Новите автобуси потесни, но поискористени

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Месечна не ми се исплати, па почнав и јас со 10 возења као да си го упростам моментот на гурање до шоферот, ама пустото кога ќе го искуцаш и последното возење, а немаш билетара во близина, а ти иде бус, сакаш неќеш ќе се гураш пак до кај него.
Епа си ги планирам отприлика возењата, некогаш и 2-3 ако ми имаат останато ќе купам нова со 10 за да не идам после специјално до билетара само за тоа.
Иначе, ако не секојпат, секој втор ми се случува ко ќе го откуцувам последното возење да ми заглави картата во автоматот и да се расипи палежниот, па ко ќе ја извадам картата ко куче да ја гризело... и нормално, тие после мене не можат да ги откуцаат, па излегува шоферот, лупа по автоматот, го разбоздисува цел... луѓево нервозни, јас си се смешкам :icon_lol:
 
Хахахаха..

И мене еднаш ми се заглави и ми вика шоферот „види го бе како си ја згужвал“, а ја му викам „епа сеа да зеам да ја пеглам ако не“ :D

Инаку многу лесно се гужваат картичките во џеб, па после се случуваат како твојот и мојот случај, па затоа не купувам екстра картичка додека не ја потрошам првата. Подобро една згужвана на крај, отколку уште една згужвана на почеток.
 
проблем е што нема фреквентност на линиите и лесно се создава гужва. летоска иако беше таман со клима многу пати бабишта со внуците ќе се пожалат кај шоферот и овој ќе ја изгаси климата и не се дише, сега пак зимово кога ќе пуштат парно исто како во сауна а на никој не му текнува прозор да се отвори да влезе воздух додека ако отвориш ти одма ќе те нападнат.
Од една страна придобивка од друга страна утка се автобусиве.
 
Што ќе се качуваат горе ќе треба да лазат. Него двокатните и јас ги пропуштам поради гужва и поради тоа што кога ќе пуштат парно 100 степена се препотуваш внатре. Еднаш дури ми се слоши од премногу топло.

често ми влегува контрола горе во двокатни, него и мене ми се слоши пред недела дена горе во двокатните мислев дека за малку ќе се онесвестев да не отворев прозор.
инаку секогаш ја соблекувам јакната кога сум горе во двокатен инаку поплава ќе се направам
--- надополнето: 29 декември 2011 во 14:46 ---
Македонска работа, да не можеш да си го кажеш мислењето без да ти речат дека јадеш гомна безвезе. :tapp:

пс. што ми смета кај новите автобуси:

- тесни се и не можеш да се разминеш
- топло е многу во нив и во лето и во зима (апропо на горе наведеното, оти се тесни многу логично е да е многу топло во нив)
- ниски се, особено вториот кат (до сега се имам удрено три пати и плус кога треба да станам да се спремам да се симнам, морам со наведната глава да стојам неколку минути додека не стигнам на ред да се симнам)
- ходниче до кај шоферот кога треба да купиш карта (катастрофално е тоа направено, одиш до кај него низ едно тесно ходниче кај што обично стои народ, оти е тесно и нема место, па се враќаш назад за да откуцаш)

.

грешка си, летоска горе е кочан, а јас таков по кратки.. се смрзнував во автобусите, тоа климата ја забораваат ко у фрижидер се осеќав.
-тесни се затоа што има повеќе столчиња за седење,
инаку за ниски и во Лондон се исто толку ниски, неможе да се направат повисоки двокатните не смеат да ја надминат границата за дозволена висина на возила.
 
Затоа ќе си фаќате тактички места до прозор. :) Јас секогаш седнувам кај што можам да отворам прозор и ако ми е жешко ептен малце ќе го отворам, така што мене ми дува, а на тие позади не им дува и сите среќни и задоволни. Инаку само еднаш до сега ми се има десено да ми биде ептен топло горе. Обично исклучуваат парното шоферите коа ќе биде пријатно. Најверојатно до шоферите е проблемот. Овие од 57-ца crew се добри. :pos:

Иначе просторно се многу лошо направени али мислам дека за тоа се виновни инжињерите од Кина, а и ,,ретро'' дизајнот. Искрено не гледам потреба од тоаа дупката до шоферот, освен од естетски поглед, друга примена нема. А мене искрено ме заболе за тоа како изгледа автобусот од надвор ако внатре се чуствувам ко риба во конзерва. Можеле многу подобро да ги испланираат.
 
Еј, ај не бричете многу петли, новите автобуси се далеку подобри од старите.Проблемот лежи кај пензионерите што се пикаат и само офкаат. Прават муабети за лекови и за зеленчук и се жалат што дошла зимава.
Е тоа е тоа, а замислете да беа старите автобуси со волку многу пензионери, ее тоа ќе беше калакурница.
Добро е кај двокатните што пензионериве не сакаат да се пентарат горе на спрат и има простор за дишење и тишина.
Кога сум горе не мора да ги гледам патнициве кога се тепаат да влезат и да излезат, на високо сум и си гледам надалеку има поубав видик.
 
Македонска работа.... Да се јаде гомна за се' што треба и што не треба... :tapp:

Македонска работа е да речеш дека македонска работа било да бидеш критички настроен и да размислуваш барем малку со своја глава.
Али шо да ти распраам...
 
Македонска работа, да не можеш да си го кажеш мислењето без да ти речат дека јадеш гомна безвезе. :tapp:

пс. што ми смета кај новите автобуси:

- тесни се и не можеш да се разминеш
- топло е многу во нив и во лето и во зима (апропо на горе наведеното, оти се тесни многу логично е да е многу топло во нив)
- ниски се, особено вториот кат (до сега се имам удрено три пати и плус кога треба да станам да се спремам да се симнам, морам со наведната глава да стојам неколку минути додека не стигнам на ред да се симнам)
- ходниче до кај шоферот кога треба да купиш карта (катастрофално е тоа направено, одиш до кај него низ едно тесно ходниче кај што обично стои народ, оти е тесно и нема место, па се враќаш назад за да откуцаш)

Инаку топ се, ако се качиш од крајна кога нема гужва и си откуцаш карта одма и си фатиш место горе и се возиш до другата крајна кога ќе се испразни ,за да не мора да стоиш неколку минути додека чекаш да се испразнат скалите за да се симнеш.

Тесни се да ама тие се стандардите по кои се правени и тоа е тоа ништо не се криви кинезите што нашите барале такви автобуси и што се ниски и тесни. Поквалитетни се од украинскине дефинитивно, за парното незнам не сум се возел :). А за ходничето јбг научени сме сите да купуваме карти во бус и јас така купувам а дефинитивно не е смислен автобусот за така да функционира затоа е ваљда такво ходничето
 
Кога сме кај шверцање муабет, ви се десило да влезе контрола во двокатниве !? Ја до сеа никад не сум видел.

Ми се десило.
Мада, ужасно ретко.
Ми се исплати да се шверцам до факс, иам забележано.
3 дена да не платам карта за наваму и натаму = 200 денари.
А веруј ми, контрола, прашање е дали ќе ми влезе еднаш во 7-8 дена...
 
Кога сме кај шверцање муабет, ви се десило да влезе контрола во двокатниве !? Ја до сеа никад не сум видел.

Има има. И тоа качи и на втор кат-тоа беше моето прво возење со новите автобуси :)

п.с. Секако дека ке се зголемува бројот на патници, таксито уџум го кренаа :)

п.п.с. Не знам за вас али мене старите поише ми се допаѓаа. Во нив се чувствував како господин:
На лето-Сауна;
На зима-Џакузи
 
Ми се десило.
Мада, ужасно ретко.
Ми се исплати да се шверцам до факс, иам забележано.
3 дена да не платам карта за наваму и натаму = 200 денари.
А веруј ми, контрола, прашање е дали ќе ми влезе еднаш во 7-8 дена...

абе да и ја би така ама резил е од луѓето што те гледаат
 
проблем е што нема фреквентност на линиите и лесно се создава гужва. летоска иако беше таман со клима многу пати бабишта со внуците ќе се пожалат кај шоферот и овој ќе ја изгаси климата и не се дише, сега пак зимово кога ќе пуштат парно исто како во сауна а на никој не му текнува прозор да се отвори да влезе воздух додека ако отвориш ти одма ќе те нападнат.
Од една страна придобивка од друга страна утка се автобусиве.
автобусите се супер, ама тоа со премногу топло криви се возачите зашто многу ретко ја пуштаат вентилацијата. иначе сега на ладново време температурата во автобусите е добра, ретко е како во сауна освен ако нема многу гужва
 
абе да и ја би така ама резил е од луѓето што те гледаат

Не е резил бе пеер :)
- Дечко имаш карта?
- Немам.
- о.О
- Ќе си платам, што е проблем? :)
- Хаха :) *ти пишува тикетче*

Си плаќаш. Без кенкања, без трт без мрт. Чиста работа :)
 
Што ќе се качуваат горе ќе треба да лазат. Него двокатните и јас ги пропуштам поради гужва и поради тоа што кога ќе пуштат парно 100 степена се препотуваш внатре. Еднаш дури ми се слоши од премногу топло.
ќути не се дише
 
Еее да ги видам овие што коментираат за автобусиве поискористени, ова она, да се возат во најголемата гужва како сардини да се стискаат!! Еднаш како се заебав не знам кој ме натера на влезам во дабл декер, абе ќе умрев, буквално не можеш да се свртиш. Па се набутав тамо до шоферот и луѓево пари ми даваа јас карти им купував. Најнепрактично можно решение беа двокатните, кога нема гужва се супер, ама кога има гужва, што е 80% од времето, се жива УТКА! Исто и оние обичните, претесни! Да беа хармоники, тогаш ќе беше топ, вака тапа се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom