Верски судири во Нигерија, продолжуваат нападите врз Христијаните

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Христијаните во Нигерија имаат три дена да се иселат
Милитантната исламистичка група Боко Харам издаде ултиматум, кој им дава три дена на христијаните кои живеат во северниот дел на Нигерија да ја напуштат областа.
nigeriska-crkva240.jpg
Портпаролот на Боко Харам, Абул Куака исто така рече синоќа дека борците на групата се подготвени да се соочат со војниците, кои беа испратени во деловите на четири земји каде беше прогласена вонредна состојба од нигерискиот претседател Гудлак Џонатан во саботата, пренесува Си-Ен-Ен.
-Ние ќе се соочиме со нив за да ги заштитиме нашите браќа, изјави Абул Куака за време на телефонскиот разговор со локалните медиуми.
Тој исто така, ги повика муслиманите кои живеат во јужниот дел на Нигерија да се вратат на север, бидејќи имал докази дека тие ќе бидат нападнати.
Последниве недели се случи ескалација во судирите помеѓу Боко Харам и безбедносните сили во северо-источните земји Борно и Јобе, како и со нападите врз црквите.
Речиси 30 лица загинаа на Божик во католичката црква во близина на главниот град, Абуџа.
Активистот за човекови права Шеху Сани за Си-Ен-Ен изјави дека најновата закана на Боко Харам е веродостојна, но мнозинството христијани се родени и израснати во северниот дел и немаат друго место каде да одат.
-Убиствата ќе продолжат, изјави тој и додаде дека групата може да одговори на вонредната состојба со својата кампања на насилство во области, кои се сеуште непогодени.
Сани изјави дека вонредната состојба и зголеменото присуство на безбедносните сили нема да ја подобри ситуацијата, тврдејќи дека војниците веќе биле вклучени во кршењето на човековите права и имале направено малку за да се намали насилството.
Нигерија има речиси еднаков број на христијани и муслимани, но јужниот е претежно христијански.
Боко Харам и други исламистички групи тврдат дека на север се изгладнети и маргинализирани од страна на Владата на Џонатан, кој е христијанин.
Боко Харам (кое според групата значи „Западната цивилизација е забранета“) бара наметнување на исламското шеријатско право во Нигерија.
http://www.kurir.mk/svet/vesti/55661-Hristijanite-vo-Nigerija-imaat-tri-dena-da-se-iselat
 
Како ќе докажат дека си христијан ?
 
Ова ќе доведе до формирање милитантни групи кај Христијаните и ќе се колат меѓусебно.
 
Вторник, 17 Јули 2012 13:47​


Во џихад нападот на исламистите од Боко Харам беа нападнати 12 христијански села и имаше повеќе од 100 загинати. Во домот на еден христијански свештеник биле живи запалени 50 христијани.

120715nigeriaburning-340x170500.jpg

Ова беше првиот од низата напади во 12 села, каде што насилството зад себе оставило над 100 жртви во Плато, северна Нигерија, област којшто претходно бил надвор од територијата на исламистичката терористичка група Боко Харам, а е дом на најголемото муслиманско племе Фулани.
А Боко Харам сепак презема одговорност за нападите, заканувајќи се дека насилствата ќе продолжат.
Претставникот на Open Doors, Џери Дикстра, вели дека засилениот бран на насилства во Нигерија создал религиозно бојно поле, а Боко Харам велат дека христијаните мора да се преобратат во ислам... или да умрат.
„Нигерија е центар за убиство на христијани. Стотици христијани веќе се брутално убиени, вклучувајќи и жени и деца, од страна на Боко Харам“, вели Дикстра, додавајќи: „Групата рече дека христијаните мора да се преобратат во ислам или ’никогаш нема да знаат што е тоа мир’. Нивната цел е Нигерија да стане земја доминирана од Шеријатот“.
Од православната црква во Нигерија велат дека сите нивни цркви се запалени во 12 градови.
Плато е дом на номадското и муслиманско племе Фулани, група којашто официјалните лица од Нигерија велат дека е виновна за нападите.
Криминалниот консултант Иносент Чуквума цели дека Боко Харам не можела сама да го постигне сето тоа.
„Мислам дека Боко Харам не може туку-така да ги нападне сите тие села. Сигурно имале локална поддршка и соработка“, вели Чуквума.
Претставникот на племето Фулани одрекува дека се поврзани со настаните и не преземаат одговорност за гласините дека се поврзани со Боко Харам.
Терористичкиот аналитичар Мајкл Рубин верува дека Боко Харам се вистинските виновници.
„Не треба да бидеме изненадени од фактот дека Боко Харам делуваат на поголема територија“, вели тој, изразувајќи загриженост дека групата навлегува во територијата на областа Плато и територијата на племето Фулани.
Сиромаштијата, нееднаквоста и неправдата се причина за конфликтите во Нигерија. Ројтерс пренесува дека разликата во заработувачката помеѓу земјите што произведуваат нафта на југ и тие што немаат ресурси, односно земјите на север, се водечки фактор во националните тензии.
Дикстра додава дека христијаните треба да се молат за нивните прогонувани браќа и сестри.
Мајкл Рубин вели дека доколку владата на Нигерија не стави крај на граѓанската војна предизвикана од Боко Харам, ќе се соочат со невидени последици.
„Доколку Боко Харам не се поразат, ќе продолжат да ја доведуваат Нигерија до невиден пропаст“, заклучува Рубин.

ИЗВОР: http://kurir.mk/svet/vesti/78153-Nigerija-50-hristijani-zivi-zapaleni
 
Ова ќе доведе до формирање милитантни групи кај Христијаните и ќе се колат меѓусебно.

Мех, веке со деценији се кољат.

Они се касапеле и пред да примат Ислам и Христијанство. Племето од северот Хауса (Муслимани) со племето Игбо (Христијани) од југот. Мислам дека и Јурубите се тепаат али не ми текнува што се они.

Често наебуваат и Анимистите/традиционалните религији од централниот и источниот дел на Нигерија кои ги тепаат и едните и другите.
 
Дифтари... Што ќутат како македонци овие? :facepalm:
Радикални исламисти убиле 10 христијани во Нигерија

Свет | 3. декември 2012 - 13:05
Радикалната исламистичка група Боко Харам денеска закла неколку христијани во Нигерија
boko-haramjpggh516997946166-400x300.jpg
Припадниците на радикалната исламистичка група Боко Харам денеска запалија неколку цркви и полициски пунктови во североисточниот дел на Нигерија, при што заклаа и десетина Христијани. Во нападот загинаа и двајца полициски службеници. Радикалните исламисти убивајќи ги Христијаните извикувале Алах е голем.

Исламистите упаѓале во куќите на жртвите,а потоа им ги сечеле главите.
- Влегуваа во избрани куќи во мнозинство христијанскиор дел на градот Чибок и заклаа десет луѓе како овци. Иако имаа огнено оружје тие избраа да им ги исечат вратовите, потврди локално официјално лице и додаде дека такво нешто би можеле да направат само припадниците на Боко Харам. Вкупно 50 вооружени напаѓачи во автомобили и на мотори извршија напади врз три цркви, како и на пунктовите на границата кон Камерун, отворајќи оган врз полицијата, наведуваат очевидци.
http://press24.mk/story/svet/radikalni-islamisti-ubile-10-hristijani-vo-nigerija
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom