Tomorrowland - најспектакуларниот фестивал во Европа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Boom Boom Ciao
  • Време на започнување Време на започнување
Не дек ме праша некој ама овај Скрилекс малце ко за греф ми е... :/

Многу е за греф...
И јас сум од оние тазе запознаени со овој хепенинг и самиот се чудам како можело пропуст од овој калибар да ми се случи. Нејсе, чивијата е влезена, кога ги гледав лајнапите солзи ми навреа на очи. Детален теоретски план одма се направи со друштвото за следната година, ќе видиме дали ќе профункционира во пракса а оди некако вака:

Визер од октомври стартува со ефтини летови од Скопје за неколку дестинации. Една од нив е Ајндховен во Холандија која е на 100 километри од Бом во Белгија каде што се оддржува фестивалот. Летовите во еден правец се околу 17 евра, значи повратна карта 35 евра до Ајндховен и цирка еве и 20 евра до Бом и назад да заокружиме на 60 евра за пат. Најефтиното сместување е тоа кампингот Дримвил 35 евра во шатор меѓутоа ако си носиш сопствена опрема. Втора најприфатлива верзија е во нивни шатор што кошта 100 евра по човек за 5-те дена. Картата е 175 евра за сите 3 дена и секако греф и шприцер е да си таму а да не одиш сите 3 дена односно сосе загревачките и преспивањето после последниот ден вкупно 5 дена си таму. Значи одприлика карта+превоз+смештај=340 евра. На тоа удрете барем 30 јурци од ден за храна, пиење и други трошоци доаѓаме до една розефка како некој си оптимален минимум без кој не смееш да помислиш да влезеш во комбинација. А пошто си тргнал на фестивалот од соништата кај што не сакаш да си ја стегаш душичката или цело време да мислиш дали ќе останеш на улица банкрот, а Марфи вика дека увек искачаат непредвидливи срања, 600-700 јурци е сумата која треба да ја обезбедите и унапред да ја прежалите курбан за да си бидете раат во душа и реалтивно задоволително покриени.
Ако математиката погоре ја јадете за доручек, следи олеснителниот дел. Прво картите се продаваат онлајн и за 2012-та имало преку 2 милиони апликанти. Претпоставувам дека функционира принципот-Ко прије њему невесту на руку, што значи дека гаранција дека ќе набавите карта нема. Едина шанса плус ви е да најдете некој во Белгија, на пример госпожа Емотивно Луда Веселинова од форум, бидејќи организаторите одлучиле 80,000 од 180 000 карти да ги продадат во Белгија, односно да им дадат предност на домашните. И домашните и странските карти биле распродадени за неколку саати. Ако и ова ви беше малку и мислите дека гром во коприва удира, инфо плус што ќе ве расположи е дека во Дримвил смештај има само за 35,000 луѓе што не е ни 20% од бројот на посетители. Значи 700 јурци, Белгиски врски и 2 седмици на лото. Во превод:

А дали вреди?

Е не ебате оние дегенириците Свирко Лопов и Бескосов Ем Безмозоковчевски вредат да се гледаат во Скапан Ан.

Официјалната страна
http://www.tomorrowland.be/

Страната за смештајот во рамките на фестивалот
http://www.dreamville.be/easy-tents

Страната на Визер
http://wizzair.com/en-GB/Country/MK

Како да стигнете со воз од Ајндховен до Бом со воз (треба 3 пати да смените воз)
http://www.rome2rio.com/?EIN/Boom, Belgium

Како да стигнете со Автобус до Антверп или Мехлен. После тоа имате уште 16 километри до Бом од било кој од овие 2 града
http://en.airportbus.eu/

Линк од банки сосе контакт лица во Република Македонија
http://www.acimacedonia.org/mk/clenovi_mkd.html

Линк од сајт за вработување во Македонија
http://www.najdirabota.com.mk/

Менувачници во Македонија
http://zk.com.mk/act/менувачници/Македонија

Линк и адреса од контакт особи-откупувачи на органи
N/A Republika e Kosovës

Епа децо еве ви се преџвакано. Кој ќе иде нека не му биде мака до толку ако не успее да отиде и на Ибица. И нормално да пише обавезно на темава.

Гуд лак, енд лет д гејмс бигин.

Искрено ваши
Здружение на Клабери на Град Скопје
 
Од ко видов Q-dance стејџ... готово ! :D иначе претходно ми изглеаше онака класик исто па исто музика, освен шо е големо нешто, т.е. голем фестивал... така да го стаам на бр.2 во мојата ситна листа каде шо прв е Qlimax!
 
НЕШТО НАЈЛУДО ДО СЕГА, САКАМ ДА ОДАМММММММММММММ :DDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
 
Не го сакам Skrillex ама сепак мора да се каже Браво. Ова изгледа како надвор од овој свет
 
А дали некој ја знае разликата помеѓу Full Madness Pass и Full Madness Comfort Pass? Сакам да знам кои се поволностите, а сигурно ги има оти е различна цената :)
 
2013 не го пропуштам ова чудо! Се надевам ќе се собериме повеќе Македончиња и ќе имаме посебен камп како шо беше на видеото!
 
2013 не го пропуштам ова чудо! Се надевам ќе се собериме повеќе Македончиња и ќе имаме посебен камп како шо беше на видеото!

Париз булевар, Лондон булевар .. :vozbud:

Па и тие приватните Тумороуленд џетови, на почетокот од видеото, од Барселона, Лондон и т.н. Цццц филм ипол. Секое евро фрлено за овој собир вреди маме му .. Животен доживљај е ова.

Ама јас велам step by step. Прво Sensation му е мајката !
 
Дадов заклетва со едно другарче, секој останат денар се трга настрана за во Јули да тргниме за Белгија :D
Само ако е ова вистина тогаш е вистинска демотивација:

„180.000 карти се продаваат онлајн и за 2012-та имало преку 2 милиони апликанти.

Vо Дримвил смештај има само за 35,000 луѓе што не е ни 20% од бројот на посетители.“
 
А чекај малце, јас немам читано и разгледувано точната локација и положба на Дримвил. Тоа место во Белгија е зафрлено некаде во поголема изолација, или е во близина на некоја урбана средина т.е. некој поголем град. Ако случај е случај со второто, тогаш се исплати и да спиеш во некој поефтин хотел во градот, а до Дримвил 3те дена да одиш со бус, воз, пајтон :icon_mrgr:, или нешто четврто ..

Иии тоа, имаш ли инфо колку изнесува една фул влезница, за сите настапи на мејн стејџот ? Сите 3 дена нормално.
 
Се одржува во Boom, очигледно е далеку од населени места, колку шо знам има полиња, езера и сл. Можиш да разгледаш слики ако те интересира. Мислам супер е локацијата ако земиш во предвид каква и колку гласна музика се пушта :) А не вервам дека ќе најдиш „евтин“ хотел + превоз за пониска цена од капмот.
А за цената, секоја година е различна, т.е. повисока. Лани беше 175 евра влезница + 35 евра во Дримвил со сопствен шатоп и опрема + 60 евра за пат (авионски карти, воз, автобус ќе треба да смениш неколку пати), се на се отприлика 300 евра. Јас ова го земам како најевтина варијанта, ако има некој подобра идеја слободно нека кажи :D
 
Оваа година беше 200 евра влезница за 3 дена.
200 евра шатор за двајца во селото за 5 нокевања.
Превозот од кај нас треба сам да го организираш.

Инаку точно е дека влезници добиваа само оние што имаат среќа, оваа 2012 година поради огромен број пријавени влезниците се доделуваа на сличен начин како за Еуро нешто како лотарија.
 
Мислам дека не е тешко да се најди карта до средината на јули, лани имаше цел куп give-aways на ebay. Сепак постои ризик да не се валидни...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom