Брат ми од мене е постар 4 години, сме се сложувале секогаш, секогаш сум имала дежурен полицаец, за совет и да ме поткара ако забегам и згрешам нешто, тука бил... но интимни работи никогаш не сум можела да споделам со него, срам ми било а и башка така може сум и воспитана...
Е сега децата ми се две години разлика, и исти мозок се, си играат, се сакаат, се гушкаат, со еден збор речено заедно дишат, кога едниот плаче и другиот почнува за да не плаче овој првиот сам.... знаат и да се скараат , но многу брзо минува тоа, сепак ако деца не се скраат кој друг?, син ми често знае да го каже ова*леле мамо колку ја сакам оваа дада ти, ми иде да ја изедам од шо ми е слатка*, така да внимание имам пружено многу и кон двајцата, не сум ги запоставила нити девојчето нити момчето, а секако тука е и тато за помош ако треба во секое време:smir: