од 450 грама 300 динара = 3 евра или 180 денари
 
Сега слушав вести.Еден угостител рече дека цените ќе се намалат во кафаните кафичите и рестораните за да може македонците да уживаат во Ниш.Ова важело само за Македонците
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom