Ме прочита ли добро или само површно го сфати мојот пост?
Прво и основно,не се ставај веднаш во центарот.Најглупо е кога се прави анализа и некој си го кажува само сопствениот пример.Ти си кажа само за тебе,јас ти правам муабет за поопширен број на луѓе.Истото и за Вот важи.
Активно сум се правел парчиња во минатото со марихуана,така да не правиш муабет со некој кој има глупи предрасуди за оваа работа.
Правиме муабет за реални проблеми од марихуана.
Доволно е да го спомнам само како аргумент губењето време во снабдувањето на трава од дилер,а камоли трошењето на финансиите на една иста работа.Знаеме колку е поскапена травата во државава последниве години.Има луѓе на кои половина плата им оди во пафкање.
Марихуаната и тоа како ги прави повеќето луѓе пасивни.Значи повеќето,не сите.
Скоро сите во моето опкружување што пафкаат активно,не претнаа во животот.
Губат и по неколку саати понекогаш само за да снабдат.
Околу меморијата потполно не си во право.Илјадници студии имаш за овоа од независни истражувачи.
Правиме муабет не за долготрајно губење на меморијата,туку за тој период додека активно се правиш лом.
Башка тоа што ја спржува интелигенцијата.Кај солиден дел е вака,не кај сите.
Ти како активен пушач кој имал искуство барем би требало да ме сфатиш.