Македонски пејачи со еден-два хита и крај

  • Креатор на темата Креатор на темата denibas77
  • Време на започнување Време на започнување
Ерзана е мажена во Њу Џерси за некој бизнисмен од албанско потекло.

А Марија... бјутифул Марија... не знам.
 
Е некој не се за оваа тема ,оваа тема е за оние кои траеле едно лето,ама како што напиша некој погоре тешко е да се направи разлика кога грото од пејачите се со неколку песни,меѓутоа Ерзана не спаѓа тука мислам дека имаше два албума и многу повеќе од еден, два хита ,Трајче Манев редовно си учествуваше на Макфест секоја година итн

Него не приметив дека некој ја спомна групата во која членуваше Анета Качуркова ,имаа еден ,два хита на времето ,мислам и песна со Врчак
 
Море каде се песните од Глоријан. Ама оние скроз првите :)
Типот после и soundtrack направи.
 
Инола Икс, група... имаат само 2 песни, и двете се одлични.



Ристо Вртев бил член во групава... но незнам зошто ја снемала. Одлична група, да продолжеле сигурно би имале поголем успех од Мизар. Бар според мене.
 
Него не приметив дека некој ја спомна групата во која членуваше Анета Качуркова ,имаа еден ,два хита на времето ,мислам и песна со Врчак

П.С. се викаше групата, имаше мислам Crazy in Love постирано нивна песна :)
 
П.С. се викаше групата, имаше мислам Crazy in Love постирано нивна песна :)

Мислам дека оваа беше песната
Оваа група ли имаше еден спот во кој беа како холограми на зградата на тогашно ЕСМ? Голем хит беше и песната на времето, ама не ми текнува како се викаше.

Тања Царовска подобро што не остана овде. Ваков талент би се угушил на толку мал простор. Наместо тоа снима филмска музика за светски филмови. Немам зборови за тоа колку и е убав гласот и со каков сензибилитет пее.

Тања има прекрасен глас, ако и го немаш слушнато албумот што го издаде на англиски, клик тука.
Навистина е подобро што не остана во Македонија, за жал никогаш немаше да дојде до израз овде од купот ѓубре што се насобра на македонската музичка сцена.
 
Оваа група ли имаше еден спот во кој беа како холограми на зградата на тогашно ЕСМ? Голем хит беше и песната на времето, ама не ми текнува како се викаше.
Песната е Биди ин на групата Ин
Е сеа спотот... за жал сеуште го нема на ЈуТјуб. Се надевам дека некој ќе го ископа од некаде и ќе го стави онлајн.
 
Ноне уште преговара за нов спот, нејзината кариера уште не е завршена

Па нели ќе ја завршуваше кариерата поради тоа што и понудија секс во замена за спот (менаџерот или така нешто беше). Така пишуваше по весници и по интернет страници.
 
Па нели ќе ја завршуваше кариерата поради тоа што и понудија секс во замена за спот (менаџерот или така нешто беше). Така пишуваше по весници и по интернет страници.
Ќе се најде поштен човек да и сними спот од ќеиф
 
Ена Веко е една од најпродаваните пејачки во Македонија иако има само еден албум
zborot mi bese deka ce ima uste hitovi... deka ce ja ima na scenata... ona se povlece i ja nema mozda i 10 god... nesum siguren... a imase i glas i stas devojkata...
 
Тања Царовска воопшто не е one hit пејачка... на пример, има илјада проекти на филмска музика (на пример, Троја, Мајки.... да, да, на http://www.youtube.com/watch?v=5uTpKBqLE0I), како и нов соло албум.... Не мешајте баби и жаби, ако некој не е познат во Македонија, не значи дека не направил кариера во странство... или ако не слушате доволно добра музика :P (Тања има нов соло албум.... добро, релативно нов: http://www.youtube.com/watch?v=eGK7yHU6CyQ&feature=related
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom