Верски судири во Нигерија, продолжуваат нападите врз Христијаните

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Исламистите уништија 185 цркви, протерани 190.000 христијани
Вторник, 07 Октомври 2014 15:09

Истакнат свештеник од Нигерија откри дека исламистичката терористичка група Боко Харам досега уништила над 180 цркви во Западна Африка, а околните места ги ставале под опсада.
bokoharampict.jpg


Свештеникот Гидеон Обасоги вели дека поради овој терор над 190.000 христијани се протерани од своите куќи.

Во својата изјава тој вели дека од Боко Харам со палење и тортурирање на се што ќе најдат пред себе, многу свештеници се иселиле од своите домови, а се уште не можат да се вратат назад.

-Животот ни е многу тежок. Едвај чекаме да се вратиме дома, иако е очигледно дека ќе имаме многу маки додека ги реконструираме нашите запалени и срушени цркви. Спиеме по разурнати згради, кај пријатели, вели еден од раселените свештеници.

Во април годинава терористичката група киднапираше над 200 ученички од селото Чибок, потег кој само уште повеќе ја докажа бездушноста на терористичките групи.

Според Human Rights Watch, над 2.053 лица се убиени од почетокот на 2014 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom